Европска недела на ХИВ-тестирање: За ХИВ денес, важно е само навреме да се открие - Канал 5

Европска недела на ХИВ-тестирање: За ХИВ денес, важно е само навреме да се открие

На тој начин, информациите за превенција на ХИВ стануваат подостапни, повеќе луѓе можат да го дознаат својот ХИВ-статус и да добијат терапија, грижа и поддршка, велат од здружението.

Европска недела на ХИВ-тестирање: За ХИВ денес, важно е само навреме да се открие

Од денеска до 27 ноември, под мотото „Тестирај. Лекувај. Превенирај", се одржува Европската недела на тестирање за ХИВ, кон која веќе седма година по ред се приклучува и здружението ХЕРА – Асоцијација за здравствена едукација и истражување, заедно со неколку стотини организации од 53 европски земји. Целта на одбележувањето на оваа недела е да се зголемат пристапот и свесноста за важноста од тестирањето за ХИВ, објаснуваат од ХЕРА.

– На тој начин, информациите за превенција на ХИВ стануваат подостапни, повеќе луѓе можат да го дознаат својот ХИВ-статус и да добијат терапија, грижа и поддршка, велат од здружението.

Во фокусот на годинешната кампања е еден малку познат факт за ХИВ кај нас: Н = Н, недетектабилно е еднакво на непреносливо.

– Тоа значи дека луѓето кои живеат со ХИВ и редовно примаат терапија, имаат недетектабилно ниво на вирусот во крвта. Односно, дека вирусот во крвта се намалил до степен што не може да се детектира, со што целосно се спречува преносот на ХИВ по сексуален пат, дури и кога не се користи заштита (кондом). Така, самата терапија за ХИВ, всушност, претставува еден од најефективните начини на превенција на ХИВ, појаснуваат од ХЕРА.

Тоа е и главната порака на кампањата преку социјалните медиуми и преку видео.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Иван Анастасовски во „Вести плус“

Почитувани, вечерва во Вести Плус гостува Иван Анастасовски.

Иван Анастасовски во „Вести плус“

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Провокативната Нивес со интересни фотки и порака

Хрватската, старлета, пејачка, водителка, писателка и инфлуенсерка Нивес Целзијус повторно го привлече вниманието на своите следбеници на социјалните мрежи, овојпат со фотографии од одмор што ја доловуваат летната атмосфера. 

Фото: Провокативната Нивес со интересни фотки и порака

Бујната Нивес сподели фотографии од одморот, а покрај објавата остави кратка, но впечатлива порака.

„...кожата ми гори, срцето ми трепери...“, напиша Нивес.

Стиховите што таа ги избра дополнително ја истакнаа атмосферата што сакаше да ја пренесе преку фотографиите, а објавата не остана незабележана од нејзините следбеници.

Нивес често споделува моменти од своите патувања и одмори во текот на летните месеци, а нејзините објави редовно привлекуваат големо внимание кај јавноста.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Белгиски нуркач пронашол необично богатство во потонат брод

Неверојатно откритие во близина на брегот на Довер го привлече вниманието и на експертите и на љубителите на историјата. 

Белгиски нуркач пронашол необично богатство во потонат брод

Белгискиот нуркач и подводен фотограф Стеф Панис открил гајба со недопрени шишиња пиво и џин во остатоците од брод што потонал во 1864 година кај Довер, во југоисточна Велика Британија; едно шише со етикета „Guinness London“ привлече меѓународно внимание, а компанијата „Гинис“ изјави дека би сакала да го испита во својата лабораторија.

Нуркачот го открил потонатиот брод „Миндоро“ на длабочина од 25 метри и внатре пронашол гајба со шишиња, меѓу кои и едно од познатиот бренд за пиво, пренесува фламанскиот радиодифузер VRT.

„Ова шише ми го привлече вниманието бидејќи, исто како шише шампањ, имаше некаков вид капаче на врвот“, изјавил Панис.

Тој истакнал дека на шишето со пиво, кое 162 години лежело на морското дно, стоела етикетата „Guinness London“ – што е особено интересен детал со оглед на тоа што пивото „Гинис“ се произведува во Ирска, а не во Лондон.

Панис објасни дека од компанијата „Гинис“ дознал оти, во времето кога потонал бродот, вообичаена практика било пивото да се транспортира во буриња до разни локации – вклучително и Лондон – за таму да се флашира и дистрибуира.

„Миндоро“, бродот во чија близина биле пронајдени шишињата со алкохол стари 162 години, бил дрвен едреник што превезувал колонијален товар на пат кон Ванкувер. Покрај остатоците од бродот, на морското дно биле пронајдени и прибор за јадење, чинии, бројни шишиња вино, пиво и џин, како и делови од пушки и воени ремени.

„Таму [во Ванкувер] бил стациониран полк на британската армија, а бродот превезувал залихи за нив. Нуркањето до остатоците од бродот е како патување низ времето, така да се каже“, рече Панис.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер