Андоновски: Обвинителството да ги истражи документите за загадена вода по кои Филипче и Младеновска не реагирале, а последиците се огромни
1Андоновски: Обвинителството да ги истражи документите за загадена вода по кои Филипче и Младеновска не реагирале, а последиците се огромни
Дали изневерувате, а не сте ни свесни за тоа? Овие се 7 навики кои можат да ја уништат врската, иако не изгледаат како изневерување
2Дали изневерувате, а не сте ни свесни за тоа? Овие се 7 навики кои можат да ја уништат врската, иако не изгледаат како изневерување
БалканЕвропски совет ги продолжи санкциите кон поединци и ентитети во БиХ Европскиот совет ги продолжи рестриктивните мерки кон поединци и ентитети во Босна и Херцеговина за уште две години, до 31 март 2026 година.Европската Унија, според тоа, ќе ја задржи својата способност да воведува насочени рестриктивни мерки врз поединци или субјекти кои го нарушуваат суверенитетот, територијалниот интегритет, уставниот поредок и меѓународниот идентитет на БиХ, се наведува ви одлуката на Европски совет. Во одлуката, објавена вчера, се истакнува и дека може да се воведат рестриктивни мерки и против оние кои сериозно ја загрозуваат безбедносната ситуација во земјата или го поткопуваат Дејтонскиот/Парискиот мировен договор. Рестриктивните мерки во оваа рамка се состојат од замрзнување на имот, замрзнување на средства и забрани за патување во ЕУ за физички лица. Европскиот совет на 22 март донесе одлука условно да и даде „зелено светло“ на БиХ за отворање на преговорите за членство во ЕУ, но не ја утврди преговарачката рамка, наведувајќи дека БиХ мора да ги исполни сите претходно дефинирани критериуми, кои Европската комисија и ги постави на земјата. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаАндоновски: Обвинителството да ги истражи документите за загадена вода по кои Филипче и Младеновска не реагирале, а последиците се огромниСДС и актуелното раководство се последни кои можат да зборуваат и критикуваат за ситуацијата во Гостивар со водата. СДС и актуелното раководство се последни кои можат да зборуваат и критикуваат за ситуацијата во Гостивар со водата. А зошто, бидејќи за периодот додека биле на власт има извештаи кои јасно укажуваат дека водата во Гостивар не била со соодветен квалитет. Во тој период, актуелното раководство на СДС како Венко Филипче и Рената Младеновска молчеле. Филипче како министер за здравство и Рената Младеновска како директор на Државниот инспекторат за санитарен и здравствен инспекторат не мрднале ни со прст по ниту еден извештај за неисправноста на водата во Гостивар. Молчеле што укажува дека се грижеле за функциите, власта и интересите на мала група на луѓе од власта. Филипче и Младеновска замислете уста не отвориле за околу 400 документи кои укажувале дека водата во Гостивар не била со соодветен квалитет. За разлика од нив, од оние седум години владеење на СДС, сега Владата и сите надлежни институции реагираа веднаш, по што за само една недела граѓаните на Гостивар добија технички исправна вода. Во меѓувреме, секојдневно се работи на тоа граѓаните на Гостивар да добијат и флаширана вода за пиење додека се санира ситуацијата и водата не ги добие сите соодветни карактеристики што ќе укажат дека е и за пиење. Сега останува само надлежните институции од правосудството да реагираат, поточно јавното обвинителство, да ги истражи документите од тој период бидејќи последиците се далекусежни. Мартин Андоновски, претседател на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Гостивар Со почит, Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаВодата во Свети Николе не е за пиење: Утврдени се микробиолошки отстапувања на две мерни местаТри дена во Свети Николе не се пие водата од водоводот. Градоначалникот на Свети Николе, Дејан Владев, соопшти дека се пронајдени микробиолошки отстапувања во водата од водоводната мрежа, поради што се обезбедени цистерни со вода за готвење и пиење.„При редовни неделни контроли на две мерни места низ градската водоводна мрежа, и покрај утврденото присуство на резидуал хлор од 0,4 мг/л кој е главен индикатор за безбедна вода за пиење, се утврдени и микробиолошки отстапувања. Се работи за примерок земен од чешма која е на отворен простор во јавен објект, кој е непосредно до местото на дефектот, што во моментот се санира и уште еден примерок земен од внатрешна водоводна мрежа на комерцијален објект“, се наведува во соопштението од јкп комуналец свети николе, кое го сподели градоначалникот Владев.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ФудбалВо автобус на фудбалски клуб пронајдени 86,5 кг марихуанаСкандал на векот во фудбалот на Боливија. Во автобус на клуб пронајдени 86,5 килограми марихуана!Фудбалскиот натпревар меѓу Боливар и Сао Паоло падна во втор план поради неверојатниот скандал што ја потресе експедицијата на бразилскиот гигант! Боливиската полиција заплени дури 86,5 килограми марихуана во автобусот што требало да ги превезува фудбалерите на бразилскиот Сао Паоло, а поради целиот случај се уапсени тројца возачи. Инцидентот се случи во близина на Кочабамба, каде што припадници на боливиската полициска единица УМОПАР (UMOPAR) запреле автобус за рутинска контрола. Но, неочекуѕвано во автобусот биле пронајдени четири торби полни со дрога, по што следувла голема полициска операција. Возилото било ангажирано за потребите на експедицијата на бразилскиот клуб, но било запленето пред да може да ги преземе играчите. Сао Пауло за „UOL“ потврди дека превозот бил организиран од боливиската компанија „Buses Cosmos“, која обезбедила втор автобус по полициската акција. Така, експедицијата на бразилскиот гигант го продолжила патувањето без проблеми, додека полицијата ги привела тројцата возачи одговорни за возилото. Според информациите од Бразил, компанијата „Buses Cosmos“ ја презела одговорноста за ангажираните возачи и изјавила дека клубот немал никаква поврзаност со запленетата дрога. Сао Пауло се наоѓа во Боливија за натпреварот од осминафиналето на Копа Судамерикана против Боливар, а клубот изготви посебен план за патување поради надморската височина.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter