Синер го смени тренерот и рече: „Нема да почнам од почеток, продолжувам да напредувам – по еден процент!“
2Синер го смени тренерот и рече: „Нема да почнам од почеток, продолжувам да напредувам – по еден процент!“
МакедонијаЕвропско движење: Обезбедувањето независно судство не е луксуз, туку неопходностНационалната конвенција за Европската Унија во Македонија денеска беше домаќин на 16. сесија на Работната група 3 – Правосудство и основни права (Поглавје 23) во организација на Европското движење.Националната конвенција за Европската Унија во Македонија денеска беше домаќин на 16. сесија на Работната група 3 – Правосудство и основни права (Поглавје 23) во организација на Европското движење, а во врска со францускиот придонес за владеење на правото во нашата држава. Тема на настанот беше „Патеки до интегритет и независност на правосудството: клучен предизвик во реформите за владеење на правото и борбата против корупцијата“. Хелена Папа, француска експертка за транспарентност, финансиски криминал и перење пари од француската меѓународна техничка кооперативна агенција „Експертиза Франција“, пренесувајќи го француското искуство, рече дека „обезбедувањето независно судство не е луксуз, туку неопходност“ за заштита на човековите права при носење праведни и правични одлуки. „Обезбедувањето независно судство е едно од најгорливите прашања на денешното време на глобално ниво, кое бара реформи“, изјави Папа, посочувајќи дека постојат многу антикорупциски мерки, но најважно е да се воспостават јасни стандарди и критериуми. Што се однесува конкретно до Македонија таа ги предочи препораките на ГРЕКО (група на држави против корупцијата), од кои од вкупно 19 од последниот извештај 15 се спроведени, но кои освен на хартија треба и да се применат и во практика, бидејќи, како што рече таа, постои голем јаз меѓу законските решенија и нивната примена. Меѓу поважните, ја наведе препораката да се воведе поголема транспарентност при вработувањето, оценувањето и унапредувањето на судиите и обвинителите, воспоставување саморегулирачки судски институции, овозможување повеќе финансиски средства, поголеми плати и обуки за судиите, како и обезбедување соодветни алатки за да можат да држат чекор со новите технологии. Не помалку важни, според неа, се и препораките за спроведување редовна евалуација за нивната работа, истраги за несовесното работење и спречување на конфликти на интерес, чести етички обуки, како и јавно објавување на судските одлуки. Претседателот на Судскиот совет, Александар Камбовски, потврди дека Судскиот совет ги спроведе поголемиот дел од препораките на ГРЕКО и стана една од најтранспарентните институции со јавно пренесување на седниците и дека недостасува поголема транспарентност во обвинителството. Тој посочи дека треба да се донесат измени во казнената политика и во начинот на оценување и унапредување на судиите, бидејќи процедурите траат предолго. Но, целосен интегритет во правосудството ќе се постигне кога кај судиите ќе се врати довербата во Судскиот совет, знаејќи дека тој стои зад нив и дека не треба да се плашат од политички притисоци. Судијата Александар Шопов бранејќи ја судската фела рече дека судската власт не е доволно самостојна и дека таа треба да се смета како една од трите власти, а не како трета власт, која во многу точки е зависна од законодавната и извршната власт. Адвокатот Јанаки Митровски рече дека притисоците врз судиите ќе постојат сè додека не се одобри барем двојно поголем буџет за судството. Професорката од Факултетот за безбедност, пак кажа дека градењето интегритет на правосудството, всушност, би требало да почне со градење интегритет во полицијата, бидејќи „ниеден судија не ќе може да замижи пред цврсти докази“. Таа укажа на срамниот процент на осуденост од корупција што се движи од 12 до 15 проценти. Поранешната пратеничка и правничката Снежана Калеска-Ванчева рече дека владеењето на правото е состојба на умот и дека интегритетот го носи секој од нас и тој се гради уште во текот на школувањето, а не кога ќе се дојде на судска позиција, па во таа насока треба да се работи преку подобрување на образовниот процес. Околу прашањата за независноста, самостојноста и интегритетот на судиите и јавните обвинители, како клучни столбови на правосудниот систем во демократските општества зборуваше и директорката на Академијата за судии и обвинители Ирина Трјкоска-Стрезоски, која посочи низа предлози за промена на процедурите за тестирање на кандидатите за интегритет при селекција на судии и обвинители, обуките во Академијата за судии и јавни обвинители, кои подоцна ќе одиграат главна улога во спроведување на механизмите за зајакнување независност и спречување политички притисоци. Францускиот амбасадор Кристоф Ле Риголер, во своето обраќање најави дека Франција преку разни фондови ќе продолжи да ја поддржува борбата против корупцијата, бидејќи сметаат дека судските инстанци и интегритетот на судиите се гарант за владеењето на правото. Но, исто така, на патот на реформите треба да се вклучат и граѓаните и да се охрабрат да пријавуваат и да укажуваат на корупциски појави како свиркачи. Неговиот заклучок е дека за да се забрзаат реформите и побрзо да завладее правото треба да се отвори широк дијалог меѓу клучните актери во правосудството. Претседателката на НКЕУ-МК заклучи дека токму таков дијалог овозможуваат дебатите како денешната што Националната конвенција за Европската Унија ги организира уште од 2017 година со учество на огромен број национални и странски експерти од областа на правосудството, судии, обвинители, универзитетски професори и претставници на граѓанскиот сектор, релевантни за оваа тема. Европско движење во Република МакедонијаКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСлучајот „АЛТА банка“ денеска на надзорна расправа пред матичната собраниска комисија11:21Собранието го усвои амандманот со кој се брише членот 13 од измените на Законот за јавните набавки08:34„Безбеден град“ се шири во Струмица, Штип и во Битола, МВР најавува мобилни камери на улиците15:08Учество на претседателката Сиљановска-Давкова на 9. Париски мировен форум08:35Судењето на Ива Михаилова продолжи и во нејзино отсуство, денеска се сослушуваа вештаци на предлог на одбраната.15:16
Собранието го усвои амандманот со кој се брише членот 13 од измените на Законот за јавните набавки08:34
Судењето на Ива Михаилова продолжи и во нејзино отсуство, денеска се сослушуваа вештаци на предлог на одбраната.15:16
Други спортовиВидео: Брутален нокаут на хокеј Натпреварот во американската хокеарска лига, НХЛ помеѓу Отава Сенаторс и Вашингтон Капиталс беше одбележан со брутален нокаут, по кој Ник Казинс остана да лежи на мразот. Напаѓачот на Отава прими силен удар од одбранбениот играч на Вашингтон, Џејкоб Чикран, кој го собори додека тој се обидуваше да ја контролира пакот во сопствената зона. Казинс не го забележа приближувањето на противникот, а силината на ударот го фрли на мразот. Тој остана да лежи неподвижен, со лицето надолу, што предизвика итна реакција од медицинскиот тим и неговите соиграчи. По неколку моменти, тој успеа да стане, но го напушти мразот со помош на други играчи и членови на персоналот. Тој не се врати во игра. Одлуката на официјалните лица привлече посебно внимание. Тие ја прегледаа снимката за да утврдат дали е оправдана голема казна, но на крајот заклучија дека немало прекршок. Главниот тренер на Отава, Тревис Грин, не се согласи со таа проценка. По натпреварот, тој изјави дека е изненаден од одлуката, истакнувајќи дека, според него, станува збор за удар во главата на играч кој не бил подготвен за контакт. „Не е добро“, рече кратко Грин кога новинарите го прашаа за состојбата на неговиот играч, додавајќи дека Казинс не бил однесен во болница.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветНајавена нова дипломатска офанзива: Кушнер и Виткоф заминуваат директно кај ПутинЏаред Кушнер, советник и зет на американскиот претседател, изјави дека тој и специјалниот пратеник на САД, Стив Виткоф, утре ќе отпатуваат за Москва за да се сретнат со рускиот претседател Владимир Путин.Како што пренесува „Скај њуз“, Кушнер на прес-конференција во Абу Даби изјави дека разговорите водени денес ќе бидат разгледани за време на средбата со Путин. Кушнер најави дека по посетата на Москва, тој и Виткоф ќе заминат за Даблин за да се сретнат со украинскиот претседател Володимир Зеленски и „дополнително да ги разгледаат некои од идеите до кои дојдошле денес“. Тој нагласи дека Вашингтон гледа „одредени можности и шанси за напредок“ во преговорите. На прашањето од новинар дали постојат планови за директна средба меѓу Путин и Зеленски, Кушнер одговори дека Русија сака да види „поголем напредок пред такво нешто да може да се случи“. Кушнер исто така истакна дека е очигледно оти постои мала доверба или меѓусебна блискост меѓу Путин и Зеленски. Владимир Медински, помошник на рускиот претседател и шеф на руската делегација, денес изјави дека Русија и Украина, за време на разговорите во Абу Даби, постигнале договор за нова, голема размена на затвореници, при што конкретните услови за размената ќе бидат објавени наскоро. Како што пренесува агенцијата ТАСС, тој им изјавил на новинарите дека за време на преговорите меѓу Русија, САД и Украина било покренато и едно хуманитарно прашање. „Во принцип, се договоривме за нова, голема размена на затвореници, чии конкретни параметри ќе бидат објавени во блиска иднина“, рече Медински. Преговорите меѓу делегациите на Русија, САД и Украина завршија денес во Абу Даби. Сите делегации го напуштија местото на одржување на разговорите под придружба на полициски возила. Разговорите се одвиваа зад затворени врати, без присуство на медиумите. Извор: Б92Тагови: Виткоф и Кушнер Владимир Путин Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаБаталјонот за почести го одбележа 11 Ноември – Денот на единицатаДенес, во касарната „Илинден“ во Скопје, припадниците на Баталјонот за почести со воена свеченост го одбележаа 11 Ноември – Денот на единицата.На денешната свеченост присуствуваа министерот за одбрана Владо Мисајловски, началникот на Генералштабот на Армијата генерал-мајор Сашко Лафчиски, заменик- министерот за одбрана Адмир Шабани, заменик-началникот на Генералштабот генерал-мајор Азим Нуредин, командантот на Првата механизирана пешадиска бригада бригаден генерал Дејан Чиплаковски, претставници од Министерството за одбрана и Генералштабот на Армијата, команданти на единиците во составот на Армијата, претставници од Сојузот на борците, како и голем број поранешни припадници на Баталјонот за почести. По тој повод пред присутните се обратија началникот на Генералштабот на Армијата генерал-мајор Сашко Лафчиски и командантот на Баталјонот за почести потполковник Игор Милчов. Началникот на Генералштабот на Армијата во своето обраќање истакна дека Баталјонот има одговорна мисија која директно ги претставува угледот и авторитетот на Армијата, институционалниот и националниот идентитет на татковината. Потсетувајќи на историските корени од Првата македонско-косовска ударна бригада и Првата гардиска бригада, началникот порача дека традицијата се одржува преку личен пример и врвен професионализам. „Вашата мисија не остава простор за импровизација, ниту дозволува компромис со квалитетот. Во вашата служба нема мала или голема задача – беспрекорноста мора да биде ваш секојдневен професионален стандард“, нагласи началникот на Генералштабот. Упатувајќи признание до припадниците на Баталјонот за почести, за нивната улога во афирмацијата на Армијата и државата, им го честиташе празникот и им порача гардиските вредности – чест, храброст и посветеност, заедно со мотото „Lux Aeterna“ (Вечна Светлина), да продолжат да бидат нивен водич во службата. Командантот на Баталјонот за почести, потполковник Игор Милчов, се осврна на реализираните задачи во изминатиот период, меѓу кои официјалните пречекувања со највисоки воени почести, церемониите за смена на државното знаме, билатералните соработки и другите протоколарни активности. Воедно го истакна придонесот на Воениот оркестар, чиј професионализам и посветеност доаѓаат до израз преку бројните протоколарни и меѓународни ангажмани, како и традиционалниот предновогодишен концерт. Притоа, во својот говор изрази благодарност за континуираната поддршка од претпоставената команда, како и за придонесот на сите припадници во градењето цврст колектив, заснован на гардиските вредности . На денешната свеченост беа доделени стимулативни мерки на припадниците од баталјонот, кои во изминатиот период особено се истакнале во извршувањето на своите задачи. По повод заминувањето во пензија на наредник Горанчо Атанасовски му беше доделена Плакета во знак на благодарност за долгогодишната служба во Армијата. Во пресрет на празникот беше реализирана хуманитарна акција во соработка со Црвениот крст, а беше спроведена и акција за доброволно дарување крв. Баталјонот за почести го прославува Денот на единицата како носител на традициите на Првата македонско-косовска народноослободителна ударна бригада, формирана на 11 ноември 1943 година во селото Сливово.Тагови: АРМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter