БалканЕвропските демократи со студентите кои бараат одговори за трагедијата во Нови Сад„Не беше судбина, туку небрежност, корупција, неказнивост“, што укажува дека „се уште нема правда, вистина, одговорност“ за тоаЕвропските демократи објавија дека се со милионите студенти кои денеска ќе излезат на улица за да ги постават прашањата „од кои се плаши системот“, имено кој дозволи пад на настрешницата на железничката станица во Нови Сад и кој ќе биде одговорен за тоа. „Точно пред една година во 11:52 часот, небото се урна врз железничката станица во Нови Сад, шеснаесет животи беа закопани под тони бетон, а зад нив ѕид од тишина“, напишаа Европските демократи на мрежата X, заедно со слика со наслов „една година, шеснаесет жртви, милиони на улиците“. Како што додадоа, „не беше судбина, туку небрежност, корупција, неказнивост“, што укажува дека „се уште нема правда, вистина, одговорност“ за тоа. „Денеска, милиони студенти ќе излезат на улиците. Исто како по железничката несреќа во Темпи, Грција, тие ќе ги постават прашањата од кои системот се плаши - Кој дозволи ова да се случи? Кој ќе биде одговорен за тоа? Ние сме со нив“, пишуваат на мрежата X Европсккте демократи, чии членови во Европскиот парламент припаѓаат на либералната група Да ја обновиме Европа.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ: Филипче пет пари не дава за ГостиварФилипче пет пари не дава за Гостивар, прати дилери на дрога и насилници да прават инциденти во Ново Село.СООПШТЕНИЕ, РЕАКЦИЈА НА СДС Венко Филипче пет пари не дава за Гостивар, прати дилери на дрога и насилници да прават инциденти во Ново Село. „Децата“ на Филипче, кои ги претставува како деца на Македонија во Ново Село, се лица кои се правосилно осудени на условни казни затвор за насилство и за кривично дело поседување дрога и наркотични средства. Христијан Ефтимов, внук на Вице Заев и менаџер на неговата фирма „Тотал Инженеринг“, осуден на една и пол година условна казна затвор бидејќи заедно со Илија Стојанов крвнички тепале луѓе на плоштадот во Струмица. Илија Стојанов, е условно осуден за кривично дело по член 215 став 1 од Кривичниот законик "Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори" затоа што при полициски претрес кај него била пронајдена опојна дрога. СДС има историја и генеза на соработка со луѓе со сомнително однесување, личности кои консумираат наркотични средства и криминалци. Токму затоа СДС денес е без доверба и без кредибилитет токму поради таквите политиките. Со почит, Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаЈанчев: Во напредна фаза се и градежните работи на новиот кружен тек на Северен Булевар!Во напредна фаза се и градежните работи на новиот кружен тек на Северен Булевар!- информира преку својот фејсбук, градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев. Во напредна фаза се и градежните работи на новиот кружен тек на Северен Булевар! Посебна благодарност до Лидл за донацијата и поддршката во реализацијата на овој проект. Со заеднички сили продолжуваме да ја градиме модерна и функционална урбана средина. Овој значаен инфраструктурен проект ќе придонесе за подобрување на сообраќајниот проток, зголемена безбедност и полесно движење за сите граѓани. [✔️] Побрз сообраќај [✔️] Поголема безбедност [✔️] Подобра поврзаност Продолжуваме со инвестиции во инфраструктурата – за подобро секојдневие на сите!Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
КошаркаАлексеј Покушевски се сели во РусијаРепрезенативецот на Србија, Алексеј Покушевски има нов клуб. 24 годишниот Алексеј Покушевски е нов кошаркар на Локомотив Кубан, соопшти клубот. Србинот се раздели со Партизан и му се приклучи на тимот на Локомотив Кубан предводен од Томислав Томовиќ, поранешен стратег на Звезда и помошник-тренер во националниот тим на Србија. На 14-годишна возраст, како еден од најголемите европски таленти на своја возраст Покушевски се пресели во системот на атински Олимпијакос. На само 17 години, популарниот Поко дебитираше во Евролигата и влезе во историјата на грчкиот гигант како најмлад играч што зачекорил на теренот во оваа елитна европска конкуренција. Неговиот потенцијал беше забележан и од НБА-скаутите, па во 2020 година беше избран како 17-ти пик на драфтот. Во најсилната лига во светот, тој мина четири сезони играјќи за Оклахома Сити Тандер и Шарлот Хорнетс. Во европската кошарка се врати во 2024 година, кога го облече дресот на белградски Партизан.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook