Фабрика во Загорје во пламен: „Работам тука седум години, без зборови сум“ (ВИДЕО) - Канал 5

Фабрика во Загорје во пламен: „Работам тука седум години, без зборови сум“ (ВИДЕО)

Во 16:22 часот, Центарот за противпожарни операции добил пријава за пожар во производствениот погон на компанијата во Пустодол Зачретски, населба во рамките на општина Свети Криж Зачретје, објави Полициската управа Крапина-Загорје.

Фабрика во Загорје во пламен: „Работам тука седум години, без зборови сум“ (ВИДЕО)

Порталот „Загорје Интернешнл“ објавува дека фабриката за дизајнерски мебел „Просторија“ е во пламен. Пожарот се гаси. Очевидци рекоа дека пожарот започнал од мала настрешница со многу отпад од сунѓери.

Пристигна и брза помош

„Штом ги слушнавме сирените за пожар, видовме огромен црн облак од чад и пламен над покривот на фабриката, сè до Цигленица Загорска“, изјавил очевидец за „Загорје Интернешнл“.

„Работам тука седум години, без зборови сум. Настрешницата е таму горе... Не можам“, рекол еден од работниците низ солзи. На местото на настанот пристигна и брза помош, наводно од превентивни причини.

„Не е добро. Главната зграда е практично готова, пожарникарите се обидуваат, но ситуацијата е многу лоша. Катастрофа“, рече Марко Кос, градоначалник на Свети Криж Зачретје. Тој истакна дека гасниот систем е затворен од претпазливост бидејќи фабриката има сушара на гас.

„Голем објект во сопственост на компанијата Просторија е во пламен, вклучувајќи ги и душеците. Пожарот е голем, сè уште не е под контрола. На местото на настанот има околу 50 пожарникари, но собираме повеќе сили. Има и 15 противпожарни возила“, изјави за Загорје Интернешнл командантот на Јавната противпожарна служба, Дражен Синковиќ.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Д-р Дохчев: Органодарителството е најголема вредност за човештвото

Д-р Дохчев со поддршка на кампањата, потенцирајќи ја успешната приказна во процесот на трансплантација на бубрези која датира уште од далечната 1977 година.

Д-р Дохчев: Органодарителството е најголема вредност за човештвото

„Органодарителството претставува највисок чин на човекољубие, нема поголема вредност за човештвото воопшто. На Клиниката за урологија ние имаме историски успешна приказна во процесот на трансплантација на бубрези. Приказната датира уште од далечната 1977 година, кога е направена првата трансплантација. Досега имаме направено 530 трансплантации, од кои 99 се од кадавер, односно починат пациент. Иако ова се импозантни бројки за Македонија, сепак се недоволни да ги задоволиме потребите на нашие пациенти за органи. Кај линвиг-донор трансплантацијата мотивацијата кај донорите е многу поголема затоа што донираат орган за својот најблизок член на фамилијата. Меѓутоа кога се работи за кадаверична трансплантација, тука имаме недоволен број на регрутирани донори, што зависи од нас самите граѓани. Ние сме потенцијални дарители на органи после нашата смрт. Затоа апелирам до сите граѓани на нашата држава да се подигне свеста за органодарителството, затоа што голем број на пациенти чекаат за добивање на орган за трансплантација. Од еден починат донор може да се спасат четири нови животи, ако се направи успешна трансплантација. Тоа се два пациенти што ќе добијат бубрези, да се спасат и да живеат нормален и убав живот. Еден пациент со црн дроб и еден пациент со трансплантирано срце. Затоа е многу важно да ја подигнеме свеста, да знаеме дека од секој починат човек, нормално, според утврдени критериуми, од националиот координатор биде потенцијален донор и да сите ние ги даруваме нашите органи после нашата смрт. Со тоа ќе спасиме многу животи за да може да профункционираат во иднина“, вели д-р Дохчев, хирург од Универзитетската клиника за урологија.

Д-р Дохчев со поддршка на кампањата, потенцирајќи ја успешната приказна во процесот на трансплантација на бубрези која датира уште од далечната 1977 година.

Министерството за здравство, заедно со сите чинители продолжува со оваа кампања, што се реализира под мотото „Органодарителството ѝ дава највисока смисла на човечноста!

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Лишен од слобода разбојник од битолско, следува соодветна пријава

На 09.06.2026 во 12:50 часот во с.Логоварди, битолоско, полициски службеници од Полициското одделение Новаци го лишиле од слобода В.Ј.(29) од с.Новаци.

Лишен од слобода разбојник од битолско, следува соодветна пријава

Тој се сомничи дека на 08.06.2026 отишол во куќата на И.Т.(51) во с.Новаци физички го нападнал, му се заканувал и му одзел личен предмет, по што заминал. По преземени мерки, тој е пронајден и приведен и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Сиљановска Давкова по средбата со Јотова: Не се во прашање само уставните измени, туку има и други барања

Од средбата со бугарската колешка Илијана Јотова ни стана јасно дека не се само уставните измени туку и други барања поврзани со протоколите – порача претседателката Гордана Сиљановска Давкова.

Сиљановска Давкова по средбата со Јотова: Не се во прашање само уставните измени, туку има и други барања

Според неа, јасно е дека двете земји имаат различни интерпретации за преговарачката рамка и протоколите, но оцени дека важно е што воопшто има дијалог меѓу двете страни.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер