Европски лидери: Границите не можат да се менуваат со сила, не може да се одлучува без Киев - Канал 5

Европски лидери: Границите не можат да се менуваат со сила, не може да се одлучува без Киев

Лидерите рекоа дека „патот кон мирот“ во Украина не може да се одреди без учество на Киев.

Европски лидери: Границите не можат да се менуваат со сила, не може да се одлучува без Киев

Лидерите на Велика Британија, Франција, Германија, Италија, Полска, Финска, како и претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен во заедничко соопштение во врска со решавањето на украинската криза, нагласија дека остануваат посветени на принципот дека меѓународно признатите граници не можат да се менуваат со сила и дека сегашната линија на раздвојување треба да претставува почетна точка за преговори.

Лидерите рекоа дека „патот кон мирот“ во Украина не може да се одреди без учество на Киев и дека преговорите можат да се водат исклучиво во услови на прекин на огнот или намалување на непријателствата.

„Убедени сме дека само сеопфатен пристап кој ги обединува активната дипломатија, континуираната поддршка за Украина и притисокот врз Руската Федерација за прекин на војната може да донесе резултати“, се наведува во заедничкото соопштение.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Воените морнарици на Израел и Грција изведоа заедничка поморска вежба во Средоземното Море

Израелската и грчката морнарица вежбаат откривање и неутрализирање на закани во Средоземното Море, вклучително и уништување на непријателски брод со ракетен оган. 

Воените морнарици на Израел и Грција изведоа заедничка поморска вежба во Средоземното Море

Вежбата се одржа неколку дена откако Турција и Либија ратификуваа договор за поморска демаркација на кој се спротивставуваат Израел, Грција, Кипар и Египет, соопшти израелската војска.

Во вежбата, која се одржа оваа недела, учествуваа израелски ракетни чамци и бродови од неколку грчки морнарички единици. Ја предводеа командантот на израелската морнарица, вицеадмиралот Ејал Харел и командантот на грчката морнарица, вицеадмиралот Димитриос-Елефтериос Катарас, заедно со началникот на штабот на грчките вооружени сили, генерал Димитриос Цупис, објави „Тајмс оф Израел“.

Силите на двете земји вежбаа различни оперативни сценарија, заедничка навигација и одговор на закани на море, соопшти израелската војска.

„Вежбата претставува уште еден чекор во продлабочувањето на оперативната соработка меѓу израелската и грчката морнарица, со цел зајакнување на заедничката подготвеност и зачувување на слободата на дејствување во Средоземното Море“, се вели во соопштението на израелската војска. Харел оцени дека стратешкото партнерство со Грција е „значаен фактор што ги зголемува оперативните способности“.

Тој додаде дека тоа ја зајакнува способноста на двете земји да дејствуваат заедно во одбранбени и офанзивни операции за зачувување на безбедноста и слободата на пловидба во Средоземното Море.

Израелско-грчката поморска соработка се интензивираше во последните години, особено во време на влошување на односите меѓу Израел и Турција. Анкара претходно беше близок регионален партнер на Израел, додека односите меѓу Турција и Грција традиционално беа оптоварени со спорови, објави израелскиот портал.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Таткото на Меган Маркл призна дека плаќал сексуални услуги на Филипините

Томас Маркл (82), таткото на Меган Маркл, сопругата на британскиот принц Хари, призна дека платил за сексуални услуги на Филипините.

Таткото на Меган Маркл призна дека плаќал сексуални услуги на Филипините

Томас Маркл (82), таткото на Меган Маркл, сопругата на британскиот принц Хари, призна дека платил за сексуални услуги на Филипините, но цврсто ги отфрла обвинувањата дека поседувал фотографии и видеа од сексуална злоупотреба на деца. Според британскиот весник „Сан“, полубратот на Меган, Томас Маркл помладиот, тврди дека пронашол контроверзни фотографии и снимки во поранешниот дом на својот татко на Филипините.

Наводно, тој пријавил во локалната полиција дека меѓу семејните фотографии пронашол и материјали што прикажуваат сексуална злоупотреба на деца. „Сан“ исто така наведува дека контактирал со ФБИ во јули. Филипинските власти рекоа дека ги истражуваат обвинувањата.

Призна дека платил за сексуални услуги

Во интервју за „Мејл он Сандеј“, Томас Маркл постариот ги негираше обвинувањата, велејќи дека „никогаш немал сексуални односи со лице под 18 години“. Тој призна дека додека бил слободен, патувал на Филипините најмалку двапати и таму платил за сексуални услуги.

„Ми се допаѓаат азиските жени, но тоа не е кривично дело“, рече тој.

„Моето здравје не ми дозволува да патувам на Филипините, но сум подготвен да разговарам со секој што сака. Немам што да кријам“, додаде тој. Маркл моментално е во дом за стари лица во Флорида, каде што повторно учи да оди откако му беше ампутирана ногата во 2025 година за време на итна операција.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

„Кокошка“ на НУ Народен театар Битола ја доживеа својата 100. изведба

Пред преполна сала, екипата на Народниот театар Битола по 100.пат ја изведе претставата „Кокошка“. 

„Кокошка“ на НУ Народен театар Битола ја доживеа својата 100. изведба

Оваа изведба беше и со хуманитарен карактер, па така сите средства од продадените билети ќе бидат донирани за децата од СОС Детско село.

Публиката на Битолскиот театар и овојпат докажа дека знае што значи да се биде хуман. Една од најбараните комедии на НТБ, претстава која ја сака публиката доби долготрајни аплаузи.

Комедијата на Николај Кољада, во режија на Марјан Георгиевски, ги води посетителите низ свет каде што амбициите, љубовта, суетата и желбата за успех се судираат на најнеочекувани и најкомични начини. Претставата со брилијантен хумор, живи дијалози и препознатливи ситуации, ја освојува публиката затоа што сите се пронаоѓаме во неа. Смеата доаѓа природно, искрено и – до солзи.

За сценографијата се погрижи Валентин Светозарев, костимографија Благој Мицевски, драматург Оливера Павловиќ.

Во претставата играат: Јулијана Мирчевска, Катерина Аневска, Соња Ошавкова, Александар Димитровски, Николче Пројчевски.

После изведбата 100.изведба беше прославена со торта. Да се множат успешни претстави.

Еден град. Еден театар. 100 пати „Кокошка“.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер