Европски рекордери по потрошувачка на вода, скопјани најмногу со 640 литри дневно - Канал 5

Европски рекордери по потрошувачка на вода, скопјани најмногу со 640 литри дневно

Највисока потрошувачка на вода во Скопје во последните десетина години е регистрирана на 6 август 2017 година, кога според мерењата од градската водоводна мрежа биле потрошени вкупно 353.558 кубни метри, што е околу 640 литри вода по жител.

Европски рекордери по потрошувачка на вода, скопјани најмногу со 640 литри дневно

Во текот на летото кога улиците на градот се „празни", а термометрите покажуваат над 40 степени, скопјани често ги повторуваат стиховите „Скопје има микроклима изгор лето, кочан зима…" од песната за главниот град на групата „Леб и сол". Реката Вардар, фонтаните, уличните чешми, но и понекој вир од излеаната вода од тревниците, колку и да изгледаат малку и недоволно под јулското сонце, го разладуваат Скопје благодарение на изворот Рашче.

На национално ниво, според податоците на Еуростат, трошиме 118,2 кубни метри вода по глава на жител, што нè прави рекордери во регионот со по околу 323 литри вода по жител на ден. Македонците на годишно ниво трошат повеќе вода од жителите на Словенија, Босна и Херцеговина, Бугарија и Косово заедно.

Скопјани трошат просечно околу 500 литри вода по човек во лето

Со почетокот на летната сезона и високите температури, од ЈП „Водовод и канализација" Скопје информираат дека се бележи и зголемена потрошувачка на вода во градот, но уверуваат дека изворот Рашче има доволно капацитет за задоволување на потребите.

– Штедроста на изворот Рашче има променлив карактер, па постојат години кога целосната потреба се задоволува со вода само од Рашче, но има и години кога е неопходно да се дополнуваат одредени количини вода и од бунарите. Годинава најголема забележана потрошувачка на вода имаше во јуни, 310.496 кубни метри за еден ден. Ако претпоставиме дека Скопје има околу 550.000 жители, може да се пресмета дека на секој жител отпаѓаат околу 560 литри на ден, се вели во соопштението од ЈП „Водовод и канализација" Скопје.

Историски, најголема потрошувачка на вода во Скопје има во јули и август. Сепак, од „Водовод" Скопје уверуваат дека има доволно вода за задоволувањето на потребите на градот. Зависно од природната хидролошка состојба на изворот Рашче, ако има потреба, во употреба се пуштаат и седумте бунари во бунарските подрачја „Нерези" и „Лепенец".

– Природната штедрост на изворот Рашче се менува во опсег од три до седум кубни метри во секунда. За задоволување на потребите на градот се потребни околу 3,5 – четири кубни метри вода во секунда, посочуваат од претпријатието.

Во текот на годините вкупната загуба во водоводниот систем, според ЈП „Водовод и канализација" Скопје, се движи околу 60 проценти. Посочуваат дека тешко е да се одредат категориите на овие загуби, бидејќи тие вклучуваат реални технички дефекти, но истовремено и потрошувачка на вода за други намени што не се фактурираат, како што се полевање на градското зеленило, миење улици и други комунални потреби, чешмички за вода, кражби на вода и слично.

Потрошувачката на вода низ годините е стабилна и се движи околу 315 илјади кубни метри на ден. Според податоците на ЈП „Водовод и канализација" Скопје во последните десетина години, највисока потрошувачка имало на 6 август 2017 година, со 353.558 кубни метри на ден, што е околу 640 литри вода по жител на ден.

Максималната потрошувачка низ годините според податоците од ЈП „Водовод и канализација" Скопје е следна:

2018 22 јули 320.338 м3/ден или 582 литри по жител

2017 6 август 353.558 м3/ден или 642 литри по жител

2016 13 јули 326.504 м3/ден или 593 литри по жител

2015 22 јули 329.721 м3/ден или 599 литри по жител

2014 8 јули 320.939 м3/ден или 583 литри по жител

2013 6 август 331.169 м3/ден или 602 литри по жител

2012 9 јули 337.945 м3/ден или 614 литри по жител

2011 14 јули 335.185 м3/ден или 609 литри по жител

2010 16 август 327.221 м3/ден или 594 литри по жител

2009 29 јули 311.352 м3/ден или 566 литри по жител

Од ЈП „Водовод и канализација" Скопје им препорачуваат на своите корисници и граѓани на Скопје во летниот период водата да ја користат рационално за потребите во домот и да не се злоупотребува за неразумно полевање зеленило, разладување улици, полнење базени и други прекумерни потреби.

Водата е неопходна и за одржување на зелените површини и тревниците

Зеленилото и тревните површини низ градот се полеваат со вода од бунари или вода од водоводниот систем на градот, во зависност од условите. Од „Водовод" Скопје најавуваат дека иако некои општини имаат проекти за изградба на бунари за наводнување зеленило со подземна вода, сепак сè уште најголем дел од нив го користат водоводниот систем за полевање. Од претпријатието посочуваат дека иако не се фактурира, започнале со поставување водомери на приклучоците на парковските мрежи за да се измери потрошувачката на вода за таа намена.

Од ЈП „Паркови и зеленило" информираат дека за полевање еден дел од зеленилото низ градот се користи бунарска вода, додека другиот дел се полева од градскиот водовод.

– Во текот на летните месеци одржувањето на зеленилото секако бара постојана грижа, при што нашите екипи редовно вршат косење на тревните површини, собирање на искосот од тревниците, полевање – наводнување на јавните зелени површини, поткастрување и обликување на вегетацијата, прашење на цвеќињата, како и секојдневно чистење и собирање отпадоци од зелените површини. Полевањето на зеленилото во овие летни месеци поради високите температури и по препорака со ЈП „Водовод и канализација" поради заштеда на водата се врши во раните утрински часови до 9:00 часот, се вели во соопштението од ЈО „Паркови и зеленило".

Посочуваат дека во Градскиот парк и блоковското зеленило во Општина Аеродром се полева со вода од бунари, додека, пак, останатото зеленило го полеваат со вода од градскиот водовод. Онаму каде што нема вграден систем за полевање наводнувањето се врши со цистерни.

– Во Градскиот парк вкупно има десет бунари, а петнаесет бунари има во Општина Аеродром, информираат од ЈП „Паркови и зеленило".

Рекордери во Европа со 118 кубни метри вода годишно по глава на жител

На национално ниво, според податоците на Еуростат, трошиме 118,2 кубни метри вода по глава на жител, што нè прави рекордери во регионот. Македонците на годишно ниво трошат повеќе вода од жителите на Словенија, Босна и Херцеговина, Бугарија и Косово заедно.

Од регионот следни по потрошувачка на вода се Грците со 94 кубни метри по глава на жител, Србите со 44,6, Словенија со 38,1, Бугарија со 35,9, Турците со 32,2 , Босна и Херцеговина 28,5 кубни метри и Косово 28,4 кубни метри вода.

Состојбата со водата како ресурс во Европа според податоците на Еуростат од 2017 година се проценува како одржлива на долг рок за поголемиот дел од континентот. Сепак, специфични региони може да се соочат со недостиг на вода, особено јужните делови од континентот.

Според податоците на Еуростат за потрошувачката на вода од јавните водоводни системи по глава на жител, најмногу 94 кубни метри на годишно ниво трошат Грците, а најмалку Романците со 25,1 кубни метри вода годишно.

По Грција следуваат Кипар со 91,7 кубен метар и Луксембург со 74,9 кубни метри годишно по жител. По нив е Норвешка со 70,8 кубни метри, Франција со 51, Австрија со 48,5 и Германија со 43,9 кубни метри по глава на жител.

Најмалку вода по глава на жител во ЕУ, според Еуростат, трошат жителите на Романија со 25,1 кубни метри вода по глава на жител, Чешка 30,6 кубни метри, Унгарија 34, Бугарија 35,9 и Словенија 38,1 кубни метри вода годишно./МИА

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Ѕвезда на OnlyFans се расплака: Мора да се вратам дома без сопругот (ВИДЕО)

Австралиската инфлуенсерка и креаторка на содржини на платформата OnlyFans, Микаела Теста, објави дека нејзиното барање за американска зелена карта не е одобрено, поради што мора да се врати во Австралија. 

Ѕвезда на OnlyFans се расплака: Мора да се вратам дома без сопругот (ВИДЕО)

Одлуката на имиграциските власти значи дека Теста ќе мора привремено да биде одвоена од својот сопруг, американскиот бодибилдер Максвел Краузе.

Таа ја сподели веста во емотивно видео на TikTok, кое беше прегледано повеќе од милион пати за краток временски период. Заедно со видеото на кое плаче, 26-годишната девојка објави и предупредување: „Омажи се за странец на свој ризик“. Таа објасни дека го снимила видеото за да ги спречи шпекулациите за евентуално распаѓање на нивниот брак.

„Ако ме видите на летот за Австралија во следниот влог, тоа не е затоа што се случило нешто лошо, туку затоа што не ми ја одобрија зелената карта“, рече таа во видеото. „Не можам ни да опишам како се чувствувам. Морам сама да се качам на авион за Австралија, а сум во брак со овој човек и не можам да бидам со него“.

Компликации со визата

Потоа Теста ги објасни имиграциските проблеми со кои се соочува двојката. Таа рече дека поради сè построгите правила и ограничувања при влегување во одредени земји, тие морале да одлучат каде да живеат.

„Луѓето не сфаќаат колку документација има“, забележа таа. Проблемот се појавил откако Краузе, според неа, ги искористила можностите за привремен престој во Австралија.

„Последниот пат кога влеговме во Австралија, тој бил задржан на границата поради чести влегувања. Макс ги искористил сите достапни австралиски визи, вклучително и работна виза за одмор. Немал повеќе опции“, објасни таа.

@mikaelatesta ♬ original sound - Mikaela Testa

Бидејќи Краузе повеќе не можел едноставно да влезе во Австралија, двојката решила да се фокусира на својот престој во Соединетите Држави. „Не можев да се справам со постапката за влез на Макс во Австралија и мојот за САД во исто време. Моравме да избереме една земја и се одлучивме за Америка“, објасни таа.

Во видеото, таа ги замолила своите следбеници за поддршка додека чекаат на конечната одлука. „Можеби наскоро ќе добиеме лоши вести. Ве молиме испратете ни позитивна енергија и среќа, мислам дека навистина ќе ми требаат.“ Подоцна во коментарите, таа разјасни што се случило за време на постапката: „Имавме разговор за зелена карта и ни се чини дека не поминало добро.“

Свадба на Хаваи

Проблемите со престојот во САД се појавија кратко по нивната свадба на Хаваи. Двојката имаше интимна и ненајавена церемонија, а Теста носеше винтиџ фустан за таа пригода, за кој плати 30 долари.

Иако се надеваа дека по свадбата ќе можат да го решат прашањето за нејзиниот престој во САД без поголеми проблеми, постапката не заврши како што очекуваа. Теста сега мора да се врати во Австралија, додека нејзиниот сопруг ќе остане во САД.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Ангела Меркел пазари во супермаркет во Италија- вработените откриваат што купила и како се однесувала (ВИДЕО)

Поранешната германска канцеларка Ангела Меркел ги изненади вработените и клиентите кога во вторник попладне застана во супермаркетот „Конад“ во градот Кава де Тирени, во италијанскиот регион Кампанија.

Ангела Меркел пазари во супермаркет во Италија- вработените откриваат што купила и како се однесувала (ВИДЕО)

Поранешната германска канцеларка Ангела Меркел ги изненади вработените и клиентите кога во вторник попладне застана во супермаркетот „Конад“ во градот Кава де Тирени, во италијанскиот регион Кампанија, пред да го продолжи своето патување до крајбрежјето Амалфи, каде што ќе помине неколку дена на одмор во Равело, објавува „Матино“.

Меркел претходно пристигна на аеродромот Каподикино во Неапол, од каде, придружувана од обезбедувањето, се упати по автопатот преку Помпеја и Салерно до крајбрежјето Амалфи. На излезот за Кава де Тирени, таа одлучи да направи кратка пауза во супермаркетот, кој се наоѓа недалеку од наплатната рампа.

„Љубезна, топла и пристапна“

Нејзината посета ги изненади вработените и клиентите. Асунта Ламберти, вработена во одделот за деликатеси, беше првата што ја препозна поранешната германска канцеларка.

„Изгледа како госпоѓа Меркел“, извика таа, сè уште во неверица додека сечеше сувомеснато месо. Нејзината претпоставка беше потврдена од секретарката и преведувачот на политичарот.

Вработената подоцна ја опиша Меркел како љубезна, топла и пристапна личност. Поранешната канцеларка помина некое време разгледувајќи наоколу и купувајќи производи, поздравувајќи ги оние што ја препознаа.

YouTube video

Локални специјалитети во кошничката

Сепак, таа беше особено импресионирана од речиси празните полици, особено во одделот за овошје и зеленчук. Недостатокот на одредени производи беше поврзан со штрајк на камионџиите, а Меркел праша за причините за намалената понуда.

Нејзината кошничка содржеше и локални специјалитети, вклучувајќи неколку пакувања тестенини Граниано и моцарела од биволско потекло, карактеристични производи на гастрономската традиција на Кампанија.

По купувањето, Меркел ги поздрави присутните и го напушти супермаркетот, каде што ја чекаше возило, пред да продолжи по патот кон нејзината дестинација на брегот на Амалфи.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Данска прв пат во својата историја купува прецизни ракети со долг дострел- Русија со жестока реакција

Членката на НАТО, Данска, вчера соопшти дека се согласила да ги набави своите први прецизни ракети со долг дострел, во обид на нордиската земја да ја зајакне својата безбедност и да ја одврати Русија од агресија во Европа.

Данска прв пат во својата историја купува прецизни ракети со долг дострел- Русија со жестока реакција

Членката на НАТО, Данска, вчера соопшти дека се согласила да ги набави своите први прецизни ракети со долг дострел, во обид на нордиската земја да ја зајакне својата безбедност и да ја одврати Русија од агресија во Европа, што предизвика осуда од Москва.

Данскиот министер за одбрана, Јепе Брус, изјави дека новите ракетни системи ќе ги зајакнат капацитетите на Данска и ќе ѝ овозможат да изврши напади „зад непријателските линии“ доколку биде нападната.

„Се наоѓаме во сериозна и влошувачка безбедносна ситуација и затоа ја зајакнуваме нашата одбрана и ја зголемуваме нашата борбена моќ“, изјави Брус пред новинарите.

Руската амбасада во Копенхаген во писмена изјава изјави дека целта на ракетната политика на Данска е конфронтација со Москва и предупреди на „неизбежни катастрофални последици“.

„Копенхаген е зафатен од опасни заблуди дека купувањето офанзивно, високопрецизно, оружје со долг дострел, кое претставува воена закана за нуклеарна сила, ќе помогне во зајакнувањето на безбедноста и одбраната на Данска“, соопшти амбасадата.

Данска минатата година објави планови за набавка на офанзивно оружје со долг дострел за да се спротивстави на воената закана на Русија за Европа, што предизвика остар одговор од Москва.

Премиерката Мете Фредериксен потоа ја повика војската да „купува, купува, купува“ ново оружје, по години намалување на воениот буџет, во промена на политиката предизвикана од војната на Русија во Украина.

Данска вчера соопшти дека се согласила да купи ракети „Антем“, произведени од американската одбранбена компанија „Ковенант“ во Германија, како и ракети „Џоинт Страјк“ за своите борбени авиони „Ф-35“, произведени од норвешката компанија „Конгсберг“ (KOG.OL).

Брус не кажа колку ракети нарачала Данска или колку ќе плати за нив.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер