Европол: Заканата од тероризам во Европа е зголемена по нападот на Хамас

Ризикот од терористички напади во Европа е зголемен откако Хамас го започна нападот врз Израел на 7 октомври, соопшти полицискиот орган Европол за ДПА.

-Неодамнешните напади во Брисел и Париз беа мотивирани од тоа, изјави денеска во Хаг Катрин Де Боле, директорка на Европол.

Таа додаде дека терористичката закана се зголеми откако Хамас го нападна Израел и реакцијата на Израел на тоа во Појасот Газа.

Според неа, џихадистичките групи претставуваат најголема закана. /МИА

Кремљ вели дека самитот за Украина дал „нула“ резултати

Кремљ денеска соопшти дека меѓународниот мировен самит за Украина, предводен од Киев, дал - „нула“ резултати.

-Ако зборуваме за резултатите од таа средба, тогаш тие се сведуваат на нула, нагласи портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

Самитот, на кој присуствуваа над 100 претставници на земји и меѓународни организации се одржа во швајцарскиот град Бургеншток и имаше за цел да ги истражи начините за постигнување мир во Украина. /МИА

Сестрата што изнесуваше цитостатици од Онкологија доби 2 години затвор

На казната се жалело Обвинителството, но Апелација ја потврдила.

29 годишната медицинска сестра од клиниката за Онкологија Амела Османовиќ е осудена на казна затвор од две години, затоа што од клиниката во три наврати, во три различни денови, изнела ампули меѓу кои и цитостатици наменети за пациентите со карцином, објави „Слободен печат“..

Османовиќ е осудена во отсуство. Како сопатничка таа излегла од земјава на граничниот премин Табановце уште пред да почнат судењата, па од тогаш, не им е достапна на органите на прогонот и нема почнато да ја издржува затворската казна.

На казната се жалело Обвинителството, но Апелација ја потврдила.

Случајот кој се водеше против 29-годишната медицинска сестра не е поврзан со големата истрага за злоупотреба на биолошката терапија на клиниката, а каде што Јавното обвинителство сомничи 5 лица меѓу кои и четворица доктори.

ЕУ ги продолжи санкциите воведени поради руската анексија на Крим за уште една година

 Советот на ЕУ денеска донесе одлука за продолжување на санкциите воведени како одговор на илегалната анексија на Крим и градот Севастопол од страна на Русија до 23 јуни 2025 година, јави дописникот на МИА од Брисел. 

Рестриктивни мерки кон Русија во врска со анексијата првпат беа воведени во јуни 2014 година и тие вклучуваат забрани за увоз во ЕУ на производи кои потекнуваат од Крим или Севастопол, како и за инфраструктурни или финансиски инвестиции и туристички услуги на овие територии.

Понатаму, со санкциите се забранува извоз на одредени стоки и технологии од ЕУ за Крим, кои би можеле да се користат во транспортниот, телекомуникацискиот и енергетскиот сектор или за истражување и производство на нафта, гас и минерални ресурси.

- ЕУ не ја признава и натаму ја осудува илегалната анексија на Крим и Севастопол од страна на Руската Федерација како кршење на меѓународното право. Од 2022 година, Русија дополнително го нарушува суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина со нејзината неиспровоцирана и неоправдана агресивна војна против Украина. ЕУ останува цврста во својата посветеност на независноста, суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина во рамките на нејзините меѓународно признати граници и нејзиното вродено право на самоодбрана од руската агресија и посветена на целосно спроведување на нејзината политика за непризнавање, се додава во соопштението на Советот. /МИА

притисни ентер