Поранешен кошаркар на „Жалгирис“ се соочува со сериозна затворска казна! Оштетил жртви за два милиона долари, а сега сè признал!
1Поранешен кошаркар на „Жалгирис“ се соочува со сериозна затворска казна! Оштетил жртви за два милиона долари, а сега сè признал!
Други спортовиЕвропскиот првак во биатлон Бакен почина на 27-годишна возрастНорвешкиот биатлонец Сиверт Гуторм Бакен почина ненадејно на 27-годишна возраст за време на подготовките во Италија, објави Меѓународната федерација во биатлон (ИБУ).Според информациите објавени во норвешките медиуми, Бакен бил пронајден мртов во хотелска соба во алпскиот град Лавазе, во италијанскиот регион Трентино. Во 2022 година, на Бакен му беше дијагностициран миокардитис, воспаление на срцевиот мускул, поради што не се натпреваруваше некое време, а по закрепнувањето, успешно се врати на натпреварите. Бакен, кој беше актуелен европски шампион во спринт на 10 километри, како и двократен европски првак во штафетни дисциплини, се подготвуваше да настапи на претстојните Зимски олимписки игри Милано-Кортина „Длабоко сме шокирани и потресени од трагичната вест за ненадејната смрт на Сиверт Бакен. Неговото враќање во биатлонот по тежок период беше извор на голема радост за целото семејство на биатлонот и инспиративен пример за неговата сила и решителност“, рече претседателот на ИБУ, Оле Дален. Тагови: Сиверт Гуторм Бакен Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветДва товарни брода погодени од дронови во близина на бугарскиот брегДва товарни брода синоќа биле погодени од дронови во одделни инциденти во Црното Море, во близина на бугарскиот брег. Едниот кој пловел под знаме на Гвинеја Бисао потонал, а од неговиот екипаж се исчезнати 11 морнари по кои се уште се трага. Од вториот брод, кој пловел под знамето на Малта и бил погоден од три дрона, бил спасен целиот екипаж со 15 членови. .По нападите, бугарскиот премиер Румен Радев денеска се сретна со руската амбасадорка Елеонора Митрофанова. Радев побара да се утврди кој стои зад нападите и да се повикаат на одговорност, порачувајки дека иако Бугарија нема јасни и кочени докази за потеклото на дроновите, тој смета дека последиците и одат во прилог на Русија. -Ова е апсолутно неприфатливо. Уште еден напад во непосредна близина на бугарските територијални води. Не располагаме со цврсти и јасни докази за да обвиниме која било од страните, но логиката укажува на она што го изјавив, дека исходот е во корист на Руската Федерација.- Румен Радев – премиер на Бугарија Како што соопштија од бугарската владина информативна служба, Митрофанова на средбата изјавила дека ја разбира логиката на Радев, но дека таа немала никакви информации од Министерството за одбрана на Руската федерација поврзани со последните напади во Ценото Море. Митрофанова не ја исклучила можноста нападите да претставуваат провокација од трета страна. Со реакции излегоа и НАТО и ЕУ. Генералниот сектетар на Алијансата, Марк Руте на социјалната мрежа х напиша дека разговарал со Радев и дека НАТО ќе продолжи да соработува со сојузниците во регионот, да ја следи безбедносната состојба и да ги приспособува одбранбените мерки според потребите. Нападите ги осуди и претседателката на Европската комисија Урсула фон деј Лајен, порачувајки дека одговорните мора да сносат последици. Таа оцени дека Црното море станува нов фронт на ескалација во руската војна против Украина. Ова е втор ваков инцидент во близина на бугарскиот брег за само една недела, откако минатата недела исто така беа погодени два трговски брода, од кој едниот потона, а десет членови на екипажот беа пријавени како исчезнати.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЗдравјеЗдружението на медицински сестри „За нас, “ бараат носење на декларација за безбедност при работаЗдружението на медицински сестри и техничари „За нас“ бара спроведување на Декларацијата за безбедност кој беше донесена на петтиот меѓународен конгрес во Струга на медицински сестри „Грижа за оние кои се грижат за сите“. Во декларацијата се бара патека во која ќе биде заштитено здравјето на медицинскиот персонал, а со тоа и здравјето на пацеинетите. Таа потенцира дека не само платата кај медицинскисте сестри важен е статутот, заштита на сестрите и итно носење на Законот за сестри со поддршка и на лекарската комора. Бешлиовска како симбол ја носи униформата на медицинска сестра за правата на медицинскисте сестри. Се надева дека во наредниот период ќе бидат слушнати нејзините барања и униформата ќе биде достоен симбол на секоја сестра, акушерка и техничар во болниците. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЗдравјеЦелата акција за вакцинација против грип ќе почне на време, уверува КлековскиЦелата акција за вакцинација против грип ќе почне на време, уверува Министерот за здравство Сашо Клековски.Целата акција за вакцинација против грип ќе почне на време, уверува Министерот за здравство Сашо Клековски, посочувајќи дека пристигнатите 30.000 вакцини се наменети за најризичните категории на граѓани, што значи дека принципот „прв дојден, прв услужен“ овој пат нема да важи. За да добиете бесплатна вакцина против грип ќе мора да се пријавите електронски, на „мој термин“, што се очекува да биде овозможено најдоцна од утре, а Центарот за јавно здравје ќе одредува кој има приоритет да биде имунизиран. Сепак, со цел да се поттикне пријавувањето, Министерот прв ќе се вакцинира. -Мој термин треба да е денеска или утре подготвен и отворен за пријавување. Во моментот ја организираме логистиката и со Центрите за јавно здравје. Мое очекување е дека во оние стандардни термини кога започнувала имунизацијата во земјата а тоа е од 16-ти до 25 октомври ќе започне вакцинацијата. Јас ќе бидам првиот што ќе се вакцинирам за да го поттикнеме пријавувањето. Ние работиме да стигнеме до 80.000 дози да постигнеме. Ни беше важно да стигнат привите 30.000 за да почнеме веднаш со најризичните групи. На 15-ти ноември ќе ги имаме следните 26.000, а во меѓувреме работиме да го обезбедиме остатокот до 80.000. Ќе дадеме предност на ризичните групи. Кој проценува? Во основа по дијагнози Центрите за јавно здравје.- Сашо Клековски – Министер за здравство Клековски вели дека денови се во прашање во однос на набавката на БСЖ вакцината против туберколоза од јапонски производител, откако пред една недела се стопираше имунизацијата на новороденцињата во Македонија со онаа од бугарскиот производител „Бул био“ поради алармот што пристигна од Хрватска за сомнежи за нејзиниот квалитет, што беше вклучен поради зголемен број на случаи на остеомиолитис, или инфекција на коските кај деца. -Во тек е организација на логистиката, тие се набавуваат од централното депо на УНИЦЕФ, се завршуваат деталите и се навдевам дека за многу скоро ќе биде стигната во Македонија и дека нема да има проблеми во однос на прекинот на имунизацијата (колку долго ќе трае паузата), изјави Клековски. Инаку Клековски денеска го отвори реконструираниот машки оддел во Психијатриската болница Бардовци за што се одвоени околу 300.000 евра за инсталации, решетки, прозорци и реновирање на тоалети, посочувајќи дека нечовечките услови во ваквите установи мора да станат минато. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter