Ф1 планира да забрани користење ДРС во квалификациите - Канал 5

Ф1 планира да забрани користење ДРС во квалификациите

Формула 1 има намера да го забрани отворањето на задното крило (DRS) во квалификациите. Оваа информација ја споделија новинарите na „Auto Motor und Sport“.

Ф1 планира да забрани користење ДРС во квалификациите

Возачите денес можат да го користат системот во зоните на ДРС во квалификациите без ограничувања доколку временските услови дозволуваат, а во трките само кога заостануваат една секунда или помалку зад водечкиот натпреварувач.

Податоците од Гран при на Белгија, анализирани од„ AMuS“, сугерираат дека Ред Бул има поголема корист од кој било друг тим од активирањето на ДРС. Така и загубите на светските шампиони во случај на промена на правилата ќе бидат максимални.

На патеката Спа-Франкоршамп, Ред Бул имаше зголемување од 20,3 км/ч на директното возење кога се отвори крилото, Ферари - 19, Мекларен - 15,3, Мерцедес на Луис Хамилтон - 13,2. Џорџ Расел се врати со 24,3 км/ч, но младиот Британец употреби аеродинамичен пакет на Мерцедес со голема потисна сила и со ДРС достигна 327,5 км/ч, нешто побрзо од Ред Бул со затворено крило. За споредба, Макс Верстапен и Серхио Перез имаа најдобри резултати меѓу најдобрите тимови: 340,8 км/ч со отворено крило и 320,5 со затворено крило.

Претходно, информациите за брзината ја покажаа супериорноста на Ред Бул во ефикасноста на ДРС и на други патеки. /МИА

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ВМРО-ДПМНЕ: Талогот во СДС, кој денес печали поени и глуми грижа за граѓаните, со години молчеше за небезбедната вода во Гостивар

Граѓаните на општина Гостивар со години, додека на власт беше предавничката СДС, пиеја небезбедна вода.

ВМРО-ДПМНЕ: Талогот во СДС, кој денес печали поени и глуми грижа за граѓаните, со години молчеше за небезбедната вода во Гостивар

И додека гостиварчани се труеја со загадена вода за пиење, талогот на СДС, кој денес глуми загриженост, само за да ќари некој беден политички поен, со години молчеа.

Иако тогаш направените анализи, во повеќе наврати во гостиварскиот водовод, утврдија небезбедна вода за пиење и со присуство на зголемен број на колиформни бактерии, никој од тогашната власт на СДС, ниту Филипче, ниту пак нивните локални коалициски партнери не излегол со предупредување да не се користи водата.

За ваквата состојба постојат документи, кои, изминатите денови ги споделивме со јавноста и во нив јасно се покажува дека надлежните институции, во време на власт на СДС, располагале со информации за небезбедна вода во повеќе населени места.

Наместо да преземат мерки за да изнајдат решенија и да ги информираат граѓаните, тогашните власти без никаква грижа на совест дека можат да го загрозат здравјето на граѓаните, ги оставија гостиварци да пијат вода која не ги задоволува условите за питка вода.

Имајќи го предвид ваквиот институционалниот и партискиот молк, прашуваме со кое лице и кредибилитет сега бараат одговорност за нешто со години не го решиле, ниту реагирале предавничката СДС и на Венко Филипче?

Наместо сега да креираат хистерија и врз здравјето на граѓаните да печалат поени, треба јавно да излезат и да одговорат зошто додека СДС била власт, не ги известиле граѓаните за наодите од анализите и колку од тие случаи биле целосно отстранети?

Тоа се истите луѓе кои со години беа власт и ништо не направија, денес да се претставуваат како да немаат никаква одговорност за состојбите што ги оставиле зад себе.

Таквиот театар на талогот и остатокот во СДС и Венко Филипче, не поминува, граѓаните заслужуваат одговори зошто ништо не направиле додека ја имаа целата власт и институционална моќ во нивни раце.

Со почит,

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Експлозии во Ормускиот Теснец

Танкер што пловел низ Ормускиот Теснец, во близина на брегот на Оман, пријавил дека слушнал две експлозии, соопшти денеска Британскиот центар за поморски трговски операции, наведувајќи дека бродот и екипажот се безбедни.

Експлозии во Ормускиот Теснец

Танкер што пловел низ Ормускиот Теснец, во близина на брегот на Оман, пријавил дека слушнал две експлозии, соопшти денеска Британскиот центар за поморски трговски операции, наведувајќи дека бродот и екипажот се безбедни и дека не е пријавена штета врз животната средина.

UKMTO во известувањето наведе дека инцидентот се случил на околу девет наутички милји (16,7 километри) југоисточно од градот Кумзар во Оман и дека извештајот за инцидентот бил доставен со задоцнување, пренесува Ројтерс.

Според центарот, командантот на танкерот пријавил дека слушнал две експлозии додека минувал низ Ормускиот Теснец.

Инцидентот се случи во период на зголемени тензии во областа на Ормускиот Теснец, по неодамнешните воени судири меѓу Соединетите Американски Држави и Иран.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Големи изненадувања во Монтреал!

Шок по шок во Монтреал! Големи изненадувања го одбележаа второто коло на АТП Мастерс 1000 турнирот во Монтреал.

Големи изненадувања во Монтреал!

Мастерсот во Монтреал уште во второто кола остана без првиот и четвртиот ностле.

Првиот и четвртиот носител, Александар Зверев и Данил Медведев, се елиминирани од холандски тенисери, а натпреварувањето го заврши и Тејлор Фриц.

Третиот тенисер во светот, Александар Зверев, го одигра својот прв меч по поразот од Јаник Синер во финалето на Вимблдон, но веднаш го заврши своето учество во Канада. Германецот беше поразен од Талон Грикспор со резултат 6:7 (3:7), 6:2, 6:4.

Холанѓанецот, кој моментално е 69-ти на АТП-листата, пристигна во Канада со само една победа од претходните осум меча на АТП-турнејата, но успеа да ја забележи својата трета победа во кариерата против Зверев.

Престојот во Канада заврши и за четвртиот носител, Данил Медведев.

Рускиот тенисер во 2 коло загуби од Ботик ван де Зандшулп со 6:3, 7:6 (7:5), со што Холанѓанецот ја оствари својата прва победа во нивните меѓусебни дуели.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер