Европскиот совет одобри старт на преговорите за членство со БиХ - Канал 5

Европскиот совет одобри старт на преговорите за членство со БиХ

Најавите се оствaрија. По нешто повеќе од една година со статус земја кандидат, Босна и Херцеговина доби зелено светло од Европскиот Совет да ги отвори пристапните преговори со Европската Унија.

Европскиот совет одобри старт на преговорите за членство со БиХ

-Ја поздравувам историската одлука на лидерите за отворање на пристапните преговори со Босна и Херцеговина. Земјата направи импресивни чекори во приближувањето кон ЕУ., изјави Урсула фон дер Лајен, претседателка на Европската Комисија.

-Ја повикуваме Комисијата да ги преземе чекорите што ќе бидат потребни, имајќи ги предвид релевантните чекори што треба да ги преземе Босна и Херцеговина. , изјави Шарл Мишел, претседател на Европскиот совет.

Но, за суштински почеток на преговорите и отворање на поглавјата, Сараево го чека долг список задачи, листа од 14 критериуми испорачани од Европската Комисија, во најголем дел, од сферата на владењето на правото и функционирањето на институциите. Преговарачката рамка наскоро ќе биде изготвена, но ќе остане во фиока додека земјата не ги исполни условите.

-Ние буквално имаме шанса да ако во периодот од неколку месеци усвоиме уште неколку важни закони, буквално да ги стигнеме Украина и Молдавија, кои ни се чинеа недостижни, изјави Елмедин Конаковиќ, министер за надворешни работи на БиХ.

За дел од домашната и регионалната јавност, прерано е за еуфорија, имајќи ги предвид искуствата во регионот.

-Ако ја погледнеме, на пример, Македонија таа на почеток на преговорите чекаше 17 години. Ако погледнеме што се случи со Албанија ќе се сетиме дека зелено светло доби во 2020-та и до овој момент, внимавајте, се уште не отвори ниту едно преговарачко поглавје. , вели Ардуана Прибиња, новинарка на Ал Џезира Балканс.

-Преговорите на БиХ ќе траат во наредните 500 години. Подолго ќе преговараат, отколку што беа под Турците. И тоа е нечесно кон тој народ, Зоран Милановиќ, претседател на Хрватска.

Македонското европско досие воопшто не се најде во доцна синоќа објавените заклучоци на Европскиот Совет, каде се споменати само Босна, Украина и Молдавија, но пред три дена еврокомесарот за проширување Вархеји потсети дека уставните измени се неопходни за клучниот исчекор.

-Македонија се соочува со избори. Се надевам дека владата која ќе дојде по изборите, ќе ја забрза својата работа, работа која на некој начин беше запоставена во изминатите година, две., изјави Оливер Вархеји, еврокомесар за проширување.

Во последните заколучоци на Советот за земјава објавени во декември се вели дека втората Меѓувладина конференција ќе биде свикана без одложувања веднаш што Македонија го спроведе процесот на уставни измени.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Непоткрепена порака за ешерихија коли во водата за пиење шири паника низ Скопје, остар демант од Град Скопје

Една чаша вода како одговор на информациите дека скопската вода не е безбедна за пиење. 

Непоткрепена порака за ешерихија коли во водата за пиење шири паника низ Скопје, остар демант од Град Скопје

Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски пред камерите испи вода од чешма, уверувајќи ги скопјани дека нема место за паника, дека во водата нема бактерии и дека таа е целосно безбедна за пиење.

Откако изминативе денови на социјалните мрежи се ширеа предупредувања дека во скопската вода има бактерија ешерихија коли, Ѓорѓиевски на вонредна прес-конференција обвини за организирано ширење паника од опозициски структури. Најави дека ќе бидат идентификувани профилите кои ги ширеле дезинформациите и дека за нив соодветно ќе постапува МВР. Дека водата согласно последните испирувања е и хемиски и микробиолошки исправна уверуваат и од ЈП „Водовод и канализација“. Оттаму велат дека водата секојдневно се испитува од околу 40 точки низ градот, а по појавата на информациите била направена и вонредна ПЦР-анализа, која исто така не покажала присуство на бактерии.

-Ние имаме една од 5-те најдобри води и извори во Европа и одговорно тврдам и стојам позади тоа. Јас не сум монстум кој што ќе дозволи макар еден живот на моите сограѓани да биде загрозен..Ова е организиран напад за ширење на хистерија, според мене рамно на терористички напад и од утринава се сублимираат сите профили и лажните а и оние приватни а се припадници на опозициските партии и уредно во текот на денот од директорот на Водовод ќе бидат доставени до МВР. - Орце Ѓорѓиевски – градоначалник на град Скопје

- Земен е уште еден вонреден примерок од водоснабдителниот систем, од мерно место фабрика Пивара и е направена брза ПСР анализа. Таа е брза анализа која за помалку од 4 часа имаме основни индикаторски параметри каде е констатирано дека не е утврдено присуство на ешерихија коли, ниту на колиформни бактерии, ниту на псевдомонас.- Емилија Јанеска – ЈП „Водовод и Канализација“

Покрај градските власти, информациите дека скопската вода е неисправна ги демантираа и од АХВ, ИЈЗ и од Министерството за здравство. Од АХВ посочија дека немаат информација за незадоволителни резултати од лабораториско испитување на водата за пиење, што е нивна законска обврска, додека од Министерството за здравство велат дека досега нема регистриран ниту хоспитализиран пациент чија здравствена состојба се поврзува со пиење вода од скопскиот водовод. Директорот на Инфективната клиника, Фадил Цана, вели дека дека иако бројот на пациенти е зголемен поради високите температури, кај ниту еден нема индикации дека причината за хоспитализација е водата.

-Бројот е зголемен но не е над нормалата, споредбено со другите години тука е во очекуваниот раст, така што немаме податоци дека некој има гастро интестинални тегоби поради пиење на вода. - Фадил Цана – Директор на Клиника за инфективни болести

Во меѓувреме, ОЈО соопшти дека по допрен глас оформило предмет за проверка на информациите за енормно загадување со отпад, во заштитено подрачје во близина на изворите Рашче. Ѓорѓиевски ја поздрави одлуката на обвинителството, посочувајќи дека иако депонијата не е во надлежност на Градот, градските служби во моментов ја чистат. Според него, депонијата се наоѓа на значително растојание од изворите Рашче и не може да предизвика загадување на водоснабдителниот систем.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Канал 5 дознава: Шестмина се приведени за пораките дека во водата во Скопје е пронајдена бактерија

Полицијата попладнево почна да приведува луѓе во врска со пораките што ги вознемирија скопјани за наводна загаденост на водата, дознава Канал 5.

Канал 5 дознава: Шестмина се приведени за пораките дека во водата во Скопје е пронајдена бактерија

Шестмина се приведени попладнево во полициските станици низ Скопје на информативен разговор во врска со пораките кои се ширеа од синоќа со тврдење дека во водата во Скопје е пронајдена бактеријата ешерихија коли, дознава Канал 5. Според инфромаците, двајца од нив се во полициската станица во Кисела Вода, а останатите во другите станици низ главниот град, а сите се повикани по претходна пријава од градоналникот на Скопје Орце Ѓорѓиевски. Тој на прес конференција оцени дека станува збор за оркестрирано ширење дезинформации и паника, за што очекува да има и одговорност.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

115 санкции за непрописно престигнување на територија на цела држава

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. 

115 санкции за непрописно престигнување на територија на цела држава

Во текот на вчерашниот ден (11.08.2026) во периодот од 16:00 до 21:00 часот Секторот за сообраќајни работи при Министерството за внатрешни работи спроведе акциска контрола за санкционирање на возила кои непрописно престигнуваат на територијата на целата држава, при што санкционирани се 115 возачи. Од нив, 35 на територијата на СВР Тетово, 34 на територија на СВР Охрид, 19 на територија на СВР Битола... За време на контролата санкционирани се и 224 други видови на прекршоци.

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер