Европската комисија одобри нови вакцини против омикрон - Канал 5

Европската комисија одобри нови вакцини против омикрон

Европската комисија одобри две вакцини кои обезбедуваат заштита од омикрон варијанта на коронавирусот, моментално доминантна во Европа, објави денеска комесарката за здравство Стела Киријакидес.

Европската комисија одобри нови вакцини против омикрон

Еден ден претходно, Европската агенција за лекови (ЕМА) даде зелено светло за вакцините „BioNTech/Pfizer“ и „Moderna“.

„Ќе следат повеќе одобренија, проследено со имплементација во кампањите за вакцинација во земјите-членки“, напиша Киријакидес на Твитер.

ЕМА вчера објави дека модифицираните оригинални вакцини „Comirnaty (Pfizer/BioNTech)“ и „Spikevax (Moderna)“ се насочени кон подваријантата „Omicron BA.1“ и оригиналниот вид на „SARS-CoV-2“.

Додека варијантата „BA.1“ е во опаѓање во Германија, тамошните власти веруваат дека новите вакцини, исто така, подобро ќе штитат од варијантата „BA.5“, која моментално е доминантна во земјата.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Кризата на Блискиот Исток доведе до скок на цените на нафтата и до 107 долари за барел, расте нервозата во САД

Новиот развој на настаните на Блискиот Исток ја вивна цената на нафтата на највиско ниво од мај, засега без сигнали дека состојбата може да се стабилизира. 

Кризата на Блискиот Исток доведе до скок на цените на нафтата и до 107 долари за барел, расте нервозата во САД

Нафтата од типот Брент преку ноќ скокна за три проценти и се продава за 107 долари за барел, сериозно доближувајќи се на рекордот од 118 долари, од март годинава. Освен на со месеци блокираниот Ормутски Теснец, драстичниот скок на цените се должи на молскавичниот продор на злогласените Јеменски Хути кои зазедоа клучни острови кај теснецот Баб ал-Мандаб, кој е најкусиот поморски пат меѓу Европа и Азија. Саудиска Арабија го затвори најголемиот нафтовод кој беше цел на напади од бесопилотни леатала, а низ кој дневно се транспортираат седум милиони барели или 4 проценти од светските протреби на нафта.

-Пазарот ќе биде шокиран, цените ќе се зголемуваат, а само Саудијците можат да кажат колку време е потребно за поправка на нафтоводот. Цената на нафтата веројатно ќе достигне 120 долари за барел. , вели Јоханес Бенигни, енергетски експерт од Виена.

Паралелно со светските берзи, расте и нервозата во САД, каде што прв пат во историјата дизелот надмина шест долари за галон, односно 1,65 долари за литар, што е поскапување од 60 проценти за една година.

-Машината зад мене троши 200 галони дневно. Мораме да жнееме и да ги користиме машините и да користиме дизел. Суштината е дека тоа влијае на нашиот профит. , жител на Вашингтон.

-Кога овие цени вака вртоглаво растат, тоа им ја зема храната од уста на вашите деца. , вели жител на Вашингтон.

Американскиот претседател Трамп, смета дека скокот на цените на нафтата не е резултат од случувањата на Блискиот Исток, туку од конфликтот меѓу Украина и Русија.

-Г-н Зеленски мора да направи една работа. Да престане да го онеспособува дизелот горивото во Русија. Нека таргетира други цели, но не дизелот, бидејќи предизвикува недостиг од дизел гориво. Ова не го прави Блискиот Исток, ова (поскапувањата) се резултат на случувањата со Русија и Украина. , изјави Доналд Трамп, претседател на САД.

Украинскиот претседател Зеленски засега е без одговор на барањато на Трамп Украина да се воздржи од нападите врз руските рафинерии.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Министерството за здравство со внимание ги следи и сочувствува со наводите изнесени во јавноста од страна на медицинската сестра Љубица Шавреска

Министерството за здравство ќе постапи исклучиво професионално, врз основа на утврдени факти и стручни наоди.

Министерството за здравство со внимание ги следи и сочувствува со наводите изнесени во јавноста од страна на медицинската сестра Љубица Шавреска

Министерството за здравство со внимание ги следи и сочувствува со наводите изнесени во јавноста од страна на медицинската сестра Љубица Шавреска, поврзани со третманот што го добила во текот на бременоста, пред нејзината бременост трагично да заврши со загуба на плодот.

Свесни за тежината на искуството на пациентката и со цел целосно и објективно да се утврдат сите околности, Министерството веднаш иницираше барање до Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ) за спроведување надзор над постапувањето на здравствените установи и медицинскиот персонал вклучени во случајот. По спроведениот вонреден инспекциски надзор од страна на ДСЗИ, Министерството за здравство ќе формира комисија за стручен надзор над работата на здравствените работници кои учествувале во лекувањето на пациентката.

Министерството за здравство ќе постапи исклучиво професионално, врз основа на утврдени факти и стручни наоди. Доколку во постапката на инспекциски надзор се утврдат евентуални пропусти во постапувањето, Министерството ќе постапи целосно согласно важечките законски прописи.

Министерството за здравство останува посветено на обезбедување квалитетна и достапна здравствена заштита за секоја пациентка, а особено во случаи со висок ризик, каков што е случајот на бременост со компликации.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Од полноќ дизелот поевтинува за 2 денари, бензините поскапи за 3,5 денари за литар

За три и пол денари поскапуваат бензините, а дизелот поевтинува за два денари за литар. 

Од полноќ дизелот поевтинува за 2 денари, бензините поскапи за 3,5 денари за литар

Еуросупер БС-95 од полноќ ќе се продава за 100,5 денари, БС-98 за 102,5, а дизелот за 99 денари за литар. Ова се цените по новата владина интервенција со која ДДВ-то за дизелот привремено се намалува од 18 на 10 проценти. Мерката ќе важи до 28 септември, а според Владата, без неа дизелот наместо да поевтини за два, ќе поскапеше за околу пет денари – од 101 на приближно 106 денари за литар.

Премиерот Христијан Мицкоски вели дека со намалите акцизи и данокот граѓаните и компаниите ќе заштедуваат повеќе од 250 илјади евра дневно во следните две недели, а Македонија вели, останува со најниски цени на горивата во споредба со соседните земји.

За бензините засега нема намалување на ДДВ-то. Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска вели дека состојбата ќе се следи во следните две недели и по потреба ќе се интервенира. Во моментов, како што посочи, не се разгледуваат други дополнителни мерки.

Новите ценовни шокови, сепак, може да се одразат и врз државната каса. До крајот на неделата Кочоска најави и состанок со двете инситуциите задолжени за буџетските приходи - Царинската управа и Управата за јавни приходи, по што ќе се проценува дали ќе биде потребен нов ребаланс на Буџетот или ќе се прави само пренамена на дел од средствата. Ваквиот развој на енергетската криза, според министерката, не бил предвиден при подготовката на актуелниот ребаланс.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер