Гостивар ќе добие вода за техничка употреба до крајот на неделата, за пиење наредната по нови анализи
2Гостивар ќе добие вода за техничка употреба до крајот на неделата, за пиење наредната по нови анализи
3САД воведуваат нови увозни царини: ЕУ, Кина, Канада и Индија меѓу најпогодените од мерките на администрацијата на Трамп
АвтомобилизамЕвропската автоиндустрија загрижена од последиците од американските царини Претставниците на европската автомобилска индустрија изразуваат голема загриженост за пошироките импликации на американските царини, особено поради ризикот од пренасочување на пласманот на возила од трети земји кон пазарите во ЕУ. Претставниците на европската автомобилска индустрија изразуваат голема загриженост за пошироките импликации на американските царини, особено поради ризикот од пренасочување на пласманот на возила од трети земји кон пазарите во ЕУ, јави дописникот на МИА од Брисел. Ваквата загриженост беше изразена на денешната средба на претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен со претставници на автомобилската индустрија од ЕУ, посветена на последиците на американските царини врз секторот за производство на автомобили, автомобилски делови и комерцијални возила. Целта на средбата, како што соопшти ЕК, беше размената на мислења и предлози од индустријата за најефикасен одговор на ЕУ на американските мерки. Претставниците на европската автомобилска индустрија ја истакнала и неизвесноста што ја создаваат овие мерки за интегрираните синџири на снабдување, особено во автомобилскиот сектор од двете страни на Атлантикот. - Тие изразија поддршка за намалување на царините од двете страни како дел од решението преку преговори, пат на кој Европската комисија останува посветена. Учесниците, исто така, споделија ставови за перспективите за потенцијалот од намалување на нецаринските бариери од страна на ЕУ и САД на взаемно корисен начин, се наведува во соопштението. Европската автоиндустрија, исто така, ја охрабрила Европската комисија да ја имплементира својата агенда за конкурентност, особено преку забрзување на активностите вклучени во Акцискиот план за автомобилскиот сектор. Тагови: царини автомобилска индустрија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаВодата за пиење во Крушево бактериолошки неисправнаЦентарот за јавно здравје Прилеп ги информираше граѓаните на Крушево дека водата од градскиот водовод е бактериолошки неисправна и не се препорачува за пиење.До надминување на состојбата, жителите треба да користат пакувана вода за пиење. Водата од градскиот водовод може да се употребува за лична хигиена, подготовка на храна, перење и миење садови само доколку претходно се преврива најмалку 10 минути. Од ЈП „Комуна“ Крушево информираат дека се врши редовно хлорирање на водата, како и секојдневна контрола на нивото на хлор во водоводниот систем.... Од таму велат дека препораките ќе останат во сила сè додека не се добијат три последователни исправни примероци од водата.Тагови: вода Крушево Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаГостивар ќе добие вода за техничка употреба до крајот на неделата, за пиење наредната по нови анализиГостиварци би можеле да добијат вода за техничка употреба до крајот на неделава.Кризниот штаб информираше дека во првата фаза нема да смее да се конзумира водата, а по прочистување на системот и потврда од лабораториските испитувања што се очекува да биде завршено идната недела, водата од чешмите во гостивар би можела да биде добра и за пиење... Од Гостивар, министерот за внатрешни работи Панче Тошковски најави и дека секој кој се огрешил пред законот во случајот со водата во Гостивар, ќе одговара.Тагови: Гостивар Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветСАД воведуваат нови увозни царини: ЕУ, Кина, Канада и Индија меѓу најпогодените од мерките на администрацијата на ТрампСАД воведоа нови царини за 60 трговски партнери – меѓу нив се ЕУ, Кина, Канада, Јапонија и ИндијаСоединетите Американски Држави(САД) синоќа објавија дека воведуваат царини од десет или 12,5 проценти на увоз од 60 држави, со образложение дека државите не успеале да воведат или не применуваат ефикасна забрана за увоз на стоки произведени со принуден труд. „Трговските партнери што презеле обврска да воведат и ефикасно да применуваат забрана за увоз на стоки произведени преку принуден труд ќе подлежат на царина од десет отсто, додека трговските партнери што не усвоиле таква забрана ќе подлежат на царина од 12,5 отсто“, соопшти американската администрација. Меѓу засегнатите производи има и одредени стоки од Европската Унија, соопшти Канцеларијата на американскиот трговски претставник (USTR). Дополнителните царини ќе се применуваат на поголемиот дел од увозот од засегнатите трговски партнери, почнувајќи од 00:01 часот по источноамериканско време денеска (04:01 часот по Гринич). Од мерките ќе бидат изземени стоките што веќе се натоварени на бродови, се наоѓаат во завршна фаза од транспортот и за кои царинската документација била завршена пред 28 јули. Веднаш на најавите реагираа ЕУ, Австралија, Нов Зеланд. Високата претставничка на Европската Унија за надворешна политика и безбедност, Каја Калас, ги посочи како неосновани тврдењата за недостатоци во контролата врз принудниот труд во Унијата. „Тоа не може да се каже за Европската Унија“, изјави Калас. Таа рече дека споредено со САД, европското трудово законодавство предвидува платени одмори и високи стандарди за условите на работа. „Затоа ова навистина не е оправдано“, оцени Калас, најавувајќи дека ЕУ ќе бара дополнителни објаснувања од Вашингтон. Таа посочи дека ЕУ ги исполнила обврските од трансатлантскиот трговски договор постигнат минатата година и дека новите царини ги доживува како „шок“.Тагови: САД царини Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиГостивар ќе добие вода за техничка употреба до крајот на неделата, за пиење наредната по нови анализи08:47Тошковски: Секој што се огрешил пред законот ќе одговара18:20Гостивар ќе добие вода за техничка употреба до крајот на неделата, за пиење наредната по нови анализи15:00Царинска управа: Запленет златен накит вреден 1,3 милиони денари09:19Сончево со температура до 34 степени 08:31
Гостивар ќе добие вода за техничка употреба до крајот на неделата, за пиење наредната по нови анализи08:47
Гостивар ќе добие вода за техничка употреба до крајот на неделата, за пиење наредната по нови анализи15:00