Фабијански се врати во Вест Хем - Канал 5

Фабијански се врати во Вест Хем

Полскиот фудбалски голман Лукаш Фабијански е нов играч на Вест Хем, објави денеска англискиот клуб.

Фабијански се врати во Вест Хем

Фабијански (40) потпиша договор со Вест Хем до крајот на сезоната и се враќа во лондонскиот клуб во кој настапуваше од 2018 година до 30 јуни оваа година, кога го напушти клубот по истекот на неговиот договор, а се врати по трансферот на Вес Фодерингем во Арис од Лимасол.

„Навистина сум среќен што се вратив затоа што овој клуб очигледно многу ми значи. Отсекогаш сум бил, и сигурно ќе бидам, играч кој секогаш го става тимот над своите лични цели. Мислам дека тогаш луѓето би можеле да ме видат како добра личност во општеството, добра личност која треба да биде во тимот поради она што го носам и затоа не е само прашање на мене, туку на тимот“, рече Фабијански за клупскиот сајт на Вест Хем. /МИА

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Се „шири“ мапата на новоинфицирани со западен нил – прв случај потврден во Арачиново

Вирусот „западен нил“ се шири низ скопски општини каде што досега немаше ниту еден потврден случај, како што е Арачиново.

Се „шири“ мапата на новоинфицирани со западен нил – прв случај потврден во Арачиново

Вирусот „западен нил“ се шири низ скопски општини каде што досега немаше ниту еден потврден случај, како што е Арачиново, па поради последната лабораториска потврда со која се детектирала западно нилска треска кај жена на 61 годишна возраст, и таму Центарот за јавно здраје синоќа прскаше против комарци. Епидемиологот д-р Љуљзиме Бајрами вели дека денес нема ново потврдени случаи, а со последните кои се детектирани во скопските општини Арачиново, Бутел, Кисела вода и Драчево, бројката се искачи на 34.

-Има случај во Арачиново, прв, жена која на возраст од 61 година. Во Арачиново е направено комплетно вчера адултицидна дезинсекција. На 11 и 12 е направена ларвицидна превентивна дезинсекција која се спроведува во местата каде што има позитивнислучаи на западно-нилска треска,- - Љуљзиме Бајрами – Епидемиолог во ЦЈЗ.

Најголем број од пациентите со тешка форма на болеста се од Драчево, е епидемија е прогласена и во Бутел, Кисела Вода, Аеродром, Илинден и Гази Баба.

Од локалната власт велат дека се преземаат сите чекори за заштита на населението, особено во општините каде што веќе алармот е вклучен поради поголем број на случаи.

Според последните официјални податоци од Инфективната клиника, од дваесетина граѓани што се хоспитализирани, седуммина се борат за живот, односно се приклучени на апарати за дишење. Досега, вирусот „западен нил“ зеде два човечки живота.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мицкоски инсистира извештајот за водата во Гостивар да биде објавен - како влада постапивме експресно во случајот

Водата во Гостивар втор ден е безбедна за пиење, но власта и опозицијата продолжуваат меѓусебно да се обвинуваат кој е одговорен за нејзиното загадување. 

Мицкоски инсистира извештајот за водата во Гостивар да биде објавен - како влада постапивме експресно во случајот

За премиерот Мицкоски критиките од СДСМ до власта за состојбата со водата во Гостивар, се неосновани и политичка стратегија на опозицијата. Истрагата на МВР и Обвинителството за водата во Гостивар вели се уште трае, и не се исклучува можноста таа да биде проширена, а Владата според него направила со робусна акција го прочистила системот и повторно го вратила во надлежност на Општина Гостивар. Коментирајќи ги прозивките од СДСМ, зошто властите се уште немаат официјално објавен документ со кој се потврдува дека водата во Гостивар е здрава за пиење, Мицкоски е категоричен.

-И јас инсистирам да се објави извештајот. Зачуден сум зошто првоповиканиот во случајот, а тоа е градоначалникот на Општина Гостивар, никако не можете да го сретнете во соопштенијата на СДСМ. Мислам дека истрагата може да придонесе да имаме и други кои исто така би биле вплеткани во овој случај, односно за коишто Обвинителството и МВР во текот на истрагата ќе констатираат дека имаат некаков удел, учество во сето ова. Но исто така сум зачуден зошто истите тие социјалдемократи по допрен глас во минатото има и други извештаи за неквалитетна вода во Гостивар, но и во други општини низ Македонија, како Прилеп, Крушево итн. Кога некои други биле министри, кога некои други биле директори, не поднесат против нив. Зошто против нив не поднесат?, изјави Мицкоски.

Од СДСМ, пак, и денеска прашуваат зошто надлежните одбиваат јавно да покажат анализа или извештај- кој гарантира дека водата во Гостивар е безбедна. Која институција направила анализа на водата и какви се резултатите, додаваат меѓудругото од опозициската партија.

-Мицкоски се врати од екскурзијата ама повторно не отиде во Гостивар, не отиде кај граѓаните кои повеќе од еден месец пиеја загадена вода. Од Скопје прати експертско уверување дека водата во Гостивар е безбедна и дека водоводниот систем го исчистиле „како никогаш досега“. После Тошковски и Ангелов, сега и Мицкоски е експерт за чистење на водоводни системи. Но владата одбива да покаже анализа или официјален резултат за водата во Гостивар. Зошто се уште нема официјално објавен документ со кој се потврдува дека водата е чиста и здрава за пиење?, изјави Штерјова од СДСМ.

За загадената вода со фекалии Артана Асани, Леон Уредини и Вадедин Дервиши, кои беа на раководни позиции во Јавното претпријатие „Комуналец“, добија 30-дневен притвор. Тие се осомничени дека со одредени дејствија поврзани со водоснабдителниот систем во Гостивар овозможиле мешање на загадена вода со водата од системот за пиење.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Притвор за македонскиот државјанин – се сомничи за транспортот на 324 килограми марихуана фатени во Солун

Основниот кривичен суд во Скопје определи 30-дневен притвор за македонски државјанин, осомничен дека бил дел од мрежа за набавка и транспорт на 325 килограми марихуана, запленети пред два дена во Солун.

Притвор за македонскиот државјанин – се сомничи за транспортот на 324 килограми марихуана фатени во Солун

Обвинителството го товари осомничениот за неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, како и за организирање на транспорт на дрогата, скриена во бали со рециклирана хартија во камионска приколка.

Според истрагата, целата шема започнала уште кон крајот на февруари годинава, кога осомничениот набавил товарно возило, а потоа и приколка, кога го договорил и наводниот превоз –транспорт на рециклирана, пресувана хартија од Македонија кон Турција, преку Бугарија.

Откако осомничениот ги завршил царинските формалности, со товарното возило и приколката ја напуштил Македонија, но наместо да продолжи кон Турција, тој свртел кон Грција и стигнал до Солун, каде приколката била оставена на изнајмен, затворен плац.

Таму се сретнал со двајца осомничени против кои во Грција се води постапка а еден од нив, се уште не недостапен за органите на прогонот. Дрогата ја сместиле во претходно направени отвори во балите со рециклирана хартија токму на плац во Солун каде марихуаната и била откриена и заплената.

„Јавниот обвинител оцени дека доколку осомничениот биде оставен да се брани од слобода, може да се даде во бегство, да ја попречува кривичната постапка со влијание врз соучесници и сведоци или да го повтори кривичното дело. Од тие причини, до судијата на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје беше доставен предлог за определување мерка притвор", се вели во соопштението на Обвинителството.

Случајот е дел од меѓународната полициска акција „Вардарис", во рамки на која пред два дена во Солун беа уапсени македонски и косовски државјанин. Целата акција е резултат на четиримесечна предистрага на полициските служби за борба против недозволена трговија со дрога на Македонија, Косово и Грција.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер