Саудиска Арабија се откажува од плановите за градење на стадион за Светското првенство вреден 2,5 милијарди долари
2Саудиска Арабија се откажува од плановите за градење на стадион за Светското првенство вреден 2,5 милијарди долари
ТехнологијаЕвропскиот Парламент одобри 16,9 милијарди евра за вселенската програма Европскиот Парламент го усвои извештајот за воспоставување вселенска програма на ЕУ и на Агенцијата на ЕУ за вселенска програма во една институција.Со тоа се предвидува интеграција на системот на сателитска навигација Галилео и системот за набљудување Коперник во една програма , за што ќе бидат издвоени 16,9 милијарди евра. Извештајот на италијанскиот пратеник Масимилијано Салини за вселенската програма , Еу пратениците го поддржаа со 483 гласа за , 68 против и 19 воздржани. Програмата се однесува на периодот од 2021 до 2027 година , со кој ќе се интегрираат вселенските програми за набљудување и за навигација во една програма со цел да не се прават двојни трошоци.Салини рече дека цселенската стратегија и носи голема предност на Европа.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаГоривата поевтинуваат, дизелот за 3 бензините за 1,5 денари Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Македонија (РКЕ) донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,85%.Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Македонија (РКЕ) донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,85% во однос на одлуката од 28.9.2026 година. Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување и тоа во просек: кај бензините за 2,885%, кај дизелот за 4,770%, кај екстра лесното масло за 4,384% и кај мазутот намалувањето е за 1,807%. Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е повисок за 0,9101%. Во Одлуката на РКЕ е применета владината одлука за намалениот износ на ДДВ за нафтениот дериват ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) во износ од 10% и е применет намален износ на акцизата од 4,00 ден/лит кај бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 и кај ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V). Од 6.10.2026 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат: Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС - 95 98,50 (денари/литар) Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС - 98 100,50 (денари/литар) Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 97,00 (денари/литар) Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 108,50 (денари/литар) Мазут М-1 НС 49,597 (денари/килограм) Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалуваат за 1,50 ден/лит. Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се намалува за 3,00 ден/лит. Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се намалува за 3,00 ден/лит. Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 0,285 ден/кг и сега ќе изнесува 49,597 ден/кг. Напоменуваме дека ова се максималните цени на нафтените деривати од 00:01 часот на 6.10.2026 година. Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
КултураНОБ: „Турандот“ од Џакомо Пучини – грандиозна музика и драматична приказна на 9 октомвриНа 9 октомври, со почеток во 20.00 часот, на сцената на Националната опера и балет ќе биде изведена операта „Турандот“ од Џакомо Пучини – едно од највпечатливите дела во оперскиот репертоар.На 9 октомври, со почеток во 20.00 часот, на сцената на Националната опера и балет ќе биде изведена операта „Турандот“ од Џакомо Пучини – едно од највпечатливите дела во оперскиот репертоар, препознатливо по својата грандиозна музика, драматичната приказна и незаборавните вокални моменти. Со изведбата ќе диригира Џанлука Мартиненги од Италија, додека режијата, сценографијата и костимографијата се дело на светски реномираниот режисер Џанкарло дел Монако од Италија, чие име е синоним за врвни оперски продукции. Кореографијата е на Саша Евтимова, концерт-мајстор е Климент Тодороски, а хор-мајстори се Ѓургица Дашиќ и Јасмина Ѓорѓеска. Во насловната улога на принцезата Турандот ќе настапи Николина Јаневска, додека улогата на Калаф ќе ја толкува гостинот од Кина, тенорот Ѕ-Жао Гуо. Во улогата на Лиу ќе настапи Биљана Јосифов, Тимур ќе го толкува Игор Дуловски, а во останатите улоги ќе настапат: Драган Ампов, Никола Стојчевски, Јане Дунимаглоски, Диме Петров, Марјан Николовски, заедно со хорот, оркестарот и балетскиот ансамбл на Националната опера и балет. „Турандот“ е опера во три чина од Џакомо Пучини. Напишана е по либретото на Џузепе Адами и Ренато Симони, а базирана на адаптацијата на Фридрих Шилер на драмата „Турандот“ од Карло Гоци. Пучини умира недовршувајќи ја операта, која подоцна е завршена од Франко Алфано. Одликувајќи се со „невообичаен“ музички материјал, во кој предничи иновативната употреба на хорот и оркестарот, стилот на Пучини во ова оперско дело е особено препознатлив по широките, експресивни мелодии. „Турандот“ изобилува со моменти на восхитувачка мелодиска убавина, која особено доаѓа до израз во незаборавната тенорска арија, една од најпознатите во оперската литература – „Никој не спие“ („Nessun dorma“).Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиГоривата поевтинуваат, дизелот за 3 бензините за 1,5 денари 12:35ЈП Водовод и канализација – Скопје: Неделен лабораториски извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење11:08Мицкоски на пуштање во употреба на детска градинка во Општина Теарце08:54Лице со целосно слепило дискриминирано од страна на стручна комисија, му била намалена помошта15:0122. издание на Виз Ер Скопски маратон урна рекорди кои досега беа недостижни13:59
ЈП Водовод и канализација – Скопје: Неделен лабораториски извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење11:08
ЗдравјеТројца научници за откритија во оптогенетиката добија Нобелова награда за медицинаНобелова награда за медицина попладнево добија тројца научници за откритија во оптогенетиката.Нобеловата награда за физиологија или медицина за 2026 година им е доделена на научниците Карл Дајсерот, Питер Хегеман и Георг Најџел. Нобеловата награда за медицина денес им беше доделена на Карл Дајсерот, Петер Хегеман и Георг Нагел за истражување на мозочната активност што опфаќа проучување на јонски канали контролирани со светлина и оптогенетика. Добитниците на наградата беа објавени на Институтот „Каролинска“ во Стокхолм, со што започна неделата на доделување на Нобеловите награди, пренесува АП. Паричниот износ на овогодишната награда изнесува 12 милиони шведски круни, што е околу 1,2 милиони долари. Нобеловиот комитет ја пофали работата на тројца научници на откритија поврзани со оптогенетиката, која овозможува активирање или деактивирање на активноста на поединечни нервни клетки во живиот мозок. „Овој метод сега се користи во лаборатории ширум светот за да се откријат тајните на мозокот“, напиша Комитетот на мрежата X. Хегеман и Нагел открија протеин познат како каналродопсин, пред Дајсерот „да го претвори тој протеин во прекинувач за нервни клетки управуван со светлина“, објасни Нобеловиот комитет. Нивната работа ги постави темелите за нова ера во невролошките науки, додаде Комитетот.Тагови: Нобелова награда Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter