Европски суд на правдата: Полот и националноста се доволни авганистанските жени да добијат азил - Канал 5

Европски суд на правдата: Полот и националноста се доволни авганистанските жени да добијат азил

Европскиот суд на правдата денеска пресуди дека полот и националноста се доволни за да им се даде азил на жените од Авганистан, каде владејачките талибанци сериозно ги ограничија нивните права.

Европски суд на правдата: Полот и националноста се доволни авганистанските жени да добијат азил

Британските медиуми пренесуваат дека пресудата е донесена откако властите во Австрија одбиле статус на бегалци на две жени од Авганистан, кои поднеле барање за азил во 2015 и 2020 година. Тие го оспорија одбивањето на азил пред австрискиот Врховен административен суд, кој потоа побара одлука од Европскиот суд на правдата, како највисока судска инстанца во Европската унија.

„Непотребно е да се утврдува дали постои ризик подносителот на барањето за азил навистина и конкретно да биде предмет на прогон доколку се врати во својата земја на потекло. Доволно е да се земат предвид неговата националност и пол“, соопшти Европскиот суд на правдата.

Австрискиот министер за внатрешни работи не одговори веднаш на барањето за коментар на пресудата.

Откако талибанците се вратија на власт во Авганистан во 2021 година, тие укинаа многу од правата на жените, вклучително и ограничувања во сферата на образование.

Талбанците во август промовираа долга низа правила во согласност со исламскиот закон, чие почитување го надгледува Министерството за морал, кое соопшти дека уапсило илјадници луѓе поради нивното кршење.

Одделот за човекови права на Обединетите нации ги повика талибанците да ги повлечат „овие досега незабележени“ закони кои се закануваат да ги претворат жените во сенки./МИА

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мицкоски: Компании и адвокатски друштва намерно уриваат тендери за потоа да заработуваат од жалби

Премиерот Мицкоски ги брани измените на Законот за јавни набавки кои Собранието ги донесе вчера.

Мицкоски: Компании и адвокатски друштва намерно уриваат тендери за потоа да заработуваат од жалби

Тој тврди дека адвокатски друштва и компании свесно се договарале да пропаѓаат јавни набавки за потоа да заработуваат од жалбените постапки, па затоа, според него е оправдано двојното зголемување на прагот за набавки без тендер, т.н. во „четири очи“, од 5.000 на 10.000 евра или од 10 на 20, со цел, како што рече, да се избегне ситуација да се плаќа повеќе на тие што свесно ги туркаат јавните набавки или уценуваат.

Премиерот ги отфрли предупредувањата дека повисокиот праг може да овозможи однапред договорени набавки и злоупотреби при изборот на понудувачите. Тој уверуваше дека законските процедури и контролата не дозволуваат такво сценарио, додавајќи дека за измените биле консултирани со меѓународната заедница.

-Со овој закон ние го зголемуваме тој праг за да не ни се случи како што досега ни се случуваше свесно овие групи да ги манипулираат процедурите за да наплаќаат од државата и институциите. Пример еден, имате градинка којашто објавува тендер за да се сервисираат прозорите. Тоа е 50.000 денари. Некој свесно го турка тој тендер, а наплаќа многу повеќе од тие 50.000 денари во процедура. Е тоа не може веќе да се случува. Или, пак, ако сака, наместо досегашните 100 евра за жалба ќе си плати многу повеќе, па да го видам тогаш нека обжалува, изјави Мицкоски.

Од СДСМ, пак, предупредуваат дека со овие измени власта предводена од ВМРО-ДПМНЕ сама на себе си овозможува набавки без тендер на драстично поголема сума до 25.000 евра за стоки и до 120.000 евра за градежни работи. Со овој закон, велат од „Бихаќка“, многукратно поскапуваат надоместоците за поднесување жалби, а наместо фирмите да се охрабрат да пријавуваат неправилности, правната заштита им станува поскапа и потешко достапна.

- Наместо поголема транспарентност и заштита на народните пари, власта уште пошироко отвори дополнителен простор за корупција и сомнителни зделки и дилови. Тоа се повеќе пари за во четири очи, за криминални тендери без контрола и за свои партиски фирми. Истовремено, се брише обврската воведена во 2019 година за задолжителна согласност од Бирото за јавни набавки за постапките со преговарање без објавување оглас. Значи, ги зголемуваат износите за набавки без тендер, а ја отстрануваат контролната пречка за договорите во четири очи, реагираат од СДСМ.

Пратениците вчера со 63 гласа „за“ и 20 „против“ ги усвоија измените на Законот за јавните набавки. Со усвоениот текст прагот за набавки без тендер се зголемува двојно, а се воведува и надоместок за пристап и користење на податоците за јавните набавки. Претходно, претседателката Гордана Сиљановска-Давкова стави вето на законските измени, но само поради можноста за неограничен мандат на членовите на комисијата за јавни набавки. Мицкоски денеска кажа дека Владата направила грешка за овој член, а како причина го наведе недостигот од експерти во оваа област.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Ќе реагира ли сега официјална Атина? Мајк Тајсон во улога на Александар Македонски

Поранешниот професионален боксер Мајк Тајсот се пошегува со помош на вештачка интелигенција.

Ќе реагира ли сега официјална Атина? Мајк Тајсон во улога на Александар Македонски

Тој на Фејсбук објави фотографија генерирана со ВИ, на која тој е прикажан како Александар Македонски. Во описот на фотографијата стои „Mikesander The Great“.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Ќе ги отстрани ли новиот Кривичен законик штетните последици од 2023 година?

Новиот предлог-Кривичен законик предвидува значителни промени во казнената политика за корупциските дела.

Ќе ги отстрани ли новиот Кривичен законик штетните последици од 2023 година?

За основниот облик на злоупотреба се предлага затвор од шест месеци до пет години, а за прибавена значителна имотна корист или предизвикана значителна штета – од четири до 15 години. Посебно се враќа и делото за злоупотреби при јавните набавки или договори за јавно приватно партнерство. Ако е прибавена поголема корист или предизвикана поголема штета, казната може да достигне до десет години, а за значителна корист или штета – до 15 години затвор.

Според поранешната врховна судијка Вера Коцо, построгите казни можат да придонесат за поголема казнивост и враќање на довербата во правосудниот систем.

-Сметам дека овие измени во однос на злоупотребата на службената положба и во однос на постапката за јавни набавки секако ќе имаат свој голем допринос во однос на казнивоста за овие кривични дела. Меѓутоа, секако дека зголемувањето на казната, со оглед на сите случувања во нашата држава, ќе имаат голем одраз во однос на довербата на граѓаните во правосудниот систем. Бидејќи она што се случи во 2023 година со намалувањето на казните за сторителите на одредени кривични дела на многу ниско ниво, допринесоа да довербата кај граѓаните падне, бидејќи тие кривични дела на некој начин застареа и сторителите останаа неказнети. – Вера Коцо – Поранешен судија

Токму измените од 2023 година предизвикаа негативни реакции во јавност ја променија казнената политика кога дојде и до застарување на многу предмети од висока корупција. Тогаш за најтешкиот облик на злоупотреба казната од три до 20 години беше намалена на една до пет години, а беше избришано и посебното дело за злоупотреби при јавните набавки. Во јануари годинава следуваше корекција, со зголемување на казната до осум години и повторно воведување на одредбата за јавните набавки.

Но, Европската комисија во јулскиот извештај оцени дека овие измени не ги отстраниле целосно последиците од 2023 година. Предупреди на стеснетиот опфат на делото и на пократките рокови за застарување, кои оставаат помалку време за истрага и гонење на сложени корупциски предмети.

Коцо очекува новите решенија да спречат повторување на ваквите последици, но посочува дека законот нема да важи за делата сторени пред неговото донесување.

-Па, со овие измени сега секако дека ќе се избегнат оние случувања во 2023 година, затоа што на некој начин, нели, ќе се потенцира казнивоста за овие така значајни кривични дела во системот на нашата држава. Меѓутоа, морам да кажам дека важноста на законот ќе биде од неговото донесување. Што значи, законот сè уште не е донесен и не може да се применува кога не е донесен на оние кривични дела кои се сторени пред неговото донесување. - Вера Коцо – Поранешен судија

Меѓу другите новини е и новото кривично дело за загрозување на стабилноста на банкарскиот систем, за кое се предлага затвор од една до пет години. Освен новиот КЗ и ЗКП, во Брисел на разгледување се пратени и други законски решенија поврзани со Реформската агенда. Премиерот Мицкоски денеска изјави дека очекува клучните закони да бидат усвоени во предвидениот рок, односно до декември, кога, како што најави, треба да биде завршена и реализацијата на реформската агенда.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер