Европските аеродроми укажуваат на недостастоци во системот ЕЕС за влез во ЕУ - Канал 5

Европските аеродроми укажуваат на недостастоци во системот ЕЕС за влез во ЕУ

 Поради проблеми со новиот систем за влез и излез од Европската Унија (ЕЕС), патниците на европските аеродроми летово одморот би можеле да им го расипе тоа што засега најмногу ги плаши - редиците и чекањата на пасошка контрола.

Европските аеродроми укажуваат на недостастоци во системот ЕЕС за влез во ЕУ

Поради проблеми со новиот систем за влез и излез од Европската Унија (ЕЕС), патниците на европските аеродроми летово одморот би можеле да им го расипе тоа што засега најмногу ги плаши - редиците и чекањата на пасошка контрола, пишува денес германскиот „Ханделсблат“.

Особено во јули и август времето на чекање би можело да биде до четири часа, предупреди Меѓународниот совет на аеродроми ACI, Здружението на европски авиокомпании A4E и Меѓународното здружение на авиокомпании во заедничко писмо упатено до еврокомесарот за внатрешни работи Маркус Брунер.

Раководителот на аеродромот во Минхен и претседател на ACI, Јост Ламерс, изјави за „Ханделсблат“ дека последиците од новиот систем за влез во ЕУ веќе се чувствуваат и дека некои земји пријавиле проблеми „поради долгите чекања“ на аеродромите и „ИТ проблеми“.

„Тоа е многу амбициозен проект, а сè уште сме во месеците со низок број на патувања. Летото е пред врата“, рече Ламерс.

Системот за влез/излез во Шенген зоната - ЕЕС беше лансиран во октомври минатата година, а потоа последователно беше воведен во сите земји-членки на ЕУ. ЕЕС треба автоматски да ги регистрира сите лица што влегуваат во ЕУ од трети земји.

На аеродромите, системот функционира така што кога патникот што влегува во ЕУ оди до машина, таканаречен киоск, го става својот биометриски пасош, а потоа машината го слика и му зема отпечатоци од прсти, кои тој ги споредува со податоците на пасошот. Системот во сите земји-членки на ЕУ треба да биде целосно оперативен до април, пишува Ханделсблат.

Меѓутоа, некои земји доцнат, а причината се и технички проблеми и недостаток на човечки персонал, напишаа во писмо здруженијата ACI, A4E и IATA.

Во случај автоматската контрола да не успее, патникот мора да чека на класичната пасошка контрола, а поради недостаток на службеници, повторно се создаваат долги редици, пишува Ханделсблат.

Проблемот, според дневниот весник, е недоволната примена на апликацијата „ајде да патуваме во Европа“ од страна на Европската агенција за гранична контрола - Фронтекс.

Мобилната апликација им овозможува на патниците од трети земји однапред да извршат добар дел од биометриската пасошка контрола и да го скратат времето на преминување на границата, но во моментов само Шведска ја користи оваа апликација на своите граници, пишува Ханделсблат.

Наведувајќи дека подобрата гранична безбедност е целосно оправдана цел, Ламерс рече дека воведувањето на ЕЕС системот мора да оди побрзо и со подобро искористување на сите потенцијали за дигитализација.

Тој процени дека ЕУ би можела да го примени новиот систем пофлексибилно до крајот на октомври, со откажување од целосно читање на биометриските податоци на патниците во одредени ударни термини.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Google го доживеа најлошиот ден во историјата

Акциите на Alphabet, матичната компанија на Google, вчера го забележаа најголемиот еднодневен пад во историјата на компанијата.

Google го доживеа најлошиот ден во историјата

Нивната вредност се намали за речиси 13 отсто, со што пазарната капитализација на Alphabet се намали за приближно 500 милијарди долари.

Како што пренесува „The Wall Street Journal“, до масовната продажба дојде поради разочарувачките финансиски резултати, забавувањето на растот на приходите од онлајн пребарувањето, како и поради зголемената загриженост кај инвеститорите во врска со огромните трошоци поврзани со развојот на вештачката интелигенција.

Акциите на Alphabet ја завршија трговската сесија на ниво од 283,82 долари, што претставува пад од 12,64 отсто. Ова е вториот најголем еднодневен пад на пазарната вредност за која било компанија во историјата на американскиот берзански пазар. Единствено Nvidia забележа поголем пад – во јануари 2025 година – кога изгуби приближно 593 милијарди долари од својата вредност.

Падот на матичната компанија на Google повлече надолу и дел од американските берзански индекси, особено технолошки ориентираниот индекс Nasdaq.

Инвеститорите беа особено загрижени поради резултатите од бизнисот со рекламирање на Google, кој со децении претставува главен извор на приходи и профит за компанијата. Во третиот квартал, приходите од онлајн пребарувањето на Google пораснаа за 12 отсто во споредба со истиот период минатата година.

Иако ова претставува раст, тој е значително побавен отколку во претходниот дел од годината; приходите од пребарувањето пораснаа за 19 отсто во првиот квартал и за 17 отсто во вториот.

Секторот „Google Services“ – кој ги опфаќа онлајн пребарувањето, YouTube и претплатите – оствари приход од 96,3 милијарди долари, што е под очекувањата на аналитичарите кои предвидуваа 98,5 милијарди долари. Вкупните приходи на Alphabet достигнаа 127,6 милијарди долари – што претставува раст од 25 отсто на годишно ниво – но сепак се под очекувањата на Волстрит. Нето-добивката се намали за 25 отсто, на 26,17 милијарди долари.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Акциска контрола на товарни возила – констатирана 101 неправилност, 25 возила исклучени од сообраќај

При спроведената контрола контролирани се 781 возило, од кои 92 се упатени на технички преглед. 

Акциска контрола на товарни возила – констатирана 101 неправилност, 25 возила исклучени од сообраќај

На 28.10.2026 година, во периодот од 09:00 до 14:00 часот, на територијата на целата држава, Секторот за сообраќајни работи при Министерството за внатрешни работи спроведе акциска контрола на товарни возила, насочена кон откривање и санкционирање на неправилности поврзани со претовар, неправилно сместен и необезбеден товар, техничка исправност на возилата, превоз на лица, како и на моторни возила кои се вклучуваат во сообраќај од земјени патишта, градилишта и слични површини, при што нанесуваат кал на коловозот.

При спроведената контрола контролирани се 781 возило, од кои 92 се упатени на технички преглед. Констатирани се 101 неправилност, а поради утврдените неправилности, 25 возила се исклучени од сообраќај.

Во рамки на контролата евидентирани се и три случаи на кривичното дело „безобѕирно управување со моторно возило“, согласно член 297-а од Кривичниот законик.

Дополнително, констатирани се и 219 прекршоци од друг вид.

За сите констатирани прекршоци преземени се соодветни мерки согласно законските прописи.

Министерството за внатрешни работи продолжува со спроведување на акциски сообраќајни контроли и апелира до возачите и превозниците да ја почитуваат законската регулатива, да обезбедат техничка исправност на возилата и правилно сместување и обезбедување на товарот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Вучевска Петковска: Крива Паланка тоне во долгови, а ветените мерки за пензионерите, бесплатниот оброк за учениците и пречистителната станица останаа само на хартија

​За неколку дена ќе наврши една година од вториот мандат на градоначалникот Сашко Митовски.

Вучевска Петковска: Крива Паланка тоне во долгови, а ветените мерки за пензионерите, бесплатниот оброк за учениците и пречистителната станица останаа само на хартија

Една година е доволно време за граѓаните да побараат отчет. И затоа денес прашуваме: Што доби Крива Паланка за оваа една година, добивме ли решени комунални проблеми, добивме ли подобри услуги или добивме нешто друго, поголеми долгови и нереализирани ветувања.

Според податоците со кои располага нашата советничка група, заклучно со 30 јуни 2026 година, обврските на Општина Крива Паланка достигнале околу 128 милиони денари. А тоа не е крајната состојба. Во третиот квартал обврските продолжуваат да растат. Граѓаните не гласаа за нов список со ветувања, гласаа за реализација.

Загрижува и случајот со Европската куќа. Просторот е затворен, а зградата која е сопственост на Општина Крива Паланка, според информациите со кои располагаме, е одземена од страна на извршител поради неплатени догови на Општината. Спротивно на тоа на граѓаните им беше ветено нов Младински центар.

Затоа прашуваме: Како се ветуваат нови простори, ако не успевме да го заштитиме постојниот општински имот? По кој основ е поведена извршната постапка, колкави обврски стојат зад ова и што презела општината за да го заштити својот имот? Не може да се зборува за развој, ако општината губи контрола врз сопствениот имот. И тука е клучното прашање: Ако долгот расте, каде се резултатите?

Во предизборниот период на граѓаните им беа ветени многу работи. Бесплатен оброк за учениците до петто одделение. Финансиска поддршка за пензионери со ниски примања од 3000 до 6000 денари. Финансиска поддршка за пензионерите за набавка на огревно дрво. Ветена беше и балон-сала во дворот на Касарната. Главен фекален колектор и пречистителна станица. Решавање на проблемите со свлечишта и други инфраструктурни проблеми.

Но, граѓаните имаат право да прашаат: Што е направено досега, дали за ветените проекти има проектна документација, дали се обезбедени средства, дали е започната постапка и кога точно ќе се реализираат? Затоа што граѓаните не гласаа за нови ветувања. Гласаа за реализација.

Особено загрижува состојбата во ЈП „Комуналец“. Според информациите со кои располагаме, претпријатието се соочува со сериозни финансиски проблеми, а на вработените сè уште не им е целосно исплатена плата за месец август. Затоа прашуваме: Колкав е долгот на ЈП „Комуналец“? Колкави се неговите доспеани обврски? Колку се должи за плати, придонеси и добавувачи? И кој е планот за излез од оваа состојба?

Не може општината да бара нови задолжувања, а истовремено долгот да расте и јавното претпријатие да се соочува со финансиски проблеми. Ние како советничка група не бегаме од одговорност. Напротив. Ќе продолжиме на секоја седница да бараме бројки, документи и отчет. И затоа денес испраќаме јасна порака: Не бараме политички пресметки. Бараме отчет. Не бараме нови оправдувања. Бараме резултати. Не бараме нови ветувања. Бараме реализација.

Единствено нешто што беше забележано во предходната година е реализација на проектите кои ги финансираше Владата на Република Македонија предводена од ВМРО-ДПМНЕ.

Крива Паланка заслужува да знае каде одат нејзините пари. Крива Паланка заслужува функционално јавно претпријатие. Крива Паланка заслужува инфраструктура и решени комунални проблеми. И пред сè граѓаните заслужуваат одговор на едно едноставно прашање: По една година од вториот мандат – каде се резултатите што го оправдуваат растот на долгот?

Тоа е прашањето на кое градоначалникот и општинската власт треба да одговорат пред граѓаните. Не со зборови. Туку со бројки. Не со ветувања. Туку со реализирани проекти.

YouTube video

Слаѓана Вучевска Петковска, советничка во Советот на Општина Крива Паланка

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер