ЗдравјеЕвтин лек против заболувања на крвта - делотворен противотров по каснување од кобра Лекот „Хепарин“ што вообичаено се препишува против заболувања на крвта, може успешно да се користи како евтин противотров по каснување од кобра и други отровни змии, открива тим научници од Австралија, Канада, Костарика и Велика Британија.Каснувањето од змии убива околу 138.000 луѓе во светот годишно - главно во посиромашните области во Африка, Јужна и Југоисточна Азија. Повеќе од 400.000 лица, пак, кои преживеале каснување, развиваат некроза - состојба во која ткивото околу каснатото место ги губи животните функции, се умртвува и претставува дополнителна опасност од труење. Лекот не е делотворен против сите видови змии, но научниците велат дека може да биде релативно поевтин и поефективен од бројни постоечките противотрови што делуваат само против еден вид змија и не можат да спречат некроза. Бидејќи лекот е веќе тестиран на глувци, следниот чекор ќе биде испитување на луѓе. Професор Грег Нили, од Универзитетот на Сиднеј, Австралија, кој има удел во испитувањата, изјави: - Нашето откритие може драматично да ги намали ужасните последици на некрозата по каснувања од кобра, а ќе може и да го забави отровот, што може да ја подобри стапката на преживување. Биолошките агенси како што се отровите и токсините бараат одредено прифаќање со молекулите во телото на домаќинот, така што целта на нашето истражување беше да идентификуваме што, кај луѓето, комуницира со отровот за да развие некроза или води кон смрт. Наодите говорат отиима мал број начини на „комуникација“ меѓу отровот и човековите клетки. - Така, една од многу добрите работи од научно гледиште, е тоа што мислиме дека може да идентификуваме четири или пет различни начини на коишто отровите комуницираат со клетките, а потоа и да направиме универзални противотрови што може да блокираат поголем спектар на (отровите од) змии, појасни проф. Нили. Докторантот Тијан Ду, исто така од Сиднеј, се согласува дека откритието е голем чекор напред. - „Хепаринот“ е евтин, сеприсутен и есенцијален лек од списокот на Светската здравствена организација, заклучува Ду. Доктор Николас Кејсвел од Ливерпул нагласува дека каснувањето од змии сè уште е најсмртоносното од сите тропски болести. - Нашите наоди се возбудливи бидејќи сегашните противотрови се во голема мера неделотворни против посериозно зафаќање (на каснатото место), што вклучува болен брзорастечки оток, плускавци и / или ткивна некроза околу зафатеното место, што често доведува до губење на функцијата на екстремитетите, ампутација и доживотна попреченост, истакнува проф. Кејсвел. Целта е, пред сѐ, намалување на смртноста и повредите од каснување од змија во најсиромашните заедници во светот. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПотпишан договор со ЕБОР и ЕУ за изградба на автопат Скопје-Блаце, ќе чини речиси 200 милиони евра15:00Мицкоски: Оваа Влада ќе биде запаметена по проекти, по две децении најава, наскоро започнува изградбата на автопатот Скопје - Блаце12:43Продолжува судењето за пожарот во „Пулс“, обвинителство треба да презентира листинзи од телефонска комуникација09:07Мицкоски на потпишување на договор за изградба на автопат Скопје-Блаце08:50Мицкоски: Опозицијата бега од реформи во Изборните законик поради страв од пораз15:00
Потпишан договор со ЕБОР и ЕУ за изградба на автопат Скопје-Блаце, ќе чини речиси 200 милиони евра15:00
Мицкоски: Оваа Влада ќе биде запаметена по проекти, по две децении најава, наскоро започнува изградбата на автопатот Скопје - Блаце12:43
Продолжува судењето за пожарот во „Пулс“, обвинителство треба да презентира листинзи од телефонска комуникација09:07
МакедонијаПотпишан договор со ЕБОР и ЕУ за изградба на автопат Скопје-Блаце, ќе чини речиси 200 милиони евраАвтопатот ќе го гради градежната компанија Гранит со рок на комплетирање од четири години.За изградбата на автопатот, денеска во Владата договор потпишаа ЈП Државни Патишта и Европската банка за обнова и развој, а целта е државава да ја искористи својата стратешка геоположба како раскрсница на два важни Европски коридори - 8 и 10, што е особено значајно за развојот на македонската економија – потенцираат од Владата. -Наскоро на целата територија на државата ќе се развиваат шест автопатски делници. Покрај оваа којашто треба да го поврзе главниот град со границата со Косово, односно Блаце, тука се и делницата којашто треба да ги поврзе и Тетово и Гостивар, Гостивар со местото Букојчани, го завршуваме делот од автопатот Кичево-Охрид, потоа Прилеп-Битола, и наскоро очекувам да биде завршена и процедурата којашто треба да го поврзе Букојчани со Кичево. Заедно со оваа автопатска делница, очекувам овие 6 автопатски делници во еден момент да се реализираат. Тоа ќе биде голема додадена вредност за македонската економија.- Христијан Мицкоски, претседател на Влада -Изградба на автопатско решение кое што треба да оди по Трансевропската рута 6 која ќе ги поврзе Скопје и Приштина и да продолжи понатака на Запад до Тирана и Драч и исто така северозападно да продолжи со поврзување со Бар преку што за Скопје се отвара уште едно пристаниште, уште една можност за трговија, бизнис и развој на туризмот.- Александар Николовски, министер за транспорт и врски Автопатот ќе го гради градежната компанија Гранит со рок на комплетирање од четири години, а финсиските средства доаѓаат од Инвестициската рамка на ЕУ и ЕБОР, информираа од ЈПДП. -Парите за грантот се од рамката за инвестиции на ЕУ за Западен Балкан, грантот е 30,8 милиони евра а кредитот т.е заемот е 167,6 милиони евра (од ЕБОР). - Коце Трајановски, директор на ЈП Државни патишта -Горди сме што имаме 41 милион евра во грантови што вклучува 37 милиони евра за изградба и надзор и заедно со заемот од ЕБОР и националниот придонес, оваа инвестиција од повеќе од 235 милиони евра е еден од најважните проекти за транспорт на земјата.- Михалис Рокас, амбасадор на ЕУ во Македонија Со целосната изградба на овој автопат значително ќе се намали и времето на патување од Скопје до Црна Гора, но и целокупно значително ќе ја подобри и регионалната поврзаност на Западен Балкан, посочи евроамбасадорот во земјава. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПотпишан договор со ЕБОР и ЕУ за изградба на автопат Скопје-Блаце, ќе чини речиси 200 милиони евра15:00Мицкоски: Оваа Влада ќе биде запаметена по проекти, по две децении најава, наскоро започнува изградбата на автопатот Скопје - Блаце12:43Продолжува судењето за пожарот во „Пулс“, обвинителство треба да презентира листинзи од телефонска комуникација09:07Мицкоски на потпишување на договор за изградба на автопат Скопје-Блаце08:50Мицкоски: Опозицијата бега од реформи во Изборните законик поради страв од пораз15:00
Потпишан договор со ЕБОР и ЕУ за изградба на автопат Скопје-Блаце, ќе чини речиси 200 милиони евра15:00
Мицкоски: Оваа Влада ќе биде запаметена по проекти, по две децении најава, наскоро започнува изградбата на автопатот Скопје - Блаце12:43
Продолжува судењето за пожарот во „Пулс“, обвинителство треба да презентира листинзи од телефонска комуникација09:07
МакедонијаЛишен од слобода велешанец поради предизвикување пожар во Долно ОризариНа 05.07.2026 во 15:20 часот во село Долно Оризари, велешко, полициски службеници од СВР Велес го лишија од слобода А.О.(61) од Велес. Тој се сомничи дека околу 14:25 часот на место викано „Свилара“ во атар на село Долно Оризари, запалил сува трева во својот овоштарник и предизвикал пожар кој зафатил нива, помошна просторија, бандера и инвентар од викенд куќа, сопственост на 42-годишната М.Т од Велес. При обид да го изгасне пожарот, А.О се здобил со повреди. Пожарот бил изгаснат од Територијална противпожарна единица Велес, а увид извршила увидна екипа од СВР Велес. А.О. бил приведен во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.Тагови: Долно Оризари Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаМВР: Го пуштивме во употреба „Безбеден град“ – проект што спасува животи и гради побезбедна иднина„Безбеден град“ е проект за кој долго се зборуваше, а ние го реализиравме. Денес тој претставува еден од најважните механизми за модернизација на полициското работење и заштита на животите на граѓаните.Резултатите веќе го потврдуваат тоа. Во периодот од февруари до јуни оваа година, бројот на загинати лица во сообраќајни незгоди е намален за 40% – од 55 жртви во истиот период минатата година, на 34 оваа година. Од почетокот на примената на системот се евидентирани над 130.000 сообраќајни прекршоци, а повеќе од 95% од нив се однесуваат на пречекорување на дозволената брзина. Тоа јасно покажува дека најголемата опасност на нашите патишта не се камерите – туку неодговорното возење. Продолжуваме со неговата имплементација низ целата држава, затоа што нашата цел не е да изрекуваме повеќе казни, туку да имаме помалку сообраќајни несреќи, помалку изгубени животи и побезбедни патишта за сите. „Безбеден град“ е технологија што спасува животи. Безбедноста нема алтернатива.Тагови: безбеден град Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПотпишан договор со ЕБОР и ЕУ за изградба на автопат Скопје-Блаце, ќе чини речиси 200 милиони евра15:00Мицкоски: Оваа Влада ќе биде запаметена по проекти, по две децении најава, наскоро започнува изградбата на автопатот Скопје - Блаце12:43Продолжува судењето за пожарот во „Пулс“, обвинителство треба да презентира листинзи од телефонска комуникација09:07Мицкоски на потпишување на договор за изградба на автопат Скопје-Блаце08:50Мицкоски: Опозицијата бега од реформи во Изборните законик поради страв од пораз15:00
Потпишан договор со ЕБОР и ЕУ за изградба на автопат Скопје-Блаце, ќе чини речиси 200 милиони евра15:00
Мицкоски: Оваа Влада ќе биде запаметена по проекти, по две децении најава, наскоро започнува изградбата на автопатот Скопје - Блаце12:43
Продолжува судењето за пожарот во „Пулс“, обвинителство треба да презентира листинзи од телефонска комуникација09:07