Фајзер: Нашиот лек против Ковид-19 за 89% го намалува ризикот од смрт и хоспитализација - Канал 5

Фајзер: Нашиот лек против Ковид-19 за 89% го намалува ризикот од смрт и хоспитализација

Лекот „Paxlovid" на Фајзер во првите три дена од заразата со Ковид-19 за 89 отсто го намалува ризикот од смрт и хоспитализација.

Фајзер: Нашиот лек против Ковид-19 за 89% го намалува ризикот од смрт и хоспитализација

Истражувањето на лекот на Фајзер против Ковид-19 потврди дека помага во спречување на сериозни болести, соопшти компанијата, пишува Индекс.хр.

Во соопштението на компанијата се наведува дека антивирусниот лек во лабораториски услови бил ефикасен и против сојот омикрон.

-Убедени сме дека, доколку се одобри, овој потенцијален третман може да биде важна алатка во борбата против пандемијата, изјави Алберт Бурла, извршен директор на Фајзер.

Фајзер соопшти дека лекот „Paxlovid", доколку се дава во рок од три дена од почетокот на симптомите, го намалува ризикот од хоспитализација и смрт за 89 проценти. Доколку се даде во рок од пет дена, ризикот се намалува речиси за исто толку, за 88 проценти.

Резултатите, засновани на анализа на 2.246 невакцинирани доброволци со тешки симптоми, во голема мера се совпаѓаат со првичната анализа спроведена од Фајзер и објавена минатиот месец.

Фајзер тврди дека 0,7 отсто од пациентите кои примиле „Paxlovid" биле хоспитализирани во рок од 28 дена од влегувањето во истражувањето, но дека ниту еден не починал. Спротивно на тоа, 6,5 проценти од пациентите кои примале плацебо биле хоспитализирани или умреле.

Фајзер, исто така, ги соопшти и прелиминарните податоци од посебното истражување во кое беа испитани луѓе со помал ризик. Овие волонтери биле вакцинирани лица со некој фактор на ризик за тешка болест, како и невакцинирани пациенти без фактор на ризик.

Меѓу оваа група од 662 волонтери, „Paxlovid" го намалил ризикот од хоспитализација и смрт за 70 отсто, соопшти компанијата.

Во двете испитувања, повеќето учесници во студијата биле заразени со делта варијантата. Но, Фајзер денеска објави дека „Paxlovid", исто така, во лабораториските експерименти покажал добри резултати против сојот омикрон. Лекот влијаел врз еден од клучните протеини во новиот вид исто толку ефикасно како и другите варијанти, соопшти компанијата Фајзер.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Важни избори за членови на Претставничкиот дом на САД за два дена

Во вторник, на 3 ноември, Американците ќе излезат на гласање за конгресните избори, кои ќе го одредат односот на силите во Вашингтон во текот на последните две години од мандатот на претседателот Доналд Трамп. 

Важни избори за членови на Претставничкиот дом на САД за два дена

Повеќе од 200 милиони граѓани имаат право на глас на овие избори, кои доаѓаат по две години одбележани со високи трошоци за живот, војни и обвинувања за корупција.

Гласачите ќе ги изберат сите 435 членови на Претставничкиот дом на САД – кои имаат двогодишен мандат – како и 35 од 100-те американски сенатори, кои се избираат со шестгодишен мандат. Американците, исто така, ќе избираат гувернери во 36 сојузни држави, членови на државните законодавни тела, а ќе одлучуваат и за бројни прашања ставени на гласање.

Изборите во средината на мандатот традиционално се сметаат за референдум за поддршката на претседателот и неговата партија. На овие избори, партијата на претседателот често губи пратенички места, а промената на мнозинството во Конгресот може значително да го ограничи просторот за политичко маневрирање на претседателот.

Според најновиот просек од анкетите на „RealClearPolitics“ (RealClearPolitics), Демократите имаат предност во испитувањата за тоа која партија гласачите би ја поддржале на изборите за Конгресот. Кон крајот на октомври, овој просек изнесуваше 51,5 отсто за Демократите и 43,1 отсто за Републиканците.

На изборите одржани пред две години, гласаа приближно 155 милиони луѓе. На претходните избори во средината на мандатот, на гласање излегоа околу 122 милиони од вкупно повеќе од 240 милиони регистрирани гласачи. Излезноста на ваквите избори е традиционално помала отколку на претседателските избори.

Интересот за овогодинешните избори е очигледен и преку предвременото гласање. До завршната фаза од кампањата, десетици милиони Американци веќе го искористија своето право на глас, при што бројот на предвремени гласови се приближува до 50 милиони, според податоците објавени од „Асошиејтед прес“.

Претседателот Трамп, исто така, веќе гласаше. Во текот на целата кампања, тој ги повикуваше гласачите од Републиканската партија да се однесуваат како тој самиот да е на гласачкото ливче.

Сепак, претседателот не се кандидира на овие избори.

Демократите моментално имаат 214 места во Претставничкиот дом, додека републиканците го држат мнозинството. За да се обезбеди контрола врз овој дом, кој брои 435 пратенички места, потребни се најмалку 218 места.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

„На кавга со Иван“ - Петар Богојески

Утре, во оригиналното шоу „На кавга со Иван“ ќе гостува Петар Богојески

„На кавга со Иван“ - Петар Богојески

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Претежно облачно со повремени врнежи од дожд, локално пообилни

Според УХМР времето денес ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд, локално пообилни (над 25 l/m²).

Претежно облачно со повремени врнежи од дожд, локално пообилни

Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 11, а максималната ќе достигне од 11 до 15 степени.

Во Скопје, претежно облачно со повремен дожд, особено попладне и во текот на ноќта. Ќе дува слаб ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 9, а максималната ќе достигне до 14 степени.

ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ

Под влијание на циклонска активност од денес до вторник времето ќе биде претежно облачно и постудено со повремени врнежи од дожд со променлив интензитет. Пообилни врнежи ќе има во недела и во вторник. На повеќе места се очекува да наврне поголема количина на дожд (над 25 l/m² за 24 часа), а во текот на прогнозираниот период локално и над 60 l/m². Од среда и во деновите потоа ќе се задржи стабилно време.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер