Лишени од слобода девет возачи за „безобѕирно управување со моторно возило“, шест возеле без положен возачки испит
1Лишени од слобода девет возачи за „безобѕирно управување со моторно возило“, шест возеле без положен возачки испит
Над 141.000 лица во Македонија живеат со дијабетес: Раното откривање може да спречи тешки компликации
1Над 141.000 лица во Македонија живеат со дијабетес: Раното откривање може да спречи тешки компликации
КултураЕвропските композитори во Скопје на Генерално собраниеСкопје од 28 до 30 септември ќе биде домаќин на Генералното собрание на Асоцијацијата на европски композитори и пишувачи на песни (ЕКСА). Како што информира Сојузот на композитори на Македонија (СОКОМ), на Собранието ќе учествуваат најмалку 50 композитори на уметничка, класична, аудиовизуелна, филмска и популарна музика од цела Европа. Заштитата на авторските права и третманот на композиторите се клучни теми, но останува можноста за остварување меѓусебни директни контакти и евентуално договарање индивидуални проекти. Средбата официјално почнува задутре, со свечен прием, а Собранието е закажано за вторник. - Состаноците на трите комитети од кои се состои ЕКСА ќе се одржат во понеделник. Ќе заседава и Бордот на Асоцијацијата по што во студиото М1 на МРТВ својот прв концерт ќе го одржи и новоформираниот ансамбл за современа музика на СОКОМ „Контемпора“ со дела од македонски автори, рече на прес-конференција Јана Андреевска, претставник на СОКОМ во ЕКСА. За понеделник и вторник се предвидени планираните сесии. СОКОМ ќе ја искористи шансата пред композиторите од Европа да ја претстави Македонија, како и можноста за работа тука. Воедно, ќе бидат презентирани и проблемите со кои се соочуваат македонските композитори. - Важно е најпрво да се запознаеме за да можеме да преземаме заеднички акции ао е тоа потребно, рече Андреевска. ЕКСА годишно одржува две вакви средби, едната секогаш се организира во Брисел каде што се седиштето и Канцеларијата на Асоцијацијата, а другата е во некоја друга земја. - Досега тоа беше во западна Европа, но моите заложби од самиот почеток беа да се избегне доминацијата на членките од ЕУ зашто Европа не е само ЕУ, туку во неа има и други земји кои не се нејзини членки и треба и нивните интереси да се сослушаат и да се земат предвид, објасни претставничката од СОКОМ. По нејзин предлог што бил поддржан од Бордот, Македонија годинава е избрана за земја домаќин иако во конкуренција била и Велика Британија, за одржување на Генералното собрание во Лондон. - Ова покажува дека во рамки на Асоцијацијата има разбирање за заложбите организацијата во своите редови да развива различност, и покрај унифицирани интереси, нагласи Андреевска. Во ЕКСА членуваат преку 40 организации од 22 земји. Преку нив, Асоцијацијата застапува 30.000 автори. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаЛишени од слобода девет возачи за „безобѕирно управување со моторно возило“, шест возеле без положен возачки испитВо текот на изминатото деноноќие, на различни локации во државата, полициски службеници лишија од слобода девет возачи поради сторено кривично дело „безобѕирно управување возило“ по член 297-а од Кривичниот законик. Од нив, шест лица управувале возило без положен возачки испит, и тоа: А.С.(46), М.Р.(26) и З.С.(26) сите од Скопје, А.М.(27) од с.Никиштани, скопско, Г.Т.(56) од с.Подлес, општина Градско и А.К.(28) од с.Дреново, кавадаречко, кој бил и под дејство на алкохол. Двајца возачи управувале возило под дејство на алкохол: Г.Ј.(49) од Кочани и М.С.(35) од Куманово. Додека, пак, Д.С.(21) од Крива Паланка управувал возило и покрај тоа имал активна мерка забрана за управување со моторно возило. По целосно документирање на случаите, ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да не управуваат возило без положен возачки испит или доколку имаат изречена мерка за забрана за управување или доколку се под дејство на алкохол и сите заеднички да придонесеме за побезбеден сообраќај.Тагови: безобѕирно управување Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЌе ги отстрани ли новиот Кривичен законик штетните последици од 2023 година?15:00Мицкоски: Жителите на Каменик ќе добијат систем за водоснабдување, проект во соработка помеѓу Кисела Вода и Владата11:55На коалициска средба ќе се пеглаат разликите во владата околу полагањето на Правосудниот испит15:00Скопје го одбележува Денот на ослободувањето – 13 Ноември08:49По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00
Мицкоски: Жителите на Каменик ќе добијат систем за водоснабдување, проект во соработка помеѓу Кисела Вода и Владата11:55
По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00
СветПотврдена средба на Трамп, Си Џинпинг и Путин в четврток во КинаБелата куќа потврди. Следната недела во четврток во кинескиот град Шенжен ќе се одржи состанок на Доналд Трамп, Си Џинпинг и Владимир Путин, на маргините на Самитот на Азиско-пацифичката економска соработка -АПЕК.Портпаролката на Белата куќа, Оливија Велс, изјави дека една од главните теми на разговорите ќе биде намалувањето на нуклеарното оружје. Претседателот јасно стави до знаење дека ќе се занимава со прашањето за намалување на нуклеарното оружје во светот. Американски претставник, кој зборувал под услов на анонимност, открил дека Трамп планира на средбата да го отвори и прашањето за Иран, а темата за Украина најверојатно нема да биде дел од трилатералните разговори, бидејќи сад водат одделни дипломатски процеси со Киев и Москва, во кои Кина не учествува. Американскиот претседател ќе отпатува во азија во понеделник, а според најавите, најпрво ќе ги посети филипините, по што ќе замине за шенжен, каде ќе се одржи самитот на АПЕК.Тагови: Владимир Путин Доналд Трамп Си Џинпинг Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветКуба се подготвува за можен американски воен нападКуба се подготвува за можен американски воен напад по изјавите на американскиот претседател Доналд Трамп, кои беа протолкувани како закана за воена интервенција. Ова го изјави кубанскиот претседател Мигел Дијаз-Канел, кој порача дека земјата е подготвена да се брани од секоја странска агресија. „Одлучни сме да го одбиеме секој обид за странска воена агресија врз нашата земја“, рече Канел. Неговата изјава следува откако Трамп прашан дали би размислил за воена интервенција со цел да ја „ослободи“ Куба, за американски медиуми рече: „Сакам да ја решам Куба пред да си заминам“. Тој додаде дека САД внимателно ја следат ситуацијата на островот, оценувајќи дека земјата е во многу лоша состојба и дека практично е пропадната држава. Тагови: куба Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter