Фајзер: Во јуни доаѓа антиковид вакцина за деца од 12 до 15 годишна возраст - Канал 5

Фајзер: Во јуни доаѓа антиковид вакцина за деца од 12 до 15 годишна возраст

Германската лабораторија BioNTech наскоро ќе достави до ЕУ апликација за одобрување на нивната вакцина covid-19 за деца на возраст од 12 до 15 години и очекува дека може да биде одобрена веќе во јуни.

Фајзер: Во јуни доаѓа антиковид вакцина за деца од 12 до 15 годишна возраст

„Во Европа, ние сме во завршна фаза пред да доставиме податоци за клиничко испитување до Европската агенција за лекови (ЕМА) и постапката треба да трае од четири до шест недели“, изјави за германскиот магазин „Шпигел“ ко-основачот и директор на лабораторијата, Угур Сахин.

Вакцината во моментов е одобрена само за оние на возраст од 16 години и повеќе.

На почетокот на април, BioNTech и нејзиниот партнер Pfizer поднеле барање во Соединетите држави за продолжување на итното одобрување на вакцините за тинејџети на возраст од 12 до 15 години.

Барањата за одобрување се засноваат на податоците од клиничкото испитување во третата фаза за возраста објавена кон крајот на март, што „покажа дека вакцината е 100 проценти ефикасна“ во спречување на болеста, соопштија лабораториите.

Вакцината е исто така „добро толерирана и несаканите ефекти се генерално слични на оние забележани“ кај луѓе на возраст од 16 до 25 години, додадоа Pfizer и BioNTech.

За деца на возраст од 5 до 12 години, Сахин продолжува да се потпира на резултатите од клиничкото испитување во јули и останува со планираното одобрување во септември.

„Проверката трае четири до шест недели“, додаде Сахин.

Вчера, Сахин, кој заедно со неговата сопруга ја основал лабораторија во Мајнц, оценил дека колективниот имунитет во Европа е можен „најдоцна во јули, август“ и изразил доверба во ефикасноста на вакцината за т.н. индиска варијанта на коронавирусот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Муцунски за „Политико“: Заслужуваме праведен, предвидлив и кредибилен пат кон членство во ЕУ

„Да, понекогаш сме многу фрустрирани поради недостигот од политички резултати“, истакна Муцунски,.

Муцунски за „Политико“: Заслужуваме праведен, предвидлив и кредибилен пат кон членство во ЕУ

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, во интервју за „Брисел Плејбук“ на „Политико“, еден од највлијателните дневни утрински билтени за европската политика, порача дека државата заслужува праведен, предвидлив и кредибилен пат кон полноправно членство во Европската Унија.

Во текстот на „Политико“ се посочува дека земјата е кандидат за членство од 2005 година и е целосно усогласена со надворешната политика на Унијата, но дека, две децении подоцна, сè уште чека пристапните преговори суштински да започнат.

„Да, понекогаш сме многу фрустрирани поради недостигот од политички резултати“, истакна Муцунски, додавајќи дека земјата станала „студија на случај“ за тоа како билатералните спорови можат да го попречат процесот на проширување на Европската Унија.

Осврнувајќи се на напредокот на другите земји кандидати, „Политико“ наведува дека Црна Гора забрзано се движи кон членство, Албанија ги затворила првите три преговарачки поглавја, а Украина и Молдавија напредуваат во преговорите. Наспроти тоа, земјата нема затворено ниту едно поглавје во повеќе од 20 години.

„Да се каже дека кон нас се постапувало неправедно е преблага формулација“, нагласи Муцунски.

Во текстот се потсетува дека земјата го промени знамето во 1995 година, а името во 2019 година, по што нејзиниот европски пат беше блокиран поради барањето на Бугарија за внесување на Бугарите во Уставот.

Идејата за измена на Уставот стана политички токсична по „премногу“ направени отстапки, рече Муцунски, додавајќи дека Македонците се уморни од постојаното „поместување на целта“ и не веруваат дека Бугарија едноставно нема да побара нешто ново.

„Ова е апсолутна злоупотреба на позицијата на една земја членка на Европската Унија“, порача Муцунски.

Тој ја спореди ситуацијата со односите меѓу Ирска и Обединетото Кралство, оценувајќи дека нивните сложени разлики веројатно не би можеле да бидат надминати без заедничкото членство во Европската Унија.

„Бугарија, веднаш по нас, има најмногу да добие од напредувањето на нашата земја кон полноправно членство“, истакна Муцунски.

Министерот нагласи дека не смета оти би направил нешто корисно за државата доколку го критикува начинот на одлучување во Европската Унија. Истовремено, порача дека земјата го заслужила своето место во Унијата и дека очекува праведен, предвидлив и кредибилен пат напред.

„Нашата земја го нема луксузот да има алтернатива Б или алтернатива В“, заклучи Муцунски.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Јанчев: Објавено најновото издание на Кавадаречки информатор

Првиот човек на Кавадарци, Митко Јанчев на Фејсбук објави дека е објавено Најновото издание на Кавадаречки информатор.

Јанчев: Објавено најновото издание на Кавадаречки информатор

https://kavadarci.gov.mk/sites/default/files/alfa/news/kav-informator/informator-juli-2026-koregiran.pdf

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

МОН: Годинава државната матура со просечна оценка 3,66

Матурантите во учебната 2025-2026 година го завршија полагањето на државната матура во јунскиот испитен рок со 3,66 средна оценка, пресметана по поднесени и разгледани приговори по објавените прелиминарни резултати. 

МОН: Годинава државната матура со просечна оценка 3,66

Просекот е речиси идентичен со ланскиот кога изнесуваше 3,69. Полагањето се одвиваше по нов модел, а предизвиците од изминатите години беа значително намалени.

Министерката за образование и наука проф. д-р Весна Јаневска и директорката на Државниот испитен центар, Даниела Јовчевска Михајловска на денешната прес конференција изразија задоволство од реализацијата на процесот и од објективноста на постигнатите резултати.

„Годинава за прв пат се полагаше по нова Концепција која предвиде три типа на матура – државна, стручна и уметничка, со што, сите ученици се тестираа по материјалот кој реално го изучувале во четирите години на средно образование, што не беше случај во минатото кога сите се тестираа по еден ист материјал. Задоволна сум што две години по ред се одржува речиси идентичен просек, за разлика од 2024 година кога изнесуваше 3,26“, рече Јаневска.

Одделно, информираше министерката, просекот од државната матура е 3,62, од стручната е 3,91 и од уметничката матура е 3,59. Овие податоци ќе бидат компаративни од следната учебна година, кога по втор пат ќе има полагање по новиот модел.

„Ценам дека резултатите се објективни. Училиштата, факултетите каде се организираа дел од тестовите, тестаторите кои беа околу 2500 на број, околу 200 набљудувачи и оценувачите беа добро подготвени. Се разбира, и учениците сериозно го сфатија процесот“, додаде Јаневска.

Одделно по предмети, просечниот успех по мајчин јазик е 3,93, по англиски јазик е 3,31. Просекот по математика е 4,20. Учениците кои полагаа француски јазик остварија просечна оценка од 4,50, по германски јазик 4,70. Руски 4,71, италијански 4.50. По историја просечната оценка е 4,16.

За полагање се пријавија 14.587 ученици. Од нив, 12.184 за државна матура, 2.276 за стручна матура и 127 за уметничка матура. Вкупно 348 ученици не дојдоа на полагање, или процентуално 2,39% од учениците отсуствуваа.

„Немаме препишувачи како до пред 2 години. На 226 ученици им е поништен тестот и тие ќе полагаат повторно во август. Дел се фатени како препишуваат на лице место, а дел е утврдено дека препишувале откако им се прегледани тестовите“, рече Јаневска, изразувајќи благодарност до Државниот испитен центар и сите други учесници во спроведувањето на процесот, кои како што рече, ефикасно ги извршија своите обврски.

Им честиташе и на учениците кои успешно го заокружија средното образование со позитивна оценка на државната матура со што стекнаа услов за понатамошно продолжување на образованието на високообразовна установа, или пак за директно вклучување на пазарот на трудот.

Директорката на Државниот испитен центар, Михајловска рече дека по однос на резултатите биле поднесени 805 приговори, а 133 ученици извршиле увид во тестовите. Августовската испитна сесија ќе се реализира на 12 август кога се полага странски јазик, а на 14 август е полагањето по мајчин јазик.

Полагањето на интерните испити и одбраната на проектните задачи ќе се одвива во периодот од 17 до 24 август.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер