МакедонијаФајнанс тинк: Продлабочувањето на економската соработка со О. Кралство има суштинско значењеПродлабочувањето на економската соработка со Обединетото Кралство има суштинско значење за економскиот развојПродлабочувањето на економската соработка со Обединетото Кралство има суштинско значење за економскиот развој и интеграцијата на нашата земја во пошироките глобални економски текови, оценува Институтот за економски истражувања и политики Фајнанс тинк во денеска објавениот став за заемот од Обединетото Кралство. Фајнанс тинк воедно укажува дека ако британскиот заем е дополнување, наместо замена, на финансирање на буџетските дефицити од други извори како еврообврзници, тогаш нашиот каматен долг ќе продолжи да расте. Порачува дека и да се гледа само низ призма на поволните услови, британскиот заем не смее да ги намали напорите за фискална консолидација и преку приходната и преку расходната страна на буџетот. Од технички аспект, укажува дека реализацијата на стратешкото партнерство ќе се судри со нашиот капацитет за реализација на капиталните проекти. Фајнанс тинк потсетува дека историјата на билатерални односи со Обединетото Кралство веќе вклучува значителни елементи, како што се странските директни инвестиции од британски компании, кои придонесоа за отворање на нови работни места, трансфер на знаење и технологија, како и за подобрување на деловната клима во неколку сектори, вклучувајќи ги производството, енергетиката и услугите. Дополнително, трговската размена помеѓу двете земји покажува позитивен тренд, со зголемен извоз на домашни производи и услуги на британскиот пазар, а во рамки на склучениот Договор за слободна трговија по Брегзит. Оваа економска интеракција, според Фајнанс тинк, создава стабилна и продуктивна основа за понатамошно стратешко партнерство, - Алоцирањето јавни средства за стратешки инфраструктурни и капитални проекти претставува клучен двигател на одржлив и долгорочен економски раст. Ваквите инвестиции имаат мултипликативен ефект врз економијата – од една страна, тие го поттикнуваат растот на бруто-домашниот производ преку директно ангажирање на градежниот и сродните сектори, а од друга страна, поставуваат основа за зголемена продуктивност и конкурентност на долг рок. Инвестициите во железничката мрежа, на пример, не се само логистички подобрувања, туку и стратешки чекори за зголемување на регионалната поврзаност, ефикасноста на транспортот на стоки и луѓе, и интеграцијата со трансевропските транспортни коридори. Вложувањата во здравствени капацитети претставуваат суштински одговор на долгогодишните слабости во здравствениот систем, особено во делот на еднаков пристап до квалитетна здравствена заштита надвор од главниот град. Сепак, од фискална гледна точка, ваквото отворено позајмување мора да се гледа во контекст на неколку клучни фискални ризици.Секое задолжување ќе влијае врз зголемување на јавниот долг, барем на краток до среден рок. Нема економска логика да се аргументира дека јавниот долг не би пораснал. Доколку проектите кои се предвидени да се финансираат се веќе проектирани во Фискалната стратегија, тогаш во најдобро сценарио, јавниот долг не би пораснал повеќе од неговата проекција во Фискалната стратегија, но тоа не неопходно значи дека тој би се намалувал, велат од Фајнанс тинк. Сепак, наведува Институт, според постојните плански документи, не сите инвестиции кои се најавуваат преку ова партнерство се веќе вклучени во планираните буџетски расходи. Така, на пример, единствено мапиран проект е Клиничкиот центар во Штип (Фискална стратегија, стр.42), додека најголемата инвестиција – новата железничка пруга долж Коридорот X – не е буџетски планиран проект (Фискална стратегија, стр.31). Ако овие проекти не се вклучени во постојните среднорочни буџетски проекции, нивната реализација ќе доведе до поголем дефицит од планираниот, а со тоа и до повисок јавен долг. Под претпоставка дека половина од просечниот годишен износ на британскиот заем би претставувал буџетски дефицит над проектираното ниво во Фискалната стратегија, јавниот долг во 2029 година би изнесувал 65.9 проценти од БДП, наспроти моментално проектираните 62.2 проценти, Од друга страна, велат од Фајнанс тинк, поволност произлегува од условите за финансирање. Доколку станува збор за проектно финансирање со релативно ниски каматни стапки и грејс периоди, тоа би било поповолно во однос на алтернативните извори на финансирање на буџетските дефицити, како еврообврзниците. Во сценарио на фискална консолидација и сведување на буџетскиот дефицит до 3 проценти во следните 3-4 години, обемот на каматните плаќања би се намалил. Забележително е како тие во последните години драматично пораснаа, од 1.2 проценти од БДП во 2018 на 1.9 процети во 2024. Сепак, ова нема да биде релевантно доколку британскиот заем се додаде на веќе-предвиденото буџетско финансирање преку повисока потреба од задолжување, со што кусокот повторно би се обезбедил од друг извор. - Оттука, додавањето на финансирањето со британскиот заем на веќе-проектираниот среднорочен буџетски дефицит претставува сериозен извор на фискален ризик. Од друга страна, доколку тој претставува финансирање во рамки на планираниот дефицит за следните три години, според предвидената фискална консолидација со Фискалната стратегија, ќе влијае особено поволно на јавните финансии и ќе даде значајна поддршка на фискалната консолидација. Ќе овозможи и постепено адресирање на суштинскиот проблем на структурниот буџетски дефицит во Северна Македонија, што беше идентификуван во нашата неодамнешна Студија за политиките 53: Фискална дисциплина и ефикасност на фискалните правила во Северна Македонија: патот кон одржливост. Сепак, адресирањето на структурниот буџетски дефицит бара консолидација и прудентност и на приходната и на расходната страна, преку борба со сивата економија, рационализација на непродуктивните расходи и раст на платите и пензиите според растот на продуктивноста, а не според изборните ветувања. И да се гледа само низ призма на поволните услови, посочува Институтот, британскиот заем не смее да ги намали напорите за фискална консолидација и преку приходната и преку расходната страна на буџетот. - Од технички аспект, важно е да се напомене дека реализацијата на стратешкото партнерство ќе се судри со нашиот капацитет за реализација на капиталните проекти. Досегашното искуство покажува дека ова е особена слабост на македонскиот систем – реализацијата на капиталните расходи секоја година е под проектираното ниво. Вклучувањето британска експертиза во планирањето и имплементацијата може да ги олесни домашните административни и технички тесни грла, што би значело повисок степен на реализација на проектите. Во таа смисла, за партнерството да даде брзи опипливи резултати, клучно е договорот да предвиди посебни механизми за адресирање на домашните административни тесни грла – на пример, преку заеднички координативни тела, поддршка за техничка експертиза или учество во директна имплементација на проекти. Но, помало вклучување домашни подизведувачи може да ги намали краткорочните ефекти од овие средства врз БДП, стои во ставот од Фајнанс тинк. Тагови: Велика Британија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ТехнологијаКолекционерско издание на „GTA 6“: За 400 долари добивате сè освен самата играАко се суди според огромната возбуда околу „Grand Theft Auto VI“, брзо се приближуваме кон еден од најголемите настани во светот на видеоигрите во последните неколку години.Новата „GTA“ ветува враќање на сè што ги направи автомобилите клучен дел од серијалот – од брзи потери и трки до уште подетални опции за прилагодување на возилата. Сето ова доаѓа со препознатливата мешавина од криминал, хаос и судири со законот, по кои станаа познати „Rockstar Games“. Сепак, иако очекувањата се огромни, најновата одлука на „Rockstar“ може да разочара дел од фановите. Компанијата претстави колекционерско издание насловено „The Goodtime State - Vice City Collection“, со висока цена од 399,99 долари. Проблемот е што во пакетот недостасува најважниот елемент: самата игра. Што добивате? „Rockstar“ ја претставува колекцијата како луксузен пакет со предмети за колекционери, инспириран од светот на „Vice City“. Таа содржи разновидни предмети, вклучувајќи очила за сонце „Oakley“, налепници, значки и мапа на Леонида – измислениот регион во кој се одвива дејството на „GTA VI“. Купувачите добиваат и бејзбол капа, фигура на маскотата на „Vice City“, чашка за жесток пијалак, торба за носење преку тело, приврзок за клучеви, стапче за мешање коктели и магнетно огледало. Иако колекцијата е очигледно наменета за сериозни колекционери, во кутијата нема да го најдете најважниот предмет: „GTA VI“. За самата игра, ќе треба да издвоите дополнителни 79,99 долари за стандардното издание или 99 долари за „Ultimate“ верзијата. Тоа значи дека купувачот што го сака целиот пакет ќе мора да плати речиси 480 или 500 долари, во зависност од изданието на играта. „GTA VI“ без физички диск Колекционерскиот сет пристигнува во време кога „Rockstar“ веќе предизвика реакции со одлуката „GTA VI“ да биде првиот голем AAA наслов на компанијата без традиционално издание на физички диск. Играта ќе биде достапна дигитално преку продавниците на „PlayStation“ и „Xbox“, додека физичките примероци во продавниците ќе содржат само код за преземање. Оваа одлука предизвика негативни реакции во дел од гејмерската заедница. Извршниот директор на „Take-Two Interactive“, Штраус Зелник, го бранеше овој пристап, тврдејќи дека физичките дискови веќе немаат голема смисла за потрошувачите. Ситуацијата е особено интересна за колекционерите. Тие сега можат да потрошат речиси 400 долари за кутија полна со предмети поврзани со играта, а сепак да не ја добијат самата игра во таа кутија. „Rockstar“ има направено нешто слично и претходно Сепак, ова не е првпат „Rockstar“ да продава колекционерска кутија без самата игра. Компанијата направи сличен потег во 2018 година со „Red Dead Redemption 2“, изданието „Collector's Box“ објавено тогаш, исто така, не содржеше примерок од играта. Разликата, сепак, беше во цената. Таа колекционерска кутија чинеше 99 долари – помалку од една четвртина од цената на новата „Vice City Collection“. Денес, оригиналните колекционерски кутии за „Red Dead Redemption 2“ можат да се најдат на „eBay“ по цени што надминуваат 700 долари, што покажува дека вредноста на ваквите производи може да порасне кај колекционерите со текот на времето. Сепак, останува фактот дека фановите на „GTA VI“, кои ги сакаат и колекционерските предмети и самата игра, ќе мора да ги купат одделно. Со цена од речиси 400 долари само за колекционерските предмети, „Rockstar“ очигледно цели кон најпосветените фанови на серијалот и кон колекционерите кои се подготвени да платат висока цена за предмети поврзани со еден од најочекуваните наслови во историјата на видеоигрите. Извор: Б92Тагови: GTA 6 Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Живот„Многу те сакам“: Лука Модриќ им ги разнежни срцата на фановите со нова објаваЛука Модриќ преку социјалните мрежи ѝ го честиташе деветтиот роденден на својата најмлада ќерка, Софија.По тој повод, хрватскиот фудбалер сподели неколку фотографии на кои се заедно, придружени со кратка и емотивна порака. На една од фотографиите, таткото и ќерката се насмеани додека позираат заедно, додека другите прикажуваат опуштени моменти од семејниот живот. На пример, на една фотографија се гледа како Софија седи на рамениците на татко ѝ, а на друга Модриќ ѝ помага да си ја исуши косата. „Среќен роденден на мојата прекрасна и многу посебна мала принцеза! Многу те сакам!“, напиша Модриќ. Најмладото од трите деца Софија е најмладото дете на Лука и неговата сопруга, Вања Модриќ. Покрај неа, тие имаат син, Иван, и ќерка, Ема. Лука и Вања стапија во брак во 2010 година, а една година подоцна ја прославија и црковната венчавка во Загреб. Модриќ честопати преку социјалните мрежи ги одбележува важните моменти од животот на своите деца, особено нивните родендени. Неговото семејство често го придружува на фудбалски настани. Сопругата и децата честопати го бодреле од трибините за време на клучни натпревари и му се придружувале во прославите по големите победи. Извор: Индекс.хрТагови: Лука Модриќ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветНов потег на Путин: Русите вежбаат со Кинезите, пристигна нуклеарно предупредувањеРускиот претседател Владимир Путин вчера присуствуваше на воена вежба на планините Урал, во која учествуваа војници од Кина и од неколку други земји.Путин го посети воениот полигон во регионот Чељабинск за да ја следи завршната фаза од вежбата „Центар-2026“. Вежбата се одржа во склоп на вежбата „Интеракција-2026“, спроведена од членките на Организацијата на Договорот за колективна безбедност – безбедносен сојуз предводен од Москва, составен од неколку поранешни советски републики. Путин изјави дека 47.000 војници учествуваат во вежбата „Центар-2026“, вежбајќи одбивање напади на 11 полигони и во Каспиското Море. Вежбата започна во понеделникот, а завршува денес. Путин предупреди дека нема да се двоуми да употреби нуклеарно оружје за одбрана на Калининград. „Околу 6.000 војници од Русија и од други земји учествуваа во завршната фаза на полигонот Чебаркул“, рече Путин. Тој додаде дека делегации од 55 земји учествувале како набљудувачи. Според извештаите на руските медиуми, во вежбата учествуваат воени единици од Белорусија, Киргистан и Таџикистан, заедно со војници од Кина, Монголија и Пакистан. За време на посетата, Путин изврши увид во различни видови вооружување, вклучително и новите беспилотни летала „Геран“ на млазен погон, кои руската војска ги користи во нападите врз Украина. Посетата на Путин уследи еден ден откако Русија го предупреди НАТО дека нема да се двоуми да употреби нуклеарно оружје за одбрана на Калининград, доколку некоја членка на воениот сојуз се обиде да ја отсече таа руска ексклава на западот на земјата од остатокот на Русија. Извор: Б92Тагови: Владимир Путин Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиДијалог со Софија па патоказ за ЕУ- дали Скопје и Софија ќе најдат решение за деблокада на европскиот пат?15:05Мицкоски: Капиталните проекти ќе го подобрат животот на скопјани12:41Посебен режим на сообраќај во Скопје поради фудбалски натпревар на арената „Тодор Проески“09:30Лајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела18:00Лајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела15:16
Дијалог со Софија па патоказ за ЕУ- дали Скопје и Софија ќе најдат решение за деблокада на европскиот пат?15:05
Лајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела18:00
Лајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела15:16