3ВМРО-ДПМНЕ: Најстрого го осудуваме сквернавењето на македонското знаме во Гостивар, ги повикуваме надлежните институции да постапат
Последиците од користење канабис стануваат сериозни по 30. година- научниците предупредуваат на ризиците
1Последиците од користење канабис стануваат сериозни по 30. година- научниците предупредуваат на ризиците
ТехнологијаЕвропските издавачи го пријавиле Гугл во ЕК за кршење на правилата за конкуренција Европскиот совет на издавачи (EPC) го пријави Google до Европската комисија, тврдејќи дека ги прекршува правилата за еднаква конкуренција во секторот за дигитално рекламирање.Google на Alphabet генерирал 147 милијарди долари за онлајн рекламирање во 2020 година, повеќе од која било друга компанија во светот. Тој објавува реклами на резултатите од пребарувањето, на YouTube и Gmail и тие го сочинуваат најголемиот дел од неговиот приход и профит. Околу 16 отсто од приходите доаѓаат од технологијата што ја користат медиумските компании за продавање реклами на нивните веб-локации и апликации. Европската комисија започнала истрага во јуни за да утврди дали Google ги фаворизира своите технолошки услуги за онлајн рекламирање на штета на конкурентите, огласувачите и онлајн издавачите. Здружението на издавачи, чии членови се Axel Springer, News UK, Conde Nast, Bonnier News и Editorial Prensa Iberica, го пријавиле софтверскиот гигант до Европската комисија, тврдејќи дека ги држи со врзани раце со технологијата за рекламирање. „Крајно време е Европската комисија да му препише мерки на Google кои навистина ќе се променат, а не само што ќе го отежнат неговото однесување“, рече претседателот на EPC, Кристијан Ван Тило. „Гугл воспостави целосна контрола врз синџирот на вредност на технологијата за рекламирање, фалејќи се со пазарни удели од 90 до 100 проценти“, нагласи Ван Тило. Google реагира дека издавачите имаат корист од услугите што ги нуди нивната рекламна технологија. „Кога издавачите одлучуваат да ги користат нашите рекламни услуги, тие го задржуваат најголемиот дел од приходите. Секоја година плаќаме милијарди долари директно на издавачките партнери во нашата рекламна мрежа“, рече портпаролката на американската компанија. Еврокомесарката Маргрете Вестагер во три случаи го казни Гугл со повеќе од осум милијарди евра во последните години поради кршење на правилата за конкуренција, објави Ројтерс.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МетеоПриватните гинеколози не се согласиле со ФЗОМ за новиот петгодишен договор Здружението на приватни гинеколози и акушери реагира на соопштението на Фондот за здравство за наводна согласност за новиот петгодишен договор.. -На разговорот не беше постигната согласност. Фондот не прифати ниту еден од нашите предлози, а Здружението не даде согласност ниту за новиот договор ниту за повисоките договорни казни. Соопштението на ФЗО остава впечаток дека договорите се усогласени со претставниците на сите здравствени дејности. Во делот што се однесува на матичната гинекологија, таквиот впечаток е погрешен. Бараме ФЗО јавно да појасни дека новиот договор за матичните гинеколози е утврден без согласност од нашето Здружение и да образложи зошто не ги прифати предлозите што ги доставивме – реагираа од Здружението на приватни гинеколози.. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаОд Бардовци во Шутка, 30 дена притвор за гостиварецот што крвнички ја претепал сопругатаПедесет и двегодишникот од гостиварско што крвничи ја претепа својата сопруга од Психијатриската болница во Бардовци доцна синоќа е пренесен во затворот Шутка.Педесет и двегодишникот од гостиварско што крвничи ја претепа својата сопруга од Психијатриската болница во Бардовци доцна синоќа е пренесен во затворот Шутка, откако судот го прифати барањето за триесетдневен притвор, потврдуваат од Гостиварскиот суд за Канал 5... Поради проценка за менталната состојба за обвинетиот мора да има и вештачење во однос на неговата пресметливост, па потоа ќе се знае дали ќе биде вратен за издржување на мерката во Бардовци, брифираат од Гостиварскиот суд. Според податоците тој претходно бил осудуван, но за кривично дело кражба... Во меѓувреме, состојбата на неговата четириесет и двегодишна сопруга која според првичните информации два дена била тепана пред да заврши на КАРИЛ, се уште е загрижувачка... Поради сериозноста на повредите таа е на интензивна нега, има крварење во главата и четири скршени ребра, но е стабилна и контактибилна, информираат од ТОАРИЛУЦ за Канал 5... Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ: Најстрого го осудуваме сквернавењето на македонското знаме во Гостивар, ги повикуваме надлежните институции да постапатВМРО-ДПМНЕ најостро го осудува симнувањето и сквернавењето на македонското знаме во Гостивар.Македонското знаме е државен симбол и секое негово непочитување треба да биде веднаш санкционирано. Ваквиот однос на поединци во општеството создава поделби, а не сплотување. Ги повикуваме надлежните институции веднаш да постапат и да ги идентификуваат сторителите, се наведува во партиското соопштение.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter