Европските фудбалски екипи летово на засилувања потрошија 2,5 милијарди евра - Канал 5

Европските фудбалски екипи летово на засилувања потрошија 2,5 милијарди евра

Синоќа точно во 24 часот во многу фудбалски лиги на Стариот континент официјално е завршен преодниот рок.

Европските фудбалски екипи  летово на засилувања потрошија 2,5 милијарди евра
Летово на засилувања европските фудбалски екипи потрошија повеќе од 2,5 милијарди евра.

Европските лиги една по една го завршуваа преодниот рок, Бундеслигата својата фудбалска берза ја затвори во 18 часот, Франција и уште неколку држави работеа и по полноќ.

Следна можност за засилувања екипите ќе ги имаат следната година за време на јануарскиот преоден рок.

Секако и ова летот најголемите трансфери се реализирани во Велика Британија. Премиер лигашите за засилувања потрошија повеќе од 1,1 милијарда евра (точно 857,7 милиони фунти) со што е срушен досегашниот рекорд , од 630 милиони фунти.

Најзначајни фактори кои допринесоа за ваков рекорден летен преоден рок се секако новите договори за ТВ права, договори кои носат огромни дополнителни средства во клубовите, лошиот пласман на Манчестер Јунајтед , но и новиот договор на гигантот од Олд Трафорд со Адидас и Шевролет.
Манчестер Јунајтед прв пат во последните 15 години е најголемиот купец на фудбалската берза.

View image on Twitter

Црвените ѓаволи летово потрошија фантастични 153 милион и фунти на засилувања, надминувајќи го второпласираниот Ливерпул за 35 милиони фунти. На третата позиција е Челзи со 87,7 милиони фунти.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Венецијанската комисија ќе го оценува новиот модел за полагање на правосудниот испит

Владата ќе побара итно мислење од Венецијанската комисија за предложениот модел за полагање на Правосудниот испит.

Венецијанската комисија ќе го оценува новиот модел за полагање на правосудниот испит

Со овој чекор, како што соопштуваат од Министерството за правда, се обезбедува независна меѓународна експертска оцена за усогласеноста на предложеното решение со Уставот, меѓународните правни инструменти и европските стандарди.За време на престојот на експертите предвидени се и практични демонстрации на писмениот дел од испитот во Апелациониот суд во Скопје, како и на усниот дел во просториите на Министерството за правда..

Предложениот модел предвидува воведување единствен систем на полагање, со еднакви услови и исти професионални критериуми за сите кандидати, без посебни испити или различни стандарди, велат од правда..

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Џип удри во луѓе во Лос Анџелес, тројца загинати

Најмалку три лица загинаа, а тројца други се сериозно повредени откако џип влета во група пешаци во населбата Норт Холивуд во Лос Анџелес, пренесува Ројтерс. 

Џип удри во луѓе во Лос Анџелес, тројца загинати

Инцидентот се случил нешто пред 18:00 часот по локално време. Полицијата сè уште работи на утврдување на точните околности – конкретно, дали возачот намерно удрил во луѓето или станува збор за несреќен случај.

„Мораме точно да утврдиме што се случило и што довело до оваа трагедија“, изјави Кетрин Барџер, членка на Одборот на супервизори на округот Лос Анџелес. „Ќе ја следам истрагата и ќе барам дополнителни информации како што ќе излегуваат на виделина нови факти“, додаде таа.

Според претставници на полицијата и противпожарната служба во Лос Анџелес, три лица загинале на самото место, додека двајца пешаци и возачот на теренско возило биле пренесени во болница.

Градоначалничката на Лос Анџелес, Карен Бас, изјави дека теренско возило излетало на тротоарот и удрило во група улични продавачи и минувачи. Таа додаде дека службите за итни случаи се на терен и дека нејзиниот кабинет соработува со надлежните градски служби.

„Срцето ми се крши за семејствата на сите погодени“, напиша таа на платформата X, додавајќи дека ќе сподели дополнителни информации штом ќе станат достапни.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

НБРМ: Компаниите што редовно исплаќале плати преку „АЛТА банка“ АД Битола ќе можат да вршат исплата на плати и придонеси

Народната банка продолжува со постепено олеснување на условите за клиентите на „АЛТА банка“ АД Битола.

НБРМ: Компаниите што редовно исплаќале плати преку „АЛТА банка“ АД Битола ќе можат да вршат исплата на плати и придонеси

Со најновата измена на Решението за администрација се овозможува исплата на плати, заедно со уплата на соодветните даноци и придонеси, за компаниите што во последните три месеци редовно исплаќале плати преку платежните сметки во Банката.

Оваа можност се однесува на компаниите за кои исплатата на плати преку „АЛТА банка“ АД Битола претставува воспоставена практика, односно кои континуирано ја користеле Банката за оваа намена и во трите месеци пред донесувањето на одлуката. Исто така, износот на средствата кои може да се користат од платежната сметка на фирмата во „АЛТА банка“ за исплата на платите може да биде повисок до 5% во однос на вкупниот износ на платите исплатени во октомври. На овој начин се овозможува продолжување на постојните текови на исплата и исполнување на обврските кон вработените и државата, а истовремено се задржува контролата врз одливите на средства од Банката.

Со измената се овозможува и физичките лица во целост да располагаат со новите приливи на своите сметки во „АЛТА банка“ АД Битола, доколку средствата доаѓаат од платежни сметки отворени кај други банки и даватели на платежни услуги. Тоа значи дека граѓаните можат без ограничување на износот да ги користат средствата коишто дополнително ќе им бидат уплатени врз оваа основа.

Народната банка внимателно ја следи состојбата во „АЛТА банка“ АД Битола и продолжува со приспособување на мерките, имајќи ги предвид условите за работење на Банката и потребите на нејзините клиенти. Притоа, приоритет остануваат заштитата на интересите на клиентите и постепеното олеснување на ограничувањата, со задржување на соодветната контрола врз одливите на средства.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер