3Најмалку 14 загинати во верижен судар во Емиратите- телата ги идентификуваат со помош на ДНК (ВИДЕО)
ЕвропаЕвропскиот парламент одобри заем од 90 милијарди евра за УкраинаЗаемот за Украина беше одобрен со 458 гласа „за“, 140 „против“ и 44 воздржани. Европскиот парламент денеска одобри пакет финансиски мерки за Украина, вклучувајќи заем од Европската унија од 90 милијарди евра за 2026 и 2027 година, измени во механизмот на ЕУ за Украина и амандман на повеќегодишната финансиска рамка за 2021-2027 година, така што буџетската резерва на ЕУ може да се користи како гаранција за заемот и за покривање на трошоците за опслужување на долгот. Заемот за Украина беше одобрен со 458 гласа „за“, 140 „против“ и 44 воздржани. Измените во механизмот за Украина беа одобрени со 473 гласа „за“, 140 „против“ и 32 воздржани. Амандманот на повеќегодишната финансиска рамка беше одобрен со 490 гласа „за“, 130 „против“ и 32 воздржани. Пакетот е дел од спроведувањето на засилена соработка меѓу 25 земји-членки и има за цел да обезбеди предвидлива, континуирана и флексибилна финансиска поддршка на Киев во услови на континуирана руска агресија и растечки потреби за финансирање на реконструкцијата и одбраната. Денес усвоената регулатива предвидува воспоставување на „Заем за поддршка на Украина“ за 2026-2027 година, финансиран со задолжување од Европската комисија на пазарите на капитал. Заемот ќе има ограничено право на регрес и ќе биде доспеан по исполнување на одредени услови, вклучително и прием од страна на Украина на репарации од Русија или утврдени прекршувања поврзани со измама или корупција. Средствата ќе бидат насочени по неколку линии - како буџетска поддршка во форма на макрофинансиска помош, како и поддршка за капацитетот на украинската одбранбена индустрија. Во рамки на макрофинансиската помош, Комисијата ќе преговара со украинските власти за Меморандум за разбирање што содржи специфични услови за реформи, вклучително и зајакнување на мобилизацијата на приходите, подобрување на управувањето со јавните финансии и мерки против корупцијата. Поддршката за одбрана предвидува итни и големи јавни инвестиции за модернизација на одбранбената технолошка и индустриска база на Украина, како и поблиска интеграција со европската одбранбена индустрија. Регулативата ги утврдува деталните барања за подобност за производителите и подизведувачите, вклучувајќи услови за основање во ЕУ, Европската економска зона или Украина, ограничувања за учество на трети земји и правила за заштита на чувствителни и класифицирани информации. Украина ќе мора да отвори посебна сметка за управување со средствата поврзани со поддршката за одбраната и да доставува месечни извештаи за извршените плаќања. Европската комисија ќе има права на следење и контрола, а Европскиот парламент и Советот ќе бидат редовно информирани за напредокот на имплементацијата. Заемот ќе се финансира преку диверзифицирана стратегија за задолжување, при што трошоците за опслужување на долгот потенцијално ќе ги сноси буџетот на ЕУ преку наменски инструмент над лимитите на повеќегодишната финансиска рамка. Предлогот, исто така, предвидува можност Унијата да користи блокирани руски средства во ЕУ за отплата на заемот, во целосна согласност со правото на ЕУ и меѓународното право. Тагови: украина Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветДва танкера се погодении во Ормутскиот теснец- Иранците тврдат дека се движеле по недозволена рута Два супертанкери беа онеспособени од силни експлозии откако ги игнорираа предупредувањата да не користат „неовластена рута“ во Ормутскиот теснец, објави морнарицата на Иранската револуционерна гарда.Два танкера „експлодираа откако удриа во поморски мини“, објавија подоцна иранските државни медиуми, прикажувајќи наводни видеа од инцидентите. Чести напади Не е познато под чии знамиња пловеле бродовите. Во текот на претходните месеци од конфликтот меѓу САД и Израел со Иран, кој започна во февруари, морнарицата на Иранската револуционерна гарда објави дека директно ги нападнала танкерите. Неодамна, објави дека бродовите се запалиле откако удриле во поморски мини додека користеле „неовластена рута“, како што ја нарекуваат, во јужниот дел од тој стратешки важен воден пат. Агенцијата за поморски трговски операции на Обединетото Кралство (UKMTO) неколку пати објави дека танкери во теснецот биле погодени од непознати ракети.Тагови: Ормутскиот теснец Танкери Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Црна хроникаМВР: За пет часа санкционирани 221 прекршок на пешаци и возачи во однос на пешацитеВо текот на вчерашниот ден (11.11.2026 година), во периодот од 08:00 до 13:00 часот, Секторот за сообраќајни работи при Министерството за внатрешни работи спроведе засилена акциска контрола на територијата на целата држава.Во текот на вчерашниот ден (11.11.2026 година), во периодот од 08:00 до 13:00 часот, Секторот за сообраќајни работи при Министерството за внатрешни работи спроведе засилена акциска контрола на територијата на целата држава, насочена кон откривање и санкционирање на прекршоци што ги прават пешаците, како и прекршоци на возачите во однос на пешаците. При контролата биле констатирани и санкционирани 221 прекршок, од кои 147 за небезбедно преминување на пешаци на коловозот надвор од обележан пешачки премин, додека 25 возачи биле санкционирани поради непропуштање пешаци на обележан пешачки премин. Дополнително, за време на контролата биле санкционирани и 179 возачи за други видови сообраќајни прекршоци. Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредниот период. Апелираме до пешаците да го преминуваат коловозот исклучиво на обележан пешачки премин, а до возачите да ја приспособат брзината на движење и да им овозможат непречено и безбедно преминување на пешаците. Безбедноста на пешаците е заедничка одговорност. Само со доследно почитување на сообраќајните правила и прописи од страна на сите учесници можеме да придонесеме за побезбедни патишта и намалување на бројот на сообраќајни незгоди, соопштуваат од МВР. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветНајмалку 14 загинати во верижен судар во Емиратите- телата ги идентификуваат со помош на ДНК (ВИДЕО)Четиринаесет лица загинаа, а десетици се повредени во тешка сообраќајна несреќа во Фуџаира, Обединети Арапски Емирати. Министерството за внатрешни работи објави дека несреќата е предизвикана од возач на камион кој ја изгубил контролата врз возилото и удрил во неколку возила, јавува Би-Би-Си. Во несреќата учествувале 23 возила, вклучувајќи пет камиони. Сударот се случил на влезот во источниот емират кратко пред полноќ, во време кога сообраќајот се движел бавно. Во официјалниот извештај се наведува дека силата на ударот „го запалила камионот, а пожарот се проширил на неколку други возила, што резултирало со голем број жртви“. Службениците појаснија дека камионот прво се судрил со едно возило, по што се превртел и удрил во другите автомобили што стоеле во колоната. 🚨🇦🇪 #BREAKING: Fujairah Police confirm a devastating truck crash on Sheikh Khalifa Street in the UAE has left 14 people dead and 30 injured. The truck reportedly lost control, overturned and slammed into several vehicles before catching fire with flames. #Fujairah #UAE https://t.co/clLh2QAg9s — Newslive 24x7 🅧︎ (@kanpurtak) November 12, 2026 Идентификација на жртвите и третман на повредените Полицијата во Фуџаира објави дека триесет лица се повредени и однесени во болница. Полицијата додаде дека се користат ДНК тестови за идентификација на телата на загинатите. Меѓу загинатите има граѓани на Емиратите, а индискиот конзулат во ОАЕ потврди дека загинале и нивни граѓани. Конзулатот соопшти дека е во контакт со семејствата на жртвите и дека соработува со локалните власти за давање помош. Службите за итни случаи, вклучувајќи полиција, болничари и екипи за цивилна заштита, веднаш пристигнаа на местото на настанот. Тие го изгаснаа пожарот, ги пренесоа повредените во болници и го обезбедија подрачјето, каде што сè уште се наоѓаат специјализирани екипи. Министерството за внатрешни работи и полицијата изразија сочувство до семејствата на загинатите и им посакаа брзо закрепнување на повредените. Половина од повредените беа пуштени од болница по лекувањето, додека другите беа задржани на понатамошно лекување. Властите објавија дека меѓу загинатите има државјани на Емиратите, Оман, Индија, Бразил, Пакистан, Јордан и Египет.Тагови: Емиратите судар Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook