Ф4 турнирот во Ракометниот куп на Македонија ќе се игра во Битола - Канал 5

Ф4 турнирот во Ракометниот куп на Македонија ќе се игра во Битола

Завршниот турнир од Ракометниот Куп на Македонија, кој на програмата е на 18-ти и 19-ти мај ќе се игра во Битола во салата „Младост".

Ф4 турнирот во Ракометниот куп на Македонија ќе се игра во Битола

Во него учествуваат Пелистер, Еурофарм Работник, Вардар и Металург.

Еевропскиот шампион Вардар и оваа година е апсолутен фаворит за одбрана на пехарот од минатата сезона.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Лишени од слобода 17 возачи за безобѕирно управување возило

14 лица возеле без возачка дозвола, од кои пет малолетници, а тројца возеле под дејство на алкохол.

Лишени од слобода 17 возачи за безобѕирно управување возило

Во текот на изминатото деноноќие на целата територија на државата, полициските службеници лишија од слобода 17 возачи за безобѕирно управување возило, 14 лица возеле без возачка дозвола, од кои пет малолетници, а тројца возеле под дејство на алкохол. Шест лица во Скопје (двајца малолетници), четири лица во Тетово (тројца малолетници) и по едно лице во Куманово, Велес, Охрид и Прилеп возеле без возачка дозвола. По еден возач во Куманово, Македонска Каменица и Скопје управувале возило под дејство на алкохол. Возачот во Скопје, претходно со возилото „форд“ кое го управувал удрил во паркирано возило „форд“, при што била причинета само материјална штета. По целосно документирање на случаите ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.

Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да не управуваат возило без положен возачки испит или доколку имаат изречена мерка за забрана за управување или доколку се под дејство на алкохол и сите заеднички да придонесеме за побезбеден сообраќај

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ: Како што лаже за сè друго, Мицкоски лаже и за субвенциите

Мицкоски повторно лаже, се расфрла со лажни бројки за некакви големи успеси во земјоделството. 

СДСМ: Како што лаже за сè друго, Мицкоски лаже и за субвенциите

Тоа најдобро го знаат земјоделците, колку и да сака да ги изврти, вистинските бројки го разобличуваат секој обид на Мицкоски да манипулира со реалната состојба во земјоделството и загубите што ги трпат земјоделците овие две години.

Податоците на Платежната агенција за сумите за исплатата на субвенциите се јавно објавени и достапни.

Вистината е дека Владата на СДСМ во периодот од 2021 до крајот на мандатот има исплатено вкупно 30 милијарди денари субвенции од Програмите за директни плаќања и за рурален развој.

Владата на ВМРО-ОКГ од почетокот на мандатот до денеска исплатила 15 милијарди денари, што е двојно помалку.

Значи ниту половина!

Ова се податоци од годишните извештаи на Платежната агенција, јавно објавени, достапни за секој кој сака да ја знае вистината.

Ајде да ги видиме бројките за тутунот.

Во време на ВМРО во 2013 година откупната цена на тутунот беше 153 денари. Во 2023 година, во време на СДСМ, беше 365 денари, а во 2024 година, исто така во време на СДСМ, беше 400 денари. Субвенцијата изнесуваше 100 денари, која ВМРО ја намали.

Значи, во време на СДСМ цената на тутунот порасна за повеќе од 100%, а во време на ВМРО само ниту за 10%.

Фатен во лага, Мицкоски се обидува да го сокрие хаосот со исплатата на субвенциите со наводна исплата на стари долгови.

Вистината е дека во секоја гранка во земјоделството доцни исплатата на субвенциите. Без субвенции ги оставија полјоделците среде жетва, градинарите, тутунарите. Сточарите сè уште ги чекаат субвенциите за грло добиток и премиите за млеко, а дополнително се соочени со ниски откупни цени на млекото и прекинат откуп.

За какво партнерство зборува Мицкоски и со кое лице им се обраќа на земјоделците? Земјоделците не сакаат криминалец за партнер, кој гледа само како да скрати од нив и да зграби повеќе за своите луксузи и криминални тендери.

Мицкоски нека одговори зошто земјоделците денеска добиваат двојно помалку субвенции отколку за време на СДСМ и зошто доцни исплатата?

Вистината и реалноста е дека тој и неговата криминална организација ВМРО го доведоа земјоделството до колапс. Мицкоски нема пари за земјоделците. Пари има само криминални тендери.

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Превентивни активности на СВР Скопје и СВР Штип за заштита од кражби во возила и безбеден сообраќај

Денеска (15.06.2026) на подрачјето на Полициската станциа Центар, Одделението за превенција при СВР Скопје спроведе превентивно - едукативна кампања од областа на имотни деликти - „Не оставајте вредни предмети во вашиот автомобил“.

Превентивни активности на СВР Скопје и СВР Штип за заштита од кражби во возила и безбеден сообраќај

Основна цел на активноста е зголемување на безбедносната култура кај граѓаните, како и зајакнување на довербата и соработката помеѓу полицијата и граѓаните. За време на активноста на возачите им беше укажано да не оставаат вредни предмети во автомобилите додека се паркирани, за да не предизвикуваат оштетување на нивните возила и крадење на оставените вредни предмети.

Притоа, по случаен избор на возилата беа оставани летоци со едукативна содржина.

На 15.06.2026 на повеќе локации во Штип, полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Штип реализираа превентивна активност под мото ,,Со тротинет и велосипед секогаш вози безбедно и според правилата“. За време на активноста до велосипедистите и возачите на тротинети беше упатена порака да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи. Исто така, на учесниците во сообраќајот им беа поделени и летоци со едукативна содржина, односно за важноста за почитување на сообраќајните правила и прописи.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер