Европскиот центар за контрола на болести : Топлото лето најверојатно нема да го запре вирусот - Канал 5

Европскиот центар за контрола на болести : Топлото лето најверојатно нема да го запре вирусот

Летната топлина е малку веројатно дека ќе го запре ширењето на коронавирусот, се вели во извештајот на Европскиот центар за контрола и превенција на болести (ECDC).

Европскиот центар за контрола на болести : Топлото лето најверојатно нема да го запре вирусот

Доколку вирусот продолжи да се шири со сегашното темпо, наскоро може да се случи дека во повеќето земји-членки на ЕУ ќе нема доволно кревети во единиците за интензивна нега, се вели во извештајот на Европскиот центар за контрола и превенција на болести.

„Засега нема докази дека САРС-КоВ-2 ќе покаже изразена зимска сезонска појава како другите вируси во северната хемисфера“, се вели во извештајот.

Истражувањето не укажува на тоа дека вирусот ќе биде помалку опасен кога ќе се дојде топло и влажно време.

Во извештајот се предупредува и на потребата од зголемување на капацитетот на здравствените системи, кои наскоро би можеле да станат дефицитарни доколку вирусот продолжи да се шири со оваа брзина.

„Анализата на ECDC покажува дека ако пандемијата продолжи да напредува со сегашното темпо без силни контрамерки и зголемен капацитет на кревети за интензивна нега, постои голема веројатност дека во многу земји од ЕУ и Европската економска област (ЕУ / ЕЕА), потребата за интензивна нега ќе ја надмине постојниот капацитет “, се вели во извештајот.

Со оглед на моменталната состојба во која коронавирусот рапидно се шири низ Европа, ECDC го проценува ризикот од сериозно заболување кај општата популација до „умерено“ и „многу високо“ за стари лица и заболени од хронични заболувања.

Ризикот дека капацитетот на здравствените системи ќе биде недоволен, се проценува дека е голем. Притоа, новите капацитети што се предвидени во многу земји не се земени предвид.

ECDC препорачува мерките за социјална оддалеченост да се применат за да се одложи врвот на епидемијата и да се овозможи здравствениот систем да се подготви за зголемен прилив на заразени лица.

Миење на рацете и употребата на маски кај лицата со респираторни симптоми може да помогне во забавување на ширењето на вирусот во заедниците.

Строгата примена на социјалната оддалеченост (изолација, карантин, затворање на работни места и образовни институции), ограничувања на движењето може да одиграат значајна улога во намалувањето на преносот во заедницата, под услов сите строго да ги почитуваат.

Што се однесува до здравствените системи, приоритети се да се забави бројот на случаи на кои им е потребна интензивна нега, да се заштитат групите под ризик и да се заштитат здравствените работници.

Пациентите со благи симптоми, особено оние кои не се изложени на ризик, можат да бидат однесени дома со упатства доколку симптомите се влошат. Исто така, се препорачуваат мерки за превенција од дома.

ECDC наведува, повикувајќи се на научни истражувања, дека коронавирусот може да преживее во воздухот до три часа, до четири часа на бакарни површини, до 24 часа на картон, и два до три дена на пластика и нерѓосувачки челик.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Пијанист од крузер спасен по девет часа во Тихиот Океан

Пијанист од крузер е спасен откако поминал девет часа во Тихиот Океан, на околу 32 километри од брегот на Калифорнија. 

Пијанист од крузер спасен по девет часа во Тихиот Океан

Мажот, вработен во компанијата „Ројал Карибиан“ (Royal Caribbean), паднал од бродот и пливал сè додека во петокот не го забележале двајца рибари.

Неговиот идентитет сè уште не е објавен, пренесува Би-Би-Си (BBC). Рибарите Грант Герет и Шон Нортон го забележале мажот во близина на островот Каталина. „Си помислив: ’Тоа е човек. Гасете го бродот, повлечете ги сите јажиња‘“, раскажа Герет.

Мажот им кажал дека работи како пијанист на „Овејшн оф д сиз“ (Ovation of the Seas) – крузер со 14 палуби. „Единственото нешто што ни го кажа беше: ’Ви благодарам. Мислев дека ќе умрам‘“, додаде Нортон.

Според американската крајбрежна стража, спасениот пијанист е пренесен во болница и се наоѓа во стабилна состојба.

Крајбрежната стража за Би-Би-Си (BBC) потврди дека ги истражува околностите на инцидентот.

Службите за спасување сметаат дека мажот паднал во морето околу 02:30 часот по полноќ – речиси девет часа пред да биде пронајден.

Адам Јасенда, капетан на спасувачката служба во Њупорт Бич, изјави за Си-Би-Ес (CBS) дека мажот се наоѓал на 25 до 30 километри од брегот – практично среде океанот.

Шон Нортон смета дека пијанистот преживеал исклучиво поради невообичаено топлата вода.

„Ова е година на екстремен ’супер Ел Нињо‘. Човекот веројатно поминал десет часа во водата, а температурата на морето изнесувала 24 степени “, објасни тој.

„Во која било друга година, тој не би имал никакви шанси за преживување.“ Научниците кои го следат Тихиот Океан потврдија дека тековниот климатски феномен „Ел Нињо“ е најсилниот некогаш забележан. Температурите на океанот се за околу три степени Целзиусови над просекот. Компанијата „Ројал Карибијан Груп“ (Royal Caribbean Group) даде коментар за случајот. „Му ја пружаме сета потребна поддршка и помош на нашиот член на екипажот. За да ја заштитиме неговата приватност, не можеме да откриеме дополнителни детали“, изјави портпарол за Би-Би-Си.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Златото и среброто бележат раст на светските берзи

Цените на благородните метали бележат позитивно движење на светските берзи, при што и златото и среброто ја започнаа трговската сесија со раст.

Златото и среброто бележат раст на светските берзи

Фјучерсите на златото со рок на испорака во декември 2026 година достигнаа цена од 4.100,26 долари за унца, што претставува зголемување од 25,36 долари, односно 0,62 проценти. Во текот на тргувањето цената се движеше во распон од 4.062,55 до 4.143,17 долари.

Позитивен тренд бележи и среброто. Фјучерсите за декември се тргуваа по цена од 52,258 долари за унца, со раст од 0,316 долари, или 0,61 процент. Највисоката забележана цена изнесуваше 53,453 долари, додека најниската беше 51,415 долари.

Движењата покажуваат истовремен раст на двата благородни метала, кои традиционално се следат како важни инструменти на меѓународните финансиски пазари.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Продолжува судскиот процес против Ива Михаилова, обвинета за предизвикување сообраќајна несреќа со смртни последици

По бегството во Бугарија, по предлог на обвинителство судот донесе решение да и се суди во отсуство и по неа е распишана потерница.

Продолжува судскиот процес против Ива Михаилова, обвинета за предизвикување сообраќајна несреќа со смртни последици

Во Основниот суд во Кочани продолжува судскиот процес против Ива Михаилова, обвинета за предизвикување сообраќајна несреќа со смртни последици што се случи во октомври минатата година на експресниот пат Штип–Кочани.

По бегството во Бугарија, по предлог на обвинителство судот донесе решение да и се суди во отсуство и по неа е распишана потерница.

Во Кочани е Михајло Видимлиски, Михајло повели со деталите за денешното судење?

Во видеото погледнете го целиот извештај.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер