Европскиот центар за превенција и контрола на болести предупреди за појава на нова варијанта на грипот - Канал 5

Европскиот центар за превенција и контрола на болести предупреди за појава на нова варијанта на грипот

Европскиот центар за превенција и контрола на болести (ЕЦДЦ) предупреди дека сезоната на грипови годинава почнала три до четири недели порано од вообичаеното, поради појавата на нова варијанта на грипот. 

Европскиот центар за превенција и контрола на болести предупреди за појава на нова варијанта на грипот

Според Центарот, станува збор за подваријанта на вообичаен сој на грипот H3N2, што веќе резултира со многу побрзо ширење на болеста во неколку европски земји.

ЕЦДЦ предупредува и дека бројот на заболени од грип во Европа оваа сезона би можел да биде поголем од вообичаениот за тој период од годината, затоа што превенцијата од оваа нова варијанта не е вклучена во овогодишната вакцина против грип.

Составот на вакцините за оваа година бил утврден во февруари, во време кога новата варијанта на грипот се уште не билa присутна.

Лекарите предупредуваат дека не станува збор за потешка варијанта на грипот, но тоа што вакцината нуди помала заштита од неа, постои загриженост дека би можеле да се разболат повеќе постари лица.

Од овие причини, ЕЦДЦ информира дека се подготвува за „потешка сезона на грипот“, особено во земјите со ниски стапки на вакцинација и апелира до граѓаните и здравствените работници да бидат дополнително внимателни и да обрнат поголемо внимание на хигиената на рацете и употребата на маски за лице.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Петрушевски: Пратеникот Филипче да каже зошто досега молчел и не се обратил до ЈО, за скандалот на Славјанка Петровска вреден 37 милиони евра?

Пратеникот Филипче да каже зошто до сега молчел и не се обратил до ЈО, за скандалот на Славјанка Петровска вреден 37 милиони евра? 

Петрушевски: Пратеникот Филипче да каже зошто досега молчел и не се обратил до ЈО, за скандалот на Славјанка Петровска вреден 37 милиони евра?

Дали распукувањето на калимерата меѓу овие двајца пратеници од редовите на СДС, воедно и поранешни владини функционери, го натера пратеникот Филипче да прозбори за како што вели тој, скандал вреден 37 милиони евра на пратеничката Славјанка Петровска, додека ја извршувала функцијата министерка за одбрана.

Доколку Филипче знаел за ова, а не пријавил, тој по којзнае кој пат прави кривично дело.

Имено, непријавување кривично дело или сторител е казниво согласно Член 364 од КЗ и за тој што свесно ќе пропушти да пријави кривично дело. А со оглед на тоа дека Филипче јавно говореше за сторено кривично дело од Петровска, го повикуваме ЈО, да го повика Филипче на информативен разговор и да ги обелодени сите информации кои ги има, а се поврзани со овој случај.

Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ

YouTube video

Со почит,

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Френсис Халзен е добитник на Нобеловата награда за физика

Добитник на Нобеловата награда за физика е Френсис Халзен од Универзитетот во Висконсин. 

Френсис Халзен е добитник на Нобеловата награда за физика

Наградата му е доделена „за неговиот клучен придонес кон Опсерваторијата за неутрина ’Ајс-кјуб‘ (IceCube) и откривањето на неутрина со висока енергија од астрофизичко потекло“, соопшти организацијата што ја доделува наградата, пренесува „Гардијан“.

Опсерваторијата за неутрина „Ајс-кјуб“ се наоѓа во станицата „Амундсен-Скот“ на Јужниот пол на Антарктикот и располага со мрежа од сензори поставени под антарктичкиот мраз.

Нобеловата награда за медицина вчера им беше доделена на Карл Дајсерот (54), Петер Хегеман (71) и Георг Нагел (73) за истражување на мозочната активност, кое опфаќа проучување на јонски канали контролирани со светлина и оптогенетика.

Нобеловата награда за хемија ќе биде доделена утре, онаа за литература – ​​задутре, а Нобеловата награда за мир – во петок.

Наградата на Шведската банка за економски науки во спомен на Алфред Нобел ќе биде доделена на 12 октомври. Паричниот износ на овогодишната награда изнесува 12 милиони шведски круни, што е околу 1,2 милиони американски долари.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

О. Карпош: Инспекцијата на терен

Општина Карпош продолжува со редовните инспекциски контроли на терен, согласно утврдениот план за работа на инспекциските служби. 

О. Карпош: Инспекцијата на терен

Во текот на изминатата недела, контролите се реализираа во попладневните и вечерните часови, во повеќе групи и на критични точки на територијата на општината.

Покрај изречените опомени до физички лица, комуналните редари изрекоа и седум прекршочни налози за неправилно одлагање на отпадот. Инспекциските контроли ќе продолжат и во наредниот период, со цел одржување на комуналниот ред и почиста и поуредна општина.

Општина Карпош апелира до граѓаните совесно и соодветно да го одлагаат отпадот и да придонесат за почиста и поуредна животна средина.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер