Фајнанс тинк за ребалансот на Буџетот: Проектираниот раст на даночните приходи амбициозен - Канал 5

Фајнанс тинк за ребалансот на Буџетот: Проектираниот раст на даночните приходи амбициозен

Со зајакнувањето на експанзивноста на фискалната политика, преку ребалансот на Буџетот, упорноста на инфлацијата ќе остане и во следниот период,  укажува Институтот за економски истражувања и политики Фајнанс тинк. 

Фајнанс тинк за ребалансот на Буџетот: Проектираниот раст на даночните приходи амбициозен

Предвидува дека извесната материјализација на ризикот од неостварување на даночните приходи со крајот на годината ќе се компензира со потреализацијата на капиталните трошоци, со што годината ќе заврши со проектираниот – или понизок – буџетски дефицит.

Фајнанс тинк во денеска објавениот коменатр за ребалансот на Буџетот го реафирмира ставот дека проектираниот раст на даночните приходи од 12,6 проценти, односно повеќе од двојно повисоко од збирот на проектираната реална стапка на раст на БДП и (ревидираната) стапката на инфлација, е амбициозен. Во таа насока, посочува, говори и реализацијата на даночните приходи во првите пет месеци од годинава која изнесува 37,6 проценти (споредено со пропорционален процент на остварување од 41,7 проценти), слично со остварувањето кај приходите од ДДВ (36,9 проценти), акцизите (34,4 проценти) и увозните давачки (36,6 проценти), а кои, потенцира Институтот, претставуваат директен одраз на пулсот на економијата.

Според Фајнанс тинк, сепак, вредно за обележување е дека неданочните приходи се зголемуваат во износ од 4,2 милијарди денари, кои во значаен дел се остварени од финансискиот резултат на Народната банка, обезбеден преку законски измени порано во текот на годинава со кои се овозможи 85 проценти од финансискиот резултат на Народната банка да се уплаќа во Буџетот на државата. Со ваквото зголемување на буџетските приходи се овозможи зголемување на буџетските расходи, и тоа најмногу кај платите на јавната администрација (830 милиони денари), стоките и услугите (1,8 милијарди денари) и пензиите (2,5 милијарди денари).

Со ова реструктуирање на буџетските расходи Институтот смета дека неповолно се влијае врз солидно-отпочнатиот процес на фискална консолидација.

- Прво, зголемувањето на буџетските трошења кои влијаат врз агрегатната потрошувачка има ризичен потенцијал да ја одржи упорноста во растот на цените во текот на целата 2025 и почетокот на 2026 година. Особено загрижувачки е што растот на трошоците за пензиите се искачи на 16,8 процети во однос на трошокот во 2024 година, имајќи предвид дека и растот од 14,8 проценти при првото проектирање на Буџетот беше висок, велат од Фајнанс тинк.

Потсетуваат дека уште во претходниот коментар за Предлог-Буџетот за 2025 година укажале: „Овие две ставки [платите и пензиите, н.з.] се особено значајни бидејќи ја ослабуваат фискалната консолидација и остануваат да бидат одраз на експанзивниот карактер на фискалната политика, и оттука основен извор на инфлациски ризик во 2025 година.“

- Овие укажувања и се материјализираа, бидејќи инфлацијата во првите пет месеци од 2025. година изнесува 3,7 проценти и останува високо упорна, и покрај рестриктивната монетарна политика и владините мерки за замрзнување на маржите и цените во сегментот храна. Со зајакнувањето на експанзивноста на фискалната политика, преку ребалансот на Буџетот, упорноста на инфлацијата ќе остане и во следниот период, велат од Институтот.

Како втор аргумент наведуваат дека зголемување на ставката „стоки и услуги“, пак, расте со 22,5 проценти во однос на остварувањето од 2024 година, што е големо забрзување на растот кој беше висок и при иницијалното проектирање (14,8 проценти). Имајќи предвид дека оваа ставка е недоволно транспарентна и вклучува, на пример, договори на дело како форма на квази-вработување во јавната администрација, истата крие ризици особено во година на локални избори, велат од Фајнанс тинк.

Со ребалансот, капиталните расходи се задржуваат на слично ниво како и при иницијалната проекција од декември 2024 година, но, посчува Институтот, заклучно со мај 2025 тие се реализирани само со 22,5 проценти. Според тоа, Finance Think предвидува дека извесната материјализација на ризикот од неостварување на даночните приходи со крајот на годината ќе се компензира со потреализацијата на капиталните трошоци, со што годината ќе заврши со проектираниот – или понизок – буџетски дефицит, се наведува во коментарот за Предлогот за изменување и дополнување на Буџетот за 2025 година.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Ѓуро ѝ го честита 30-тиот роденден на својата ќерка со емотивна објава: „Ти благодариме што си наша“

Актерот Бранко Ѓуриќ Ѓуро ѝ го честиташе 30-тиот роденден на својата ќерка Зала преку емотивна објава на Инстаграм, споделувајќи серија фотографии на кои се заедно.

Ѓуро ѝ го честита 30-тиот роденден на својата ќерка со емотивна објава: „Ти благодариме што си наша“

На фотографиите е прикажана Зала, од раното детство па сè до денес, придружени со трогателна порака од Ѓуро.

„Среќен роденден, моја мала принцезо! Остани среќна и здрава. Ти благодарам за сите убави, луди, среќни и незаборавни моменти на твоето патување од 0 до 30 години. Ти благодарам што си наша“, напиша тој.

Зала тргна по стапките на своите родители и работи како актерка. Таа се појави во филмовите „Šesti autobus“ и „Deda ide na jug“, а глумеше и заедно со својот татко во претставата „We Will, We Will Rakija“.

Претставата беше поставена според нејзиното сценарио, додека Ѓуро ја режираше. Претходно оваа година, Зала објави дека станала мајка, иако не откри детали за приновата.

Ѓуро има и ќерка, Ела, со сопругата Тања, како и син, Филип, од првиот брак.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

„Тамагочи“ за 21-от век: Закерберг го претстави новиот уред

Извршниот директор на „Meta“, Марк Закерберг, неодамна го претстави „Meta Charm“ – мал рачен уред дизајниран да ја интегрира вештачката интелигенција во секојдневниот живот.

„Тамагочи“ за 21-от век: Закерберг го претстави новиот уред

Според пишувањата на „Der Spiegel“, уредот е со големина приближно колку „Тамагочи“ и поседува мал екран на допир, микрофон, две камери и можност за поврзување преку 5G мрежа. За разлика од мобилниот телефон, „Meta Charm“ нема да поддржува гласовни или видеоповици; наместо тоа, тој е првенствено наменет да овозможи пристап до софтверот за вештачка интелигенција на „Meta“.

Закерберг не ја објави цената на уредот ниту земјите во кои тој ќе биде достапен, но наведе дека се очекува да се најде во продажба до Божиќ. Уредот работи со помош на „Meta AI“ – асистентот со вештачка интелигенција на компанијата, кој беше пуштен во употреба во САД пред неколку недели.

„Meta AI“ е наменет да им помогне на корисниците во извршувањето на секојдневните задачи, како што се пазарењето и банкарските услуги. Со воведувањето на „Meta Charm“, „Meta“ има за цел да ја намали зависноста на корисниците од паметните телефони и од оперативните системи на „Apple“ и „Google“.

„OpenAI“, компанијата што стои зад „ChatGPT“, развива сличен уред со помош на поранешниот главен дизајнер на „Apple“, Џони Ајв.

Аналитичарот од индустријата, Ави Грингарт, истакна дека „Meta“ успеала да го „протне“ својот производ пред конкурентите како „OpenAI“, напоменувајќи дека иако е малку веројатно паметниот телефон наскоро да биде целосно заменет, новите уреди би можеле да го надополнат.

Во исто време, тој предупреди дека „Meta“ се соочува со предизвик во однос на довербата на корисниците кога станува збор за заштитата на приватноста.

Извор: Б92

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Напад пред прагот на НАТО: Руско беспилотно летало удри близу границата, се огласија сирените

Руско борбено беспилотно летало погоди област во близина на граничниот премин Јагодин-Дорохуск – на украинската страна од границата со Полска – што предизвика реакција од полската војска.

Напад пред прагот на НАТО: Руско беспилотно летало удри близу границата, се огласија сирените

Според полските власти, леталото погодило цел на оддалеченост од приближно два километри од граничниот премин. Како одговор на нападот, Полска подигна воени авиони и ги стави своите сили во состојба на готовност.

Потполковникот Јацек Горишевски, портпарол на Оперативната команда на полските вооружени сили, потврди дека руско беспилотно летало се урнало во близина на Јагодин. „Беспилотен систем на Руската Федерација повторно се урна недалеку од преминот Дорохуск – уште еднаш во близина на Јагодин“, изјави Горишевски за ТВН24.

Државната гранична служба на Украина соопшти дека леталото погодило област на неколку стотици метри од границата, додека самиот граничен премин Јагодин останал неоштетен.

Истовремено, полската војска подигна авиони како одговор на руските напади врз западна Украина. Според достапните информации, нема потврда дека некое руско летало го нарушило полскиот воздушен простор.

Поради безбедносната ситуација, работата на два гранични премини – Дорохуск и Зосин – беше привремено прекината, а областа беше ставена под засилен надзор. Состојбата на готовност беше укината откако се утврди дека не постои непосредна закана за полската територија.

Посебно внимание привлекоа извештаите дека било употребено беспилотно летало на млазен погон од типот „Геран-5“. Полските воени претставници изјавија дека достапните информации укажуваат токму на тој тип на летало.

Овој граничен коридор и претходно бил цел на руски напади. Претходно овој месец, беспилотно летало погоди бензинска пумпа во Јагодин, на околу 800 метри од полскиот граничен премин, додека во друг инцидент беше погодена локомотива во близина на границата.

Овој најнов инцидент дополнително го сврте вниманието кон областа што се наоѓа веднаш до една од најважните копнени врски меѓу Украина и Полска.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер