Ѕвездата на „Смртоносно оружје“ откри тешка дијагноза: актерот со години живее со Алцхајмерова болест.
2Ѕвездата на „Смртоносно оружје“ откри тешка дијагноза: актерот со години живее со Алцхајмерова болест.
ЖивотЕвропската асоцијација за изнајмување куќи поднесе тужба против КаталонијаВо јуни, градоначалникот на Барселона, Жауме Колбони претстави план, според којшто, сите објекти за краткорочно изнајмување треба да престанат со работа до 2028 година. Европската асоцијација за изнајмување куќи за одмор (ЕХХА), којашто ги застапува платформите како што е „Ер-БНБ“ (Airbnb), поднесе жалба до Европската комисија против шпанската покраина Каталонија, поради одлуката што ѝ дозволува на Барелона, поточно на нејзините општини, забрана за краткорочно изнајмување простор за престој. Во јуни, градоначалникот на Барселона, Жауме Колбони претстави план, според којшто, сите објекти за краткорочно изнајмување треба да престанат со работа до 2028 година. Таа одлука е донесена со цел да се намали притисокот врз пазарот на домување и да се спречи натамошно зголемување на наемот за тамошните жители. Планот се заснова на Регионалниот закон за домување што е усвоен минатата година и на општините им дава можност да одлучат дали ќе дозволат или забранат изнајмување викендички, станови и слично, заради сместување. Во своето соопштение, ЕХХА наведува дека „новите правила се неоправдани и недоволни за да се решат проблемите со прекумерниот туризам и недостигот на станови“, како и дека законот е донесен итно и без соодветна јавна консултација. - Убедени сме дека со ова не се почитува правото на Европската Унија, изјави Викторија Молнар, генерален секретар на ЕХХА. Компанијата „Ер-БНБ“ неделава го повика Колбони да ги преиспита строгите ограничувања за издавање простор за престој, посочувајќи дека досегашните ограничувања што важат од 2014., не ги решаваат проблемите поврзани со станбената криза и прекумерниот туризмот во градот. Според официјалните податоци, Барселона денес има околу 8.800 имоти за краткорочно изнајмување. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаУлица и патишта го чистат каналот што е причина за поплавените гробишта во БутелПо налог на Град Скоопје односно секторот за комунални работи денес ЈП „Улица и патишта“ со координарни активности за рачно и машинско чистење на обраснатата вегетација улицата “Александар Урдаревски“ кај градските гробишта Бутел.Со расчистување на овој дел ќе подобри пристап на механизацијата за чистење и евакуација на натрупаниот материјал во дренажниот канал покрај самата сообраќајница, велат од Улица и патишта. Обраснатото зеленило е проблем и за истек на водата која се собра во каналот и водата ги поплавува гробните места... Канал 5 вчера објави сторија каде се гледа дека без разлика дали имало дожд или бил сушен период водата е присутна и тешко може да се стигне до гробните места. Од ЈП „Улица и патишта“ објаснуваат дека зеленилото е проблем и за одржување на безбедноста на улицата кога се движат пешаци и исто така е проблем за прегледност на возачите. Од ЈП „Улица и патишта“ апелираат граѓаните во одводните канали да не фрлаат отпад и шут бидејќи штетите пред се по големи дождови се огромни..Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
БалканМицотакис по нападот во Солун: Ќе ве најдеме и ќе ве предадеме на правдатаПремиерот на Грција, Киријакос Мицотакис, изјави дека сторителите на нападот во Солун ќе бидат пронајдени и изведени пред лицето на правдата, по смртта на жената која претрпе најтешки изгореници во намерно подметнат пожар .Премиерот на Грција, Киријакос Мицотакис, изјави дека сторителите на нападот во Солун ќе бидат пронајдени и изведени пред лицето на правдата, по смртта на жената која претрпе најтешки изгореници во намерно подметнат пожар врз објект поврзан со функционери на владејачката партија Нова демократија.. 72-годишната жена, инаку мајка на партиската кандидатка Афродити Нестора, починала на одделението за интензивна нега во Солун. Мицотакис изрази сочувство до семејството и предупреди дека не може да има толеранција за крвопролевање. Тероризмот мора да биде протеран таму каде што му е местото, на маргините“, изјави грчкиот премиер. Нападот врз домот на нестора бил еден од три координирани инциденти вчера рано утрината, во кој биле повредени уште четири лица, меѓу кои и самата кандидатка и нејзиниот татко..Тагови: Киријакос Мицотакис солун Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветРусија го нападна Киев, најмалку 13 луѓе се убиениРуските сили извршија голем напад со дронови и ракети врз украинската престолнина Киев, при што загинале 13 лица, а десетици се повредени.Неколку населби биле евакуирани додека нападите ги потресувале зградите низ целиот град, Само неколку часа откако украинскиот претседател Володимир Зеленски предупреди дека Русија се подготвува за нов напад.. Меѓу жртвите има и деца, изјави Тимур Ткаченко, шеф на воената администрација на Киев.. „Непријателот повторно намерно ги гаѓа станбените области и убива цивили“, изјави тој. Воздухопловните сили на Украина соопштија дека Русија лансирала 74 ракети и 496 дронови преку ноќ. Ова е прв голем руски напад со ракети и дронови врз украина во последните повеќе од две недели. Руското министерство за одбрана соопшти дека биле погодени и воени бази во централна и источна Украина..Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter