Европскиот шампион Италија можеби сепак ќе игра на Мундијалот во Катар?! - Канал 5

Европскиот шампион Италија можеби сепак ќе игра на Мундијалот во Катар?!

Европскиот фудбалски шампион Италија и покрај поразот од Македонија во полуфиналето од мундијалкиот бараж според медиумите сепак би можел да заигра на Светскиот шампионат во Катар во декември годинава. 

Европскиот шампион Италија можеби сепак ќе игра на Мундијалот во Катар?!

Италијанската фудбалска федерација откако селекцијата загуби на зелениот терен во дуелот со Македонија со 1-0 на домашен терен во Палермо сега битката ја води на зелената маса.

Италијанските медиуми пренесуваат шокантната вест - репрезентација може да се пласира на Светското првенство, под услов Иран да биде елиминиран од Мундијалот поради нефудбалски причини!

-Можна причина за ваквата одлука е тоа што Иранците забранија присуство на жени на трибините на квалификацискиот натпревар против Либан (2:0). И покрај препораките на ФИФА, Иранците не дозволија 2.000 жени да влезат на стадионот и да го следат мечот, иако тие имаа уредно платени билети.

Светската куќа на фудбалот веќе ги предупреди федерациите да размислуваат за таа забрана, но тоа очигледно не беше премногу важно за Иран. Затоа сега има мали шанси Италија која е четирикратен светски првак сепак да биде дел од Мундијалот во Катар.

Вознемиреност кај Иранците внесе и членот на најтесното раководство на локалната федерација, Мердад Серадши, кои на Твитер објавија дека „чул загрижувачки информации од Азиската и Светската фудбалска федерација“.

Доколку се случи ова сценарио, најголема корист ќе имаат се уште шокираните Италијанци, бидејќи ФИФА го задржува правото на СП 2022 да ја испрати најдобро пласираната селекција од ранг- листата, која не изборила учество преку квалификациите.

Во случај Иран да добие забрана за учество, таа репрезентација ќе биде втората која нема да се натпреварува, по Русија. „Зборнаја команда“ поради војната во Украина доби забрана од настап во баражот за Мундијалот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Претрес во Гостивар, пронајдена дрога, лишено од слобода едно лице

На 01.11.2026 во 00:40 часот во Гостивар, полициски службеници од ОВР Гостивар го лишија од слобода С.Ј.(48) од Гостивар затоа што при преглед кај него биле пронајдени и одземени бела прашкаста материја и марихуана.

Претрес во Гостивар, пронајдена дрога, лишено од слобода едно лице

Подоцна, со судска наредба, извршен е и претрес во неговиот дом и помошните простории, при што биле пронајдени и одземени марихуана и дигитална вага. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде подонесена соодветна пријава.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Дали би му го довериле својот живот? Поднесен е патент за „кочење на допир“ (ФОТО)

Кај модерните автомобили, каде што е можно, се елиминираат жиците и механичките врски, а овој тренд сè повеќе се проширува и на системите за сопирање. 

Дали би му го довериле својот живот? Поднесен е патент за „кочење на допир“ (ФОТО)

Сепак, ова го отвора прашањето: што треба да направите ако „електронските“ сопирачки откажат?

Според веб-страницата „CarMoses“, се чини дека „Bosch“ пронашол решение за „најлошото можно сценарио“ – конкретно, кога електрониката одговорна за системот за сопирање во автомобилот ќе откаже. Поднесена е пријава за патент за „резервен“ систем за сопирање, кој се потпира на специјализирани контроли и конфигурација што користи три одделни контролни единици.

Првата и втората контролна единица управуваат со стандардните операции на сопирање, додека третата постојано ги следи и надгледува. „Bosch“ предлага две сценарија за тоа што се случува доколку „редовниот“ систем за сопирање откаже.

Во првото сценарио, доколку возачот добие известување дека сопирачките не функционираат од која било причина, тој може да ги активира сопирачките преку копче за итни случаи, сместено на екранот на инфо-забавниот систем во возилото.

Во второто сценарио, возачот би користел копче за сопирање поставено директно на воланот – локација што овозможува полесен пристап, без потреба возачот да го трга погледот од патот. Понатаму, се наведува дека возачот би можел дури и да ја модулира силата на сопирање – применувајќи посилно или послабо сопирање – преку менување на времетраењето на притисокот врз копчето.

Ова решение би можело да биде корисно, бидејќи им нуди на возачите поголема контрола врз интензитетот на сопирање и обезбедува дополнителни опции во итни ситуации. Сепак, во итни случаи, посегнувањето кон екранот на допир од инфо-забавниот систем веројатно не е првото нешто што би ви паднало на памет, додека копче на воланот би имало малку повеќе смисла.

Секако, сè уште сме далеку од сериозни разговори за примена на оваа технологија, но интересно е да се видат различните насоки во кои размислуваат компаниите во однос на иднината на автомобилот.

Извор: Б92

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Уапсен Давор Мацура: Полицијата повеќе од 30 часа ја пребарувала банката

Давор Мацура, сопственикот на Алта банка, над која е прогласен стечај, бил приведен ноќеска, дознаваат српските медиуми.

Уапсен Давор Мацура: Полицијата повеќе од 30 часа ја пребарувала банката

Претходно, полицијата повеќе од 30 часа, односно од саботата, вршела претрес во просториите на Алта банка, на која во раните утрински часови во саботата Извршниот одбор на Народната банка на Србија ѝ ја одзел дозволата за работа, по што бил прогласен стечај.

Наскоро повеќе информации.

Извор: Б92

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер