Европска комисија: Треба јасно да се означат содржините што ги креира вештачката интелигенција - Канал 5

Европска комисија: Треба јасно да се означат содржините што ги креира вештачката интелигенција

Интернет-платформите треба јасно да ја означат содржината создадена од вештачката интелигенција за да се намали можноста за ширење на дезинформации, изјави денеска потпретседателката на Комисијата за вредности и транспарентност, Вера Јоурова.

Европска комисија: Треба јасно да се означат содржините што ги креира вештачката интелигенција

„Сакаме онлајн платформите да ја означуваат содржината создадена од вештачката интелигенција на таков начин што нормалниот корисник може јасно да види дека одредена текстуална, слика или видео содржина не е создадена од човекот“, рече Јоурова по состанокот на работната група задолжена за борба против дезинформации користејќи вештачка интелигенција.

Јоурова рече дека новите технологии за вештачка интелигенција можат да бидат корисни и да придонесат за зголемена ефикасност и создавање креативна содржина, но и дека тоа е поврзано со опасности.

„Тие носат нови ризици и можат да имаат негативни последици за општеството, меѓу другото и во областа на ширење дезинформации“, рече Јоурова и ги повика 44-те интернет платформи кои го прифатија кодексот на однесување да направат нешто за вештачката интелигенција. На пример, со воведување технолошки решенија за препознавање и јасно означување на таквата содржина.

Јоурова изрази жалење што социјалната мрежа Твитер отстапи од кодексот на добро однесување и наместо тоа избра конфронтација. „Мислиме дека Твитер направи грешка што избра да биде конфронтивен“, рече Јоурова.

Покрај доброволното учество во кодексот на однесување, борбата против дезинформациите ќе стане законска обврска според Законот за дигитални услуги, кој стапува на сила на 25 август. „Кодот е доброволен, но не правете грешка, со напуштање на кодот, Twitter ќе биде повнимателно следен за тоа како и до кој степен се усогласува со Законот за дигитални услуги“, рече потпретседателката на Комисијата.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Манасиевски: Филипче и СДС со двојни аршини за Алта банка, гласни денес, а молчеа во 2023 година

Филипче и СДС денес ја обвинуваат Алта банка и Давор Мацура. Но избегнуваат да одговорат за 2023 година.

Манасиевски: Филипче и СДС со двојни аршини за Алта банка, гласни денес, а молчеа во 2023 година

За време на нивната власт, токму денешните пратеници на СДС беа членови на Владата кои одобриле државното правобранителство да влезе во деловни односи токму со Алта банка и Давор Мацура.

Ако имале информации за сомнителен капитал и за Давор Мацура, зошто тогаш не ја предупредиле јавноста? Кои проверки биле направени пред продажбата на акциите? И кој ја одобрил постапката?

Денес Филипче и СДС се обидуваат да се претстават како заштитници на граѓаните. Лажните ПР политики не им проаѓаат кај граѓаните.

Филипче не може да ги обвинува другите, а да молчи за одлуките донесени во време на СДС. Граѓаните заслужуваат одговор, зошто за Алта банка станаа гласни дури откако престанаа да бидат власт?

Валентин Манасиевски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ

YouTube video

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

„Антропик“ собра рекордни 107,3 милијарди долари, вредноста достигна 1,5 билиони долари

Американската компанија „Антропик“, која стои зад четботот „Клод“, постави нов светски рекорд со најголемата почетна јавна понуда на акции во историјата.

„Антропик“ собра рекордни 107,3 милијарди долари, вредноста достигна 1,5 билиони долари

Компанијата за вештачка интелигенција „Антропик“ (Anthropic), производител на четботот „Клод“ (Claude), реализираше рекордна иницијална јавна понуда на акции (ИПО), преку која обезбеди 107,3 милијарди долари, вклучувајќи го и приватниот пласман.

Компанијата продаде 956,4 милиони акции по цена од 83 долари, додека седумтемина коосновачи продадоа дополнителни 23,6 милиони акции. Цената беше повисока од првично планираниот опсег од 70 до 78 долари.

Со берзанското деби, вредноста на „Антропик“ достигна околу 1,5 билиони долари, со што компанијата се вброи меѓу 15-те највредни котирани компании во светот.

Anthropic е основана во 2021 година, а ја основале поранешни лидери на OpenAI. Денес, овие две компании се меѓу главните конкуренти во битката за превласт во секторот на вештачката интелигенција.

Според текстот, OpenAI не очекува да излезе на берза пред следната година. Освен него, Anthropic се соочува со конкуренција од Google, американски и кинески стартапи и бизнисот со вештачка интелигенција на SpaceX. Финансиските извештаи откриваат дека Антропик веќе има преземено долг од 6,2 милијарди долари, што компанијата го опишува како „значаен“. И покрај високата пазарна вредност и интересот на инвеститорите, компанијата сè уште работи со загуба според стандардните сметководствени правила.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Јон Фрчкоски: 20 дена од скандалот со Алта банка, една недела од кривичната пријава – Обвинителот Савески молчи!

Поминаа 20 дена откако пукна скандалот со Алта банка во Македонија. Помина и цела недела откако СДСМ поднесе кривична пријава против гувернерот Трајко Славески и други одговорни лица.

Јон Фрчкоски: 20 дена од скандалот со Алта банка, една недела од кривичната пријава – Обвинителот Савески молчи!

А од јавниот обвинител Ненад Савески – молк.

Граѓаните не можат да дојдат до своите пари. Пензионерите не можат да си ги подигнат пензиите. Банкарскиот систем е загрозен.

Не се знае дали е отворена истрага за Алта банка? Дали се повикани Славески и Мицкоски да дадат исказ заради тоа што ја донеса пералницата на пари на Вучиќ во Македонија?

Обезбедни ли се документите со кои Славески дал согласност Алта да влезе во Македонија? Проверени ли се сметките и трансакциите?

Граѓаните бараат одговорност од сите што ѝ ја отворија вратата на пералницата на пари на Вучиќ.

Во Србија на големо се постапува. Отворена е истрага. На банката ѝ е одземена дозволата и таа е во стечај. Сопственикот Мацура е уапсен, се истражуваат речиси 400 милиони евра.

Од вчера се блокирани и сметките на неговата Алта груп, а Алта лизинг остана без дозвола за работа.

Само во Македонија сè уште чекаме и ништо не се презема.

Во меѓувреме, Мицкоски и Славески, истите што ја внесоа Алта во Македонија, сега брзаат да ја продадат.

Ако на аукцијата нема купувач, цената ќе паѓа. Прво никој нема да се јави, па на крај ќе ја продадат за џабе. Тоа е моделот. А потоа истата банда ќе го обвини СДСМ и за ниската цена. Познат арамиски манир.

Дали со брзата продажба се прави обид да се обезвредни банката и да се заташкаат сметките и трансакциите?

Кој ќе купи банка во ваква состојба? Што ако од српска страна се оспори продажната цена и се поднесе тужба? Повторно сметката македонските граѓани ќе ја плаќаат.

Институциите мора да реагираат сега и да ги заштитат граѓаните на Македонија.

Савески мора да го прекине молкот и да постапи независно и по закон.

Секое одложување им дава можност на Славески и Мицкоски да го заташкаат случајот, да се уништат докази, записи за трансакции, сметки.

Ако Мицкоски му врши притисок, по телефон или на кој било друг начин, Савески нека го каже тоа јавно и нека го одбие.

Времето одминува, доколку Савески не постапи ќе стане соучесник, тоа мора да му биде јасно.

Прес конференција на СДСМ, Јон Фрчкоски – член на Извршниот одбор

YouTube video

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер