ЖивотЕвропа во очекување на Ел Нињо- подгответе се за екстремни температуриМетеоролошката агенција на ОН (WMO) предупредува на умерен или силен феномен Ел Нињо во наредните месеци, што би можело дополнително да ги зголеми глобалните температури и да предизвика екстремни временски настани низ целиот свет.Метеоролошката агенција на Обединетите нации (WMO) денес објави дека се очекува умерен или дури и силен феномен Ел Нињо, што би можело дополнително да ги зголеми глобалните температури и ризикот од екстремни временски услови во наредните месеци. Ел Нињо е периодично затоплување на површинските води на морето во централниот и источниот Тихи Океан и обично трае помеѓу девет и 12 месеци, според WMO, пренесува Ројтерс. Таа рече дека топлите океански води го поттикнуваат развојот на Ел Нињо, а надпросечните температури се очекуваат во поголемиот дел од светот од јуни до август. Организацијата проценува дека овој феномен веројатно ќе продолжи до ноември. „Мора да се подготвиме за потенцијално силен Ел Нињо, кој ќе ги интензивира сушите и обилните врнежи од дожд, како и ќе го зголеми ризикот од топлотни бранови и на копно и во океаните“, изјави генералната секретарка на СМО, Селесте Сало. Според неа, претходниот Ел Нињо во текот на 2023-2024 година придонел 2024 година да биде најтоплата година досега. СМО соопшти дека се забележани промени во екваторијалниот Пацифик, при што температурите на површината на морето нагло се зголемиле од крајот на април до средината на мај, што укажува на развој на условите на Ел Нињо. An El Niño will likely arrive later in the year, according to sea level data from Sentinel-6 Michael Freilich. The satellite—which measures the height of the entire ocean every 10 days—captured a swell of warm water hundreds of miles wide in the Pacific Ocean off the coast of… pic.twitter.com/8olthcBjEJ — NASA Earth (@NASAEarth) May 27, 2026 Агенцијата, исто така, регистрираше невообичаено високи температури во подземните слоеви на тропскиот Пацифик, кои се повеќе од шест степени Целзиусови над просекот, што дополнително го поттикнува затоплувањето на површинските води. Според извештаите, овој временски модел ја нарушува регионалната клима и може да донесе зголемени врнежи од дожд во јужните делови на Јужна Америка, јужните делови на Соединетите Американски Држави, делови од Африканскиот Рог и централна Азија, додека во исто време може да предизвика суша во Австралија, Централна Америка, Индонезија и некои делови од јужна Азија.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЕвропаПочна хаосот во Париз: Маскирани демонстранти кршат и ограбуваат (ВИДЕО) На крајот од денешниот протест, јавниот ред и мир повторно беа нарушени.Во Париз, полицијата за немири користи палки за да ги растера групите маскирани млади луѓе кои ги кршеа прозорците на автосалоните на авенијата Кур де Венсен, јавува Би-Би-Си. Воздухот беше исполнет со густи облаци солзавец, а полицијата исто така интензивно користеше водни топови. Претходно, протестот беше целосно мирен, а повеќе од 100.000 луѓе маршираа по рута што минуваше далеку од центарот на градот. 🇫🇷💥 FLASH | La police charge des manifestants à coups de matraque, à Paris. La situation reste très tendue sur place. https://t.co/9rB2OIAvSM — Cerfia (@CerfiaFR) October 24, 2026 Полиција: 410.000 луѓе протестираа денеска во Франција Вкупно 410.000 луѓе учествуваа во протестите низ Франција во саботата, вклучувајќи 110.000 во Париз, изјави за АФП француското Министерство за внатрешни работи. Излезноста беше малку помала од минатата недела, кога 550.000 луѓе излегоа на улиците. Од друга страна, според податоците на синдикатот што ги организираше пријавените собири, 800.000 луѓе учествуваа во протестите во саботата низ целата земја, од кои 250.000 беа во главниот град. Судири избувнаа во неколку градови, вклучувајќи ги Париз, Лион, Рен, Нант, Бордо, Ница и Марсеј.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МетеоУтре променливо облачно и врнежливо време со температура до 20 степени Времето утре ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд, информираат од УХМР. МАКСИМАЛНА ТЕМПЕРАТУРА (во оС) 10 Попова Шапка, 14 Крушево, 16 Лазарополе, 18 Крива Паланка, Тетово, Охрид, Претор, Берово, Маврови Анови, 19 Скопје-Зајчев Рид, Прилеп, Виница, 20 Битола, Велес, Штип, 21 Скопје-Петровец, Кавадарци, Струмица, 22 Демир Капија, 23 Гевгелија. ВРЕМЕТО ДЕНЕСКА И ДО КРАЈОТ НА ДЕНОТ Времето денеска беше променливо облачно со сончеви периоди. Претпладне по одделни котлини имаше појава на магла. Дуваше слаб до умерен ветер од јужен правец. Попладнево ќе се задржи променливо облачно, а до крајот на денот облачноста ќе се зголеми и во текот на ноќта ќе преовладува облачно време. Ќе дува слаб ветер од јужен правец. ВРЕМЕТО УТРЕ Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. Претпладне по одделни котлини ќе има услови за појава на магла. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 13, а максималната ќе достигне од 16 до 20 степени. Во Скопје, променливо облачно, претпладне ќе има услови за појава на слаба магла. Попладне во делови од котлината ќе има повремен дожд. Ќе дува слаб ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 10, а максималната ќе достигне до 17 степени. ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ Во текот на новата работна седмица ќе преовладува променливо облачно и претежно стабилно време. Ќе дува слаб до умерен, а во понеделник и во вторник наместа долж Повардарието повремено засилен северен ветер.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
БалканРама намерно го отстрани Курти од фотографијата од Самитот во Црна Гора (ФОТО)Албанскиот премиер Еди Рама објави фотографија од самитот во Црна Гора каде намерно не се гледа премиерот на Косово, Албин Курти!Рама на својот официјален Фејсбук профил објави две фотографии од Самитот на лидерите од Берлинскиот процес што се одржа во Милочер кај Будва, пренесе Телеграф. Официјалната фотографија од самитот, кој го отворија црногорскиот премиер Милојко Спајиќ и германскиот канцелар Фридрих Мерц, ги прикажува лидерите од регионот како стојат еден до друг. Курти може да се види и како стои во првиот ред недалеку од Рама, но албанскиот премиер објави уште една фотографија, зголемена, но Курти веќе го нема. Фотографијата е отсечена токму таму каде што се наоѓал. Албанските медиуми, меѓу кои и Бота Сот, наведуваат дека тоа не е случајно и дека се знае дека односите меѓу Рама и Курти се лоши со години, а таквиот гест на албанскиот премиер, како што велат, е едноставно продолжение на нивните несогласувања. Голема бура, сепак, се крена и во коментарите под фотографиите, каде едни го критикуваа Рама за спорната фотографија, а други го оправдаа неговиот потег.Тагови: Еди Рама Албин Курти Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСамо уставните измени или и акцискиот план за малцинствата – кои се условите за Македонија да ги почне преговорите со ЕУ?15:38Мицкоски: Честит Ден на македонската револуционерна борба!21:16Мицкоски: Македонија го минува најдолгиот и најтешкиот пат кон ЕУ15:05Мицкоски: Мојата задача како премиер не е да се занимавам со коски кои припаѓаат на минатото13:59Мицкоски: Нека ни е честит 23 Октомври - Денот на македонската револуционерна борба13:39
Само уставните измени или и акцискиот план за малцинствата – кои се условите за Македонија да ги почне преговорите со ЕУ?15:38