Европската агенција за лекови го одобри дексаметазон за лекување на коронавирусот - Канал 5

Европската агенција за лекови го одобри дексаметазон за лекување на коронавирусот

Европската агенција за лекови ја одобри употребата на дексаметазон за третман на пациенти со ковид-19 кои имаат проблеми со дишењето, отворајќи го патот овој стероид да стане втор одобрен лек за третман на ковид-19 во Европа по ремдесивирот.

Европската агенција за лекови го одобри дексаметазон за лекување на коронавирусот

ЕМА денеска објави дека лекот може да биде опција за лекување на возрасни и адолесценти на кои им е потребна терапија со кислород или респиратор, откако ги разгледа резултатите од студијата на британските научници.

Студија наречена „ RECOVERY“ спроведена од научници од Оксфорд покажала во јуни дека дексаметазонот ја намалува смртноста за околу една третина кај тешко болните лица со ковид-19. Лекот, во меѓувреме, е одобрен во Јапонија за третман на ковид-19.

Лекот се користи со децении, е ефтин и лесно достапен. Често се користи за разни воспалителни состојби. Компаниите сега можат да побараат дозвола од нивните национални регулатори или од ЕМА за дополнителна употреба на лекот, соопшти Агенцијата.

ЕМА исто така наведува дека препорачаната доза за возрасни и адолесценти, на возраст од 12 години и тешки најмалку 40 килограми, е 6 мг еднаш на ден во текот на десет дена.

Европската комисија издава одобрение за ставање во промет и обично ги следи препораките на ЕМА. Антивирусниот лек Ремдесивир на Гилеад е првиот одобрен лек против ковид-19 во Европа. Тој беше одобрена во јули.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Голем хакерски напад: Украдени податоци на речиси девет милиони луѓе

Данска претрпе масовен хакерски напад, еве кој е погоден.

Голем хакерски напад: Украдени податоци на речиси девет милиони луѓе

Хакиран е централниот регистар што ја содржи листата на поединци и нивните адреси во Данска, со што е овозможен пристап до податоците на 8,8 милиони луѓе, соопшти данското Министерство за дигитализација.

„Националната агенција за регистрација (CPR) утврди дека неовластени лица стекнале нелегален пристап до имињата, адресите и CPR-броевите (еквивалент на број за социјално осигурување) на приближно 8,8 милиони регистрирани поединци (живи, починати, оние што емигрирале итн.)“, се наведува во соопштението.

Аномалии во септември

Во тек е истрага, но сторителите сè уште не се идентификувани во оваа фаза, наведе истиот извор. Пристапот до податоците бил остварен преку легитимен канал за пристап на една данска компанија. Овој пристап оттогаш е укинат. Агенцијата во петокот била известена за „аномалија“ во CPR-системот што се случила „во текот на септември“.

„Ова е исклучително сериозен инцидент“, изјави министерката Кристина Егелунд, според соопштението за јавноста. „Заедно со сите релевантни тела, во процес сме на утврдување на целосниот обем на инцидентот“, додаде таа. По пробивот на податоците, агенцијата соопшти дека презела мерки за спречување слични инциденти.

Националниот регистар содржи податоци за 11 милиони луѓе. Покрај поединците што моментално живеат и престојуваат во Данска, тој содржи информации за починати лица и за лица што ја напуштиле земјата. Поединците со заштитени адреси и имиња не се погодени од протекувањето на податоците, се додава во соопштението.

Извор: Б92

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Обвинителството побара доживот затвор за Бојковски, пресудата во петок

Во Основниот суд во Куманово попладнево се одржаа завршни зборови во судскиот процес против Трајко Бојковски од Старо Нагоричане, кој е обвинет за четири убиства и два обиди за убиство.. 

Обвинителството побара доживот затвор за Бојковски, пресудата во петок

Обвинителството побара доживотен затвор за обвинетиот серискиот убиец Трајко Бојковски од кумановско Старо Нагоричане, на денешното судско рочиште на завршните зборови. Судската пресуда се очекува во петок. Јавниот обвинител Љубомир Лапе побара во завршните зборови, обвинетиот жртвите ги бирал по пол, се прикрадувал и напаѓал со цел задоволување на некрофилски страсти. На товар му се ставаат убиствата на Станче Каровска, Јанка Антевска, Марија Маринковска и Мира Станковска. Тој се осврна на негирањето на Бојковски дека го извршил убиството на сега покојната Станче Каревска од село Клечовце.

Одбраната на Бојковски побара судот при изрекување на кривичната санкција да ги има предвид олеснителните околности, како и ветувањето дека во иднина нема да направи ново кривично дело, како и дека се работи за млада личност. Трајко Бојковски е обвинет за четири убиства и два обиди за убиство. Тој со веќе убиените жени ги задоволувал своите сексуални страсти.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ВМРО-ДПМНЕ: Осомничените за криминал во Државна лотарија се од време на СДС и ДУИ, или Таче и Груби

Кога во јавноста има вести од типот како службени лица купуваат со пари од државата и државни компании работи за лична употреба како брендирани чанти Хермес, Луј Витон, Диор сметаме дека треба јавноста да ги знае сите детали. 

ВМРО-ДПМНЕ: Осомничените за криминал во Државна лотарија се од време на СДС и ДУИ, или Таче и Груби

Управата за финансиска полиција до Основното јавно обвинителство Скопје има поднесено кривична пријава против две службени лица вработени во АД Државна лотарија поради постоење на сомнение за сторени кривични дела Проневера во службата и Фалсификување или уништување деловни книги, двете дела предвидени во казнениот законик.

Лицата кои наместо дневниот промет од продажните места на АД Државна лотарија да го депонираат на трансакциските сметки на друштвото во банките, го присвојувале за себе.

Јавноста треба да знае дека овие лица се во Државна лотарија од времето на Димитар Ковачевски - Таче, кога Артан Груби беше вицепремиер, а Перпарим Бајрами беше генерален директор на Државна лотарија, сега првообвинет во судскиот случај поврзан со финансиски злоупотреби и проневера во државната компанија.

Во тек е судење за Груби и Бајрами и затоа сакаме само да информираме од кога се овие лица во Државна лотарија кои се сега осомничени за извршени казнени дела во Државна лотарија, се наведува во партиското соопштение.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер