Европската Унија на 90 дена ги става во мирување контра-царините за САД - Канал 5

Европската Унија на 90 дена ги става во мирување контра-царините за САД

 Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен денеска ја поздрави најавата на американскиот претседател Доналд Трамп дека ги паузира новите „реципрочни царини“ за повеќето земји на 90 дена за да овозможи преговори, јави ДПА.

Европската Унија на 90 дена ги става во мирување контра-царините за САД

-Додека го финализираме усвојувањето на контра-мерките на ЕУ за увозот на американски производи, кои добија силна поддршка од земји членки, решивме да ги ставиме во мирување 90 дена, соопшти претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен.

Папата благословува затвореници, но се откажа од миењето нозе на Велики четврток

Папата Франциск денеска го посети римскиот затвор Регина Коели (Кралица на небото), одржувајќи ја традицијата на Велигденската сезона и покрај тековните здравствени проблеми.

Папата благословува затвореници, но се откажа од миењето нозе на Велики четврток

Како што пренесе ДПА, 88-годишниот понтиф беше топло примен од околу 70 затвореници во најпознатиот римски затвор.

Ватикан соопшти дека папата не го извршил свеченото миење на нозете на затворениците, ритуал што го отсликува гестот на Исус Христос пред Тајната вечера.

По совет на лекарите, тој избегнува близок контакт додека закрепнува од тежок напад на пневмонија поради кој беше во болница 38 дена.

За време на посетата, Франциск ги благослови затворениците и персоналот. Тој ги призна своите физички ограничувања, велејќи: „Би сакал да го правам она што го правеше Исус на Велики четврток секоја година, миење на нозете. Оваа година не можам да го направам тоа. Но, можам и сакам да бидам блиску до вас. Се молам за вас и вашите семејства“.

Трамп изјави дека „100 проценти ќе има трговски договор“ со ЕУ

Американскиот претседател Доналд Трамп изрази „100 проценти“ увереност во постигнувањето „трговски договор“ во тековниот царински спор со Европската унија, за време на денешната средба со италијанската премиерка Џорџа Мелони во Белата куќа.

Трамп изјави дека „100 проценти ќе има трговски договор“ со ЕУ

- О, ќе има трговски договор, 100 отсто, рече Трамп.

Тој одговараше на новинарско прашање што ќе се случи ако нема договор на крајот од 90-дневната пауза што ја одреди – и реагираше речиси со потсмев, пренесе ДПА.

- Што, мислите дека нема да има … се разбира дека ќе има трговски договор. Многумина сакаат да склучат договор, многу, многу. И ние ќе направиме трговски договор. Целосно го очекувам, но тоа ќе биде фер договор, рече Трамп.

Минатата недела, по значителните турбуленции на берзите и финансиските пазари, Трамп неочекувано одлучи да им одобри на многу земји, вклучително и на ЕУ, 90-дневна пауза од одредени царини.

Овие царини се казнени и се засноваат на трговскиот дефицит на соодветните земји, а исклучок е Кина.

Со оваа одлука, Трамп привремено стави дел од својот обемен царински пакет во мирување. ЕУ, исто така, соопшти дека ќе ги суспендира планираните одмазднички царини за американските производи на 90 дена.

Фото: ЕПА

Ван Дајк останува во Ливерпул до 2027

Капитенот на Ливерпул, Вирџил ван Дијк денеска го продолжи договорот со англискиот клуб до 2027 година.

Ван Дајк останува во Ливерпул до 2027

„Многу сум среќен и горд. Има толку многу емоции кои ми поминуваат низ главата токму кога зборувам за тоа. Се чувствувам горд и радосен. Тоа е неверојатно. Патувањето што го имав досега во мојата кариера и можам да го продолжам за уште две години во овој клуб е неверојатно и многу сум среќен“, изјави Ван Дајк.

Холандскиот фудбалер му се приклучи на Ливерпул во јануари 2018 година од Саутемптон за тогаш рекордна сума од 75 милиони фунти за дефанзивец.

Досега Ван Дајк одигра 314 натпревари и постигна 27 голови за Ливерпул, со кој меѓу другото ја освои Лигата на шампиони во 2019 година и Премиер лигата во 2020 година.

притисни ентер