318 загинати во руски воздушни напади врз Киев – Зеленски алармира на недостиг на пресретнувачки ракети
Алармантен број на убоди од инсекти: Над 30 луѓе побарале помош на клиника од убоди на оса, пчела, стршлен
1Алармантен број на убоди од инсекти: Над 30 луѓе побарале помош на клиника од убоди на оса, пчела, стршлен
ТехнологијаЕвропската Комисија за потегот на Маск: Сите платформи мора да ги почитуваат европските правилаОд Европската комисија одбиле да ја коментираат одлуката на Илон Маск да го купи Твитер, но истакнале дека правилата на Европската унија за дигитални услуги важат за сите главни платформи.„Законот за дигитални услуги се применува на сите главни платформи за да се осигура дека нивната моќ над јавната дебата е демократски контролирана со цел да се заштитат основните права на интернет“, рече портпаролот на Комисијата, Јоханес Бахрке. Одборот на директори на Твитер ја прифати понудата за преземање од 44 милијарди долари од американскиот милијардер Илон Маск. Комесарот за внатрешен пазар Тиери Бретон преку Твитер порача дека сите компании кои работат во Европа мора да ги почитуваат европските правила. „Без разлика дали се работи за автомобили или социјални медиуми, сите компании кои работат во Европа мора да ги почитуваат нашите правила, без разлика кои се нивните акционери“, напиша Бретон. Илон Маск, сопственик на Tesla, водечки производител на електрични автомобили, рече дека слободата на изразување е основата на демократијата и се надева дека неговите најжестоки критичари ќе останат на Твитер.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
КултураБројот на загинати во земјотресите во Венецуела се искачи на 3.342Бројот на загинати во двата земјотреси во Венецуела се искачи на 3.342, објави венецуелското министерство за информирање.Бројот на повредени достигна 16.470, додека бројот на луѓе кои останаа без своите домови скокна на над 17.300. Првиот земјотрес во Венецуела со магнитуда од 7,2 степени според Рихтеровата скала се случи на 24 јуни, на околу двесте километри западно од Каракас. По него следуваше втор земјотрес со магнитуда од 7,5 степени, на оддалеченост од 45 километри, а потоа и низа последователни потреси. Земјотресот со магнитуда од 7,5 степени беше најсилниот во последните повеќе од сто години, велат податоците на американскиот геолошки институт.Тагови: Венецуела Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПотпишан договор со ЕБОР и ЕУ за изградба на автопат Скопје-Блаце, ќе чини речиси 200 милиони евра15:00Мицкоски: Оваа Влада ќе биде запаметена по проекти, по две децении најава, наскоро започнува изградбата на автопатот Скопје - Блаце12:43Продолжува судењето за пожарот во „Пулс“, обвинителство треба да презентира листинзи од телефонска комуникација09:07Мицкоски на потпишување на договор за изградба на автопат Скопје-Блаце08:50Мицкоски: Опозицијата бега од реформи во Изборните законик поради страв од пораз15:00
Потпишан договор со ЕБОР и ЕУ за изградба на автопат Скопје-Блаце, ќе чини речиси 200 милиони евра15:00
Мицкоски: Оваа Влада ќе биде запаметена по проекти, по две децении најава, наскоро започнува изградбата на автопатот Скопје - Блаце12:43
Продолжува судењето за пожарот во „Пулс“, обвинителство треба да презентира листинзи од телефонска комуникација09:07
СветМилиони луѓе на погребната поворка на ајатолахот Али Хамнеи во Техеран (ВИДЕО)Милиони луѓе се придружија на погребната поворка во Техеран за да го испратат телото на починатиот врховен верски лидер, ајатолахот Али Хамнеи на пат кон светиот град Ком.Според иранските медиуми, денешниот настан е најголемиот јавен собир во модерната историја на земјата. Поворката почна утрината од верскиот комплекс „Голема мосала“ во Техеран, каде што што изминатите два дена беше изложено телото на Хамнеи. İran'ın başkenti Tahran'da yüz binlerce kişi, ABD ve İsrail'in düzenlediği saldırılarda öldürülen Ali Hamaney'i uğurluyor. 🛑 Hamaney'in cenazesinin akşam ezanından önce Kum kentine ulaştırılması bekleniyor... pic.twitter.com/1sNPjIBAys — Taha (@Taha_Sivas_5858) July 6, 2026 Организаторите очекуваат поворката, која се движи по траса долга околу 10 километри, да трае помеѓу 10 и 12 часа. Хамнеи кој беше убиен на 28-ми февруари од американските сили, ќе биде погребан во четврток. По атентатот, за негов наследник беше назначен неговиот син Моџтаба Хамнеи. İran'ın başkenti Tahran'da yüz binlerce kişi, ABD ve İsrail'in düzenlediği saldırılarda öldürülen Ali Hamaney'i uğurluyor. 🛑 Hamaney'in cenazesinin akşam ezanından önce Kum kentine ulaştırılması bekleniyor... pic.twitter.com/1sNPjIBAys — Taha (@Taha_Sivas_5858) July 6, 2026 Тагови: Али Хамнеи Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Свет18 загинати во руски воздушни напади врз Киев – Зеленски алармира на недостиг на пресретнувачки ракетиНајмалку 18 луѓе загинаа, а повеќе десетици се ранети во најновите жестоки руски водзушни напади врз Киев, само неколку дена откако во слични напади беа убиени над 30 цивили.Како што соопштија украинските власти, мета на нападите биле повеќе згради во главниот град, каде што избувнале пожари, а меѓу повредените има и деца. Според информациите, Русија употребила 350 беспилотни летала, 40 крстосувачки ракети, но и речиси 30 балистички и суперсонични проектили, од кои безмалку ниту еден не бил соборен. Киев призна дека украинската одбрана претрпела огромен удар поради сериозниот недостиг на пресретнувачки ракети за системот патриот, кој единствено може да соборува балистички проектили. Украинскиот претседател Зеленски апелираше до сојузниците да донесат силни одлуки на самитот на нато утре и задутре за да и обезбедат на украина воздушна одбрана. Додека ракетите „Патриот“ се во магацините на нашите сојузници, Русија е само охрабрена да продолжи да уништува станбени згради“, напиша Зеленски на социјалните мрежи..Тагови: Киев Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook