ЗНАМ: Нема пазарење со македонскиот јазик, нема отстапки без реципроцитет – патриотизмот се докажува со дела, а не со навреди!
2ЗНАМ: Нема пазарење со македонскиот јазик, нема отстапки без реципроцитет – патриотизмот се докажува со дела, а не со навреди!
СветЕвропските весници му оддадоа почит на „народниот папа“Европските весници речиси едногласно вчера му оддадоа почит на папата Франциск, ден по неговата смрт, нарекувајќи го „народен папа, реформатор и добар човек“.Се чини дека со ова се согласуваат и најважните италијански весници и на своите страници го нарекуваат „Папата на отфрлените“, а „Кориере дела сера“ во својот уреднички текст му оддава почит на „апостолот на мирот“. „Црквата е прибежиште за човештвото. Дури и за неверниците. Во текот на овие 12 долги и болни години, вратите на ова прибежиште им ги отвори еден римски епископ кој пристигна од крајот на светот. И тој никогаш не престана да ги отвора, дури и кога веќе немаше сила да го стори тоа. Никогаш не престана да нè прима, дури и кога веќе немаше глас да нè поздрави“, напиша Феручио де Бортоли. „Душата на Војтила, главата на Рацингер, срцето на Бергољо. Се чини дека Светиот Дух ја заврши конечната идентификација на ликот на врховниот понтиф, комплетирајќи ја папската тројка што ја одбележа модерната ера“, пишува Ецио Мауро за дневниот весник „Ла Република“, мислејќи притоа на Јован Павле Втори, Бенедикт Шеснаесетти и папата Франциск. Најважните шпански дневни весници на насловната страница пишуваат: „Крајот на социјалниот и реформистички понтификат“. Каталонскиот весник „Ла Вангардија“ пишува „Збогум Франциск, храбар папа“, додека „Ел Мундо“ на својата насловна пишува за „папата што ја разбранува црквата, сакајќи да им даде глас на исклучените“. Францускиот десничарски дневен весник „Фигаро“ на насловната страница едноставно пишува „Збогум“, како и повеќето медиуми, сметајќи го Франциск за „народен папа“ и „папа на сиромашните“. Вакви наслови се појавија во весникот „Ле Паризијен“ Други, како што е „Либерасион“, ја истакнуваат неговата посветеност на „мигрантите“ и „еколошките прашања“, додавајќи дека тој сепак „разочарал во социјалните прашања“ како што се абортусот. „Ако, во годините што претстојат, неговата порака, искажана со слаб глас со кој во неделата тој го осуди подемот на антисемитизмот во светот и хуманитарната катастрофа во Газа, биде пропуштена, тоа ќе биде затоа што Франциск претставуваше се што мрази екстремната десница во светот“, смета левичарскиот весник. Во Португалија, дневниот весник „Публико“ го споменува „омилениот папа на народот и папа атеист“ чиј „избор предизвика цунами“ и потсетува дека „овој папа“ се обидел „да го направи доживувањето на папата помалку свето“. За португалскиот „Кореио да Манха“, Франциск ќе остане папа за „се, се, се“. Во Полска, земја со силна католичка традиција, смртта на папата ја сметаат за „уште еден фактор што ја зголемува нестабилноста на современиот свет“. Така пишува во уводникот на централно-десничарскиот либерален дневен весник Rzeczpospolita. Изневерени очекувања, сложено наследство Грчкиот весник „Ефсин“ (левица) го поздравува папата кој беше „скромен и покорен до крај“, а „Та Неа“ (центристи) папата „кој го потресе Ватикан (...) заради сиромашните, мигрантите и најслабите“. Во Велика Британија, весникот „Гардијан“ го почитува споменот на „револуционерниот водач на Католичката црква“. „За време на неговиот 12-годишен понтификат, Франциск, првиот језуитски папа, беше застапник на сиромашните (...) и обесправените и жесток критичар на глобалната алчност, како и на социјалната и економската нееднаквост. Но, „Дејли Мејл“ се прашува дали „неговите реформи ќе ги продолжи неговиот наследник“. „Католиците мора да го земат предвид сложеното наследство на Франциск, неговиот либерален пристап кон правата на ЛГБТК+, бегалците и климатските промени“, пишува британскиот дневен весник. „Дејли Телеграф“ звучи малку контрадикторно кога го пишува следново: „Многу католици неизмерно го сакаа“ поради неговата блискост со народот, но „конечната рамнотежа ќе биде разновидна. Ветуваше вклучување и оставаше поделби (...), владееше како автократ“ и „немаше симпатии кон критичарите“. „Тајмс“ го пофалува „родениот борец“, но стравува за наследството на Франциск со оглед на „поделеноста на црквата соочена со низа предизвици, од решавање на скандалите со злоупотреба на деца до одлуки за улогата на жените во црквата, како и правата на хомосексуалците и повиците за реформи во финансиите и управувањето на Ватикан“. „Франциск стана свештеник на сиромашните, свештеник на бегалците. Дури и кога стана кардинал, проститутките од тогашното соседство доаѓаа кај него на исповед“, пишува германски „Билд“. Други германски медиуми изразуваат разочарување, како што е „Франкфуртер алгемајне цајтунг“: „Во споредба со неговите претходници, Франциск на почетокот изгледаше речиси револуционер. Но, од перспектива на многу католици во оваа земја, на крајот успеа да промени премалку работи“. Германскиот неделник „Шпигел“ пишува дека се чини дека „не можел или тешко успеал да ги промени строгите догми“. Тагови: Папата Франциск Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски: Продолжуваме со посветена работа на реформите12:29Муцунски: Работиме на дијалогот со Бугарија, имаме поддршка од ЕУ и земјите членки15:00Народна банка: Пензионерите кои сакаат нова банка, мора прво да се одјават од АЛТА банка 10:27Муцунски: Нема назадување во ниту една област во извештајот на ЕК08:28АЛТА банка Битола ги отвори вратите за клиентите без платежни картички, можат да подигнат 20 илјади денари15:00
АЛТА банка Битола ги отвори вратите за клиентите без платежни картички, можат да подигнат 20 илјади денари15:00
СветНетанјаху и шефот на Мосад планирале воени операции во Иран- Американците дознале и ги спречилеСпоред извештајот на израелската телевизија Канал 12, премиерот Бенјамин Нетанјаху и шефот на Мосад, Роман Гофман, планирале да извршат операција на иранска територија ноќта пред израелските избори. Израелски безбедносен оперативец наводно погрешно ги известил САД за планот, по што Вашингтон спречил негово спроведување. Канал 12 не објави детали за планираната операција и не е јасно точно како Вашингтон дознал за планот. Според извештајот, некои високи израелски безбедносни претставници се спротивставиле на операцијата бидејќи се плашеле дека може да предизвика голема ескалација со Иран и да ги одложи изборите. Изборите се одржаа на 27 октомври, но блокот на Нетанјаху освои 53 од 120 места и во моментов нема мнозинство во Кнесетот. Во посебен извештај се наведува дека началникот на Генералштабот, Ејал Замир, предупредил дека Иран може погрешно да ги протолкува потезите на Израел и да започне напад. Канцеларијата на Нетанјаху: Ова се лаги Израел Хајом објави дека Гофман го поддржал предлогот на Нетанјаху, додека Замир се спротивставил на него. Според весникот, операцијата би можела повторно да го разгори конфликтот со Иран, но нема да биде голема воена офанзива. Кабинетот на Нетанјаху претходно ги отфрли извештаите за предизборен напад врз Иран како лажни. Министерот за одбрана Израел Кац изјави дека Израел нема намера прво да го нападне Иран пред гласањето, но ќе одговори со сила во случај на ирански напад.Тагови: Бенјамин Нетанјаху Мосад Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаЗНАМ: Нема пазарење со македонскиот јазик, нема отстапки без реципроцитет – патриотизмот се докажува со дела, а не со навреди!Движењето ЗНАМ – За наша Македонија ги отфрла личните дисквалификации и политичките конструкции на Алијансата на Албанците и СДСМ упатени кон претседателот Максим Димитриевски.Кога нема аргументи за суштината на прашањата, очигледно остануваат навредите и обидите за политичка дискредитација. Квалификацијата „патриот на батерии“ најдобро зборува за политичката култура на оние што ја употребуваат, но не и за Максим Димитриевски. Во 2017 година, пред локалните избори, Димитриевски се откажа од пратеничкиот мандат и без политички калкулации влезе во изборната битка за градоначалник на Куманово. Не си остави резервна позиција во Собранието доколку ги изгуби изборите. Наспроти тоа, дел од тогашното раководство на СДСМ, кандидати за градоначалници, ги задржаа пратеничките мандати како сигурна алтернатива. Токму тука е разликата во политичкиот пристап и одговорноста. Патриотизмот не се мери со навреди, туку со одлуки, постапки и преземена одговорност. Нашиот став за правосудниот испит е јасен: тој треба да се полага на македонски јазик, согласно Уставот и законите. Македонскиот јазик не е предмет на политички пазарења и коалициски калкулации. ЗНАМ е подготвен за разговори со владините партнери, но нема да отстапи од своите принципи. Истиот принцип го застапуваме и во однос на евроинтеграциите. Македонија сака членство во Европската Унија, но не прифаќа постојани еднострани отстапки кон Бугарија без реципроцитет. Нашиот предлог за одложено дејство на уставните измени останува на маса. Очекуваме почитување на правата на Македонците во Бугарија и спроведување на пресудите на Европскиот суд за човекови права во Стразбур. Во однос на обвинувањата на СДСМ за наводни средби, лобирања и поврзаност со Алта банка, бараме да се соопштат конкретни докази, факти и документи. Доколку постојат докази за незаконско постапување, надлежните институции треба да постапат. Сериозни обвинувања не смеат да бидат средство за дневнополитичка пресметка. ЗНАМ не отвора прашања за македонскиот јазик за да му обезбеди алиби на кого било, туку затоа што тоа е прашање од суштинско значење за државата. А што се однесува до наводниот пад на рејтингот на ЗНАМ, потсетуваме дека во 2024 година, кога дел од аналитичарите ни предвидуваа поддршка од околу 1 процент, граѓаните ни дадоа 56.232 гласа, 5,59 проценти и шест пратенички мандати. Тоа се официјални изборни резултати, а не нечии проценки. Според интерната анкета на Движењето ЗНАМ, актуелната поддршка за партијата е над 4,5 проценти, што одговара на приближно 50.000 до 55.000 гласови доколку изборите би се одржале денес. ЗНАМ нема да ги менува своите принципи според дневнополитичките потреби, нема да тргува со македонскиот јазик и нема да прифаќа еднострани отстапки без реципроцитет. Македонија не е предмет на политички пазар. Таа е наша одговорност и обврска. Патриотизмот се докажува со дела, со став и со подготвеност да се преземе одговорност за државните интереси. Центар за комуникации и аналитикаКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ТехнологијаПакистански астронаут ќе биде првиот странец на кинеската вселенска станица Пакистански астронаут ќе се придружи на кинеската вселенска станица како прв странец за време на овогодишната мисија Шенжоу-24, како дел од билатералната соработка во рамките на иницијативата „Појас и пат“ на Пекинг.Пакистански астронаут ќе се придружи на кинеската вселенска станица како прв странец за време на овогодишната мисија Шенжоу-24, како дел од билатералната соработка во рамките на иницијативата „Појас и пат“ на Пекинг, објавија кинеските државни медиуми во саботата. Првиот странски посетител на вселенската станица ќе учествува во мисијата како специјалист за товар, објави CCTV, повикувајќи се на Кинеската агенција за вселенски летови со екипаж. Идентитетот е непознат Кина не го откри идентитетот на астронаутите, но функционер во вселенската агенција на Пакистан изјави за Ројтерс во септември дека пилотите Зишан Али и Курам Дауд поминале месеци обука во Кинескиот центар за истражување и обука на астронаути во Пекинг, подготвувајќи се за мисијата. Пекинг сè уште не го објавил датумот на мисијата. Историското значење на летот CCTV известува дека астронаутот, по завршувањето на краткорочниот лет во орбитата, ќе се врати на Земјата со вселенското летало Шенжоу-23. Ова е првиот заеднички вселенски лет во кој учествуваат кинески и странски астронаути во историјата на кинеската програма за вселенски летови со екипаж, и сè се одвива во рамките на „вселенската дипломатија“ на Пекинг.Тагови: вселенска станица астронаут Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter