Европратениците по „итна постапка“ поддржаа усвојување на заемот за репарации за Украина - Канал 5

Европратениците по „итна постапка“ поддржаа усвојување на заемот за репарации за Украина

Дополнително, со денешната одлука е договорено Европарламентот да се изјасни за усвојување на законскиот предлог на своето следно пленарно заседание што ќе се одржи од 19 до 22 јануари 2026 година.

Европратениците по „итна постапка“ поддржаа усвојување на заемот за репарации за Украина

Европскиот парламент денеска го поддржа барањето за забрзување на законодавните процедури за усвојување на Предлог-законот за заемот за репарации за Украина, со кој се предвидува користење на замрзнатите руски средства за покривање на украинските финансиски потреби за 2026 и 2027 година.

Дополнително, со денешната одлука е договорено Европарламентот да се изјасни за усвојување на законскиот предлог на своето следно пленарно заседание што ќе се одржи од 19 до 22 јануари 2026 година.

Предвидено е позицијата на европратениците во однос на предлогот, претседателката на Европскиот парламент Роберта Мецола да ми го пренесе на европските лидери на Самитот на ЕУ в четврток, на кој главна тема ќе биде токму заемот за репарации, на чие усвојување се противи Белгија.

Пратениците на денешната седница ги поддржаа и мерките насочени кон зајакнување на одбранбената технолошка и индустриска база на Европа, преку пренасочување на средствата од ЕУ за потребите на одбраната.

Со овие мерки повеќе средства од фондовите на ЕУ ќе бидат пренасочени кон инвестиции поврзани со одбраната преку постојните програми на Унијата, како што се Платформата за стратешки технологии за Европа, Хоризонт Европа, Европскиот фонд за одбрана, програмата Дигитална Европа и Инструментот за поврзување на Европа.

Европратениците со 629 гласа „за“, 17 „против“ и 16 „воздржани“ го усвоија и предлогот на нови правила кои овозможуваат поголема флексибилност и поддршка за земјоделците во почитувањето на одредбите од Заедничката земјоделска политика на ЕУ.

Со измените за малите фарми се предвидува зголемување на финансиска поддршка до 3.000 евра и исплата на дополнителен нов еднократен надомест за развој на бизнисот во износ до 75.000 евра. Покрај ова, се олеснуваат и барањата врз основа на кои една површина би се сметала за обработливо земјиште, како и условите за сертификација на органско земјоделско производство.

Дополнително, европратениците се изјаснија и за одземање на пратеничкиот имунитет на италијанската европратеничка Алесандра Морети од редовите на Прогресивната алијанса на социјалистите и демократите (СД), која е осомничен во врска со корупцискиот скандал познат како „Катаргејт“.

Од друга страна, европратениците го одбија барањето за одземање на имунитетот на нејзината сонародничка и сопартијка Елизабета Гвалмини, која исто така е опфатена со истрагата за „Катаргеј“.

Станува збор за истрага што ја води белгиското Јавно обвинителство во врска со наводите дека Катар и Мароко во 2022 година поткупиле претставници на ЕУ со цел да обезбедат влијание во носењето одлуки во Брисел.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

AERO Street Food Festival уште денес и утре!

Повеќе од 15.000 посетители беа дел од првите три вечери на AERO Street Food Festival, кој од 4 септември се одржува во паркот „Авионче“, под покровителство на Општина Аеродром.

AERO Street Food Festival уште денес и утре!

Големата посетеност, богатата гастрономска понуда и разновидната музичка програма уште еднаш го потврдија Аеродром како препознатливо место за современи урбани настани и дружење на сите генерации.

Фестивалот започна на 4 септември со настапот на DJ Milan Serafimov, по што на сцената се претставија The Ringtones. Првата фестивалска вечер ја заокружи DJ Aleksandar Jordanov, кој со својот сет ја задржа разиграната публика до самиот крај на програмата.

Во саботата, на 5 септември, паркот „Авионче“ беше исполнет со посетители од сите делови на Скопје, но и од други градови во Македонија. Особено голем интерес предизвика понудата на 20-те гастрономски брендови, пред чии штандови постојано се чекаше за различните специјалитети од домашната и светската кујна.

Во неделата, на 6 септември, бендот Dopamine приреди енергичен настап и целосно ја освои публиката. Забавата продолжи со DJ Rizinski, кој со ретро музика и познати светски хитови го претвори фестивалскиот простор во голема журка на отворено.

AERO Street Food Festival продолжува денес и утре со последните две вечери од годинашното издание.

Вечерва, на 7 септември, публиката ќе ја забавуваат диџеите од Fluere и бендот South Park.

Големото финале на 8 септември ќе започне со DJ Ficho и DJ Guardian, по што Acoustic Division ќе приреди специјална музичка програма, а фестивалот ќе го затворат Sure Shotz.

Општина Аеродром ги поканува граѓаните да бидат дел од последните две фестивалски вечери и да уживаат во разновидната храна, домашната музика и урбаната атмосфера во паркот „Авионче“.

Фестивалскиот простор се отвора во 17:30 часот, музичката програма започнува во 19:30 часот, а влезот е бесплатен.

Општина Аеродром

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ТИРЗ: Расте интересот за инвестирање во Македонија

Во периодот јули 2024 - јуни 2026 година, приливот на странски директни инвестиции достигна 1,381 милијарди евра, што претставува 86% поголем прилив во споредба со периодот анализиран од јуни 2017 - мај 2019 година.

ТИРЗ: Расте интересот за инвестирање во Македонија

Дополнително, приливот на странски директни инвестиции по глава на жител се зголеми од 405 на 752 евра.

Овие податоци се показател за растечкиот интерес за инвестирање и за потенцијалот на нашата држава како атрактивна инвестициска дестинација.

Дирекцијата за технолошки индустриски развојни зони (ДТИРЗ) како владина институција продолжува активно да работи на унапредување на инвестициската клима, привлекување нови квалитетни инвестиции и создавање услови за одржлив економски развој.

Повеќе квалитетни инвестиции = Повеќе можности = Поголем економски развој!

Дирекција за ТИРЗ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Николоски: Куманово добива пет специјализирани возила за одржување на комуналната хигиена во општината

 За брзо време пристигнуваат и дел од новите електрични автобуси наменети за Куманово, поддршката за општината продолжува.

Николоски: Куманово добива пет специјализирани возила за одржување на комуналната хигиена во општината

Куманово добива 5 специјализирани возила за одржување на комуналната хигиена низ градот, донација од Владата за поддршка на општината. За брзо време ќе се донираат и новите електрични автобуси, истакна денеска во Куманово заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски.

Тој денеска изврши примопредавање на возилата на градоналачникот на Куманово, Максим Димитриевски.

“ Министерството за транспорт во соработка со Светска банка направи една поголема набавка на комунални возила, односно најголема којашто општините ја виделе како директна донација во изминатиот период.

Дел од таа набавка и дел од таа донација доаѓа во Општина Куманово. Не затоа што сум тука, но после Скопје најмногу возила добива токму Општина Куманово и мислам дека е така правилно, затоа што се работи за најголемата општина на територија на државата. Тука имаме две мултифункционални возила за одржување на хигиена со соодветен механизам којшто можевте и да го видите, којшто доста ќе помогне во подигнување на сметот. Понатаму имаме еден камион-прскалка којшто ќе овозможи да имаме почисти улици, да се перат улиците, но исто така има можност да носи и техничка вода во кризни ситуации или во ситуации кога има недостаток на вода или прекин со водоснабдување. И секако, тука се две возила за метење на улици коишто ќе помогнат покрај да имаме чисти улици, да имаме и чисти тротоари, чисти плоштади и чисти отворени површини” – изјави Николоски.

Тој додаде дека Владата продолжува со поддршката за општина Куманово, која што во изминатиот период беше интензивна. Најави пристигнување на електричните автобуси за Куманово.

Знаете дека имавме два повици за поддршка на општините. Во првиот повик се обезбедени околу 242 милиони денари, во вториот повик около 328. Дополнително на тоа, преку буџетот на Министерството за транспорт имаме некаде околу 1 милион евра кои што се инвестираат во изградба на мост, инвестираме во изградба на капела, како и во изградба на локални улици во проект со Светска банка и ќе продолжиме тоа да го правиме во следниот период. Би сакал да најавам исто така дека во следниот период ќе пристигнат и електричните автобуси во Куманово, така што се обидуваме да помогнеме секаде наму каде што можеме”- истакна Николоски.

Министерство за транспорт

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер