Европа стана лидер во инфекциите на коронавирусот - Канал 5

Европа стана лидер во инфекциите на коронавирусот

Европа стана лидер во инфекциите на коронавирусот, САД ќе инвестираат милијарди долари во вакцини.

Европа стана лидер во инфекциите на коронавирусот

Европа од минатата недела е лидер во светот според бројот на инфицирани и смртни случаи од Ковид-19, соопшти вчера Светската здравствена организација (СЗО), откако бројот на смртни случаи се зголеми за пет отсто и со тоа Стариот континент стана единствениот регион во светот со зголемување на смртните случаи од Ковид-19.

СЗО ја информира јавноста дека бројот на смртни случаи од коронавирус насекаде низ светот е стабилен или во опаѓање, освен во Европа.

Најголем број нови случаи низ Европа е регистриран во Русија, Германија и Обединетото Кралство.

Русија вчера имаше нов дневен рекорд на смртни случаи од Ковид-19 – 1.247. Во последните 24 часа биле пријавени уште 36.626 нови случаи на заразени, од кои речиси три илјади се во Москва.

Според Институтот „Роберт Кох", во Германија вчера повторно беше поставен нов црн рекорд на бројот на нови дневни инфекции – 52.826, со 294 умрени лица. Тоа е за 13.150 случаи повеќе од пред една недела.

Словачкото Министерство за здравство соопшти дека во вторникот се регистрирани 8.342 нови случаи, што е најголема бројка во земјата од 5,5 милиони луѓе досега.

Чешката Република соопшти за 22.479 нови случаи на коронавирус, што е најголем број на зарази во земјата со население од 10,7 милиони од почетокот на пандемијата. Ваквиот дневен пораст претставува зголемување од 54 проценти во однос на една недела претходно и го надмина јануарскиот рекорд од 17.778 инфекции во еден ден.

Повеќе европски земји, загрижени од зголемените бројки на заразени и умрени, се решија на заострување на мерките. Така, Шведска, најлибералната земја во однос на пандемијата, воведува серификати за собирите на затворен простор, мерка, што ја следат и Чешка, Унгарија, Данска….

Поради загрижувачки бројки на заразени и умрени германската канцеларка Ангела Меркел актуелната ситуација во земјата со епидемијата ја нарече „драматична епидемиолошка состојба" и побара од идната влада да ја продолжи епидемиолошката вонредна состојба, што дава правна основа за воведување нолви построги мерки против пандемијата.

-Актуелната пандемиска ситуација во Германија е драматична. Четвртиот бран со полна сила ја погодува нашата земја, рече премиерката во заминување.

Таа апелираше до новото мнозинство во Бундестагот да не ја укинува т.н. епидемиолошка вонредна состојба, мерка воведена на почетокот на годината која им овозможува на федералните власти да воведат мерки против пандемијата кои важат во сите сојузни држави.

САД планираат да инвестираат милијарди долари во проширување на капацитетот за производство на вакцината против Ковид-19 за да имаат најмалку милијарда дози до втората половина на следната година, пишува „Њујорк тајмс", повикувајќи се на Белата куќа.

Најавата доаѓа во момент кога администрацијата на Џо Бајден се соочува со притисок од активисти да ја зголеми понудата на вакцини за посиромашните земји.

-Инвестицијата во производството на вакцини е дел од јавно –приватно партнерство за да се задоволат потребите од вакцини и локално и ширум светот, а исто така е подготовка за идни пандемии, изјавија за „Њујорк Тајмс" д-р Дејвид Кеслер, кој ја надгледува дистрибуцијата на вакцините и Џеф Зиентс, кој ги координира активностите на Белата куќа во врска со коронавирусот.

Се проценува дека овој план ќе чини неколку милијарди долари и ќе биде платен со средства од американскиот План за спас, што Бајден го потпиша во март.

Од друга страна, главниот медицински советник во Белата куќа, Ентони Фаучи, вчера предупреди дека слабеењето на ефектот на вакцините во комбинација со високо преносливата Делта варијанта на коронавирусот ќе доведе до двоен удар, што ќе ги погоди и вакцинираните луѓе.

Според федералните податоци, дневниот просек на нови случаи во САД се зголеми на повеќе од 80.000 заразени, што е највисока стапка за последниот речиси еден месец.

Вкупно 40 американски држави во моментов покажуваат висока стапка на инфекција, а вкупниот број на хоспитализации се зголеми за првпат во речиси 10 недели.

Фаучи смета дека не само што ќе биде важно да се убедат приближно 60 милиони невакцинирани Американци дека треба да се имунизираат, туку е многу важно „да се спроведе програма за третата доза од вакцината".

Тој додаде дека дополнителните дози на вакцината против Ковид-19 би можеле да станат стандард за „целосна" вакцинација.

Изјавата на Фаучи доаѓа во време кога сè поголем број држави и локални власти вршат притисок за продолжување на задолжителната вакцинација на трета доза.

Нивната цел е да ја воведат третата доза за сите возрасни најмалку шест месеци по втората вакцина на Фајзер или Модерна.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Кристина Агилера гола во када: Интимни делови ги покри со еден детаљ

Светската музичка ѕвезда пејачката Кристина Агилера најави изненадување за Ноќта на вештерките преку провокативни фотографии, но сè уште нема откриено каков костим подготвува.

Фото: Кристина Агилера гола во када: Интимни делови ги покри со еден детаљ

Американската пејачка Кристина Агилера повторно го привлече вниманието на социјалните мрежи. Овој пат, таа објави провокативна фотографија на која позира гола во када, покривајќи ги интимните делови од телото со емоџија во форма на духови.

Покрај објавата, пејачката напиша: „Подготовки за Ноќта на вештерките во последен момент“, наговестувајќи дека подготвува нов костим за претстојниот празник. Сепак, таа не откри во што планира да се маскира оваа година.

Фотографиите брзо предизвикаа бројни реакции кај нејзините следбеници. Додека некои упатија комплименти, други се пошегуваа на сметка на долгото чекање за нова музика.

„Се надевам дека овогодинешниот костим е поп-ѕвезда која наскоро ќе издаде нова музика“, напиша еден корисник на социјалните мрежи.

Агилера, која јавноста ја памети по хитови како „Genie in a Bottle“ и „Ain’t No Other Man“, го издаде својот последен албум со нови песни во 2022 година.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Советот на ЦБ на Црна Гора и ја одзеде лиценцата на Алта Пеј

На денешната седница, Советот на Централната банка на Црна Гора (CBCG) донесе одлука за одземање на овластувањето за давање платежни услуги на платежната институција „Alta Pay Group“ DOO Подгорица.

Советот на ЦБ на Црна Гора и ја одзеде лиценцата на Алта Пеј

На денешната седница, Советот на Централната банка на Црна Гора (CBCG) донесе одлука за одземање на овластувањето за давање платежни услуги на платежната институција „Alta Pay Group“ DOO Подгорица, откако во спроведената постапка беше утврдено дека законски пропишаните услови за вршење на оваа дејност повеќе не се исполнети.

Одлуката е донесена во согласност со Законот за платен промет, врз основа на сеопфатна проценка за исполнетоста на регулаторните барања, вклучително и критериумите кои се однесуваат на подобноста на квалификуваниот учесник, како и на обезбедувањето стабилно, безбедно и законито работење на платежната институција. Од CBCG нагласуваат дека оваа одлука не претставува ризик за финансиската стабилност на Црна Гора, ниту пак влијае врз редовното функционирање на платниот систем.

„Alta Pay Group“ DOO Подгорица не е банка, не прима депозити од граѓани и правни лица и нема никакво влијание врз стабилноста на финансискиот систем на Црна Гора.

Централната банка навремено ги презеде сите неопходни активности во рамките на својата надлежност, со цел да се обезбеди уредно исполнување на обврските на „Alta Pay Group“ DOO Подгорица, имајќи ги предвид тековните случувања, како и да се заштитат интересите на корисниците.

Советот на ЦБЦГ потврдува дека финансискиот систем на Црна Гора е стабилен, а платниот промет функционира редовно и безбедно. Граѓаните и стопанството можат и понатаму да ги користат платежните услуги на банките и на другите овластени даватели на платежни услуги во Црна Гора.

Централната банка ќе продолжи одговорно, навремено и транспарентно да ја информира јавноста за сите прашања од значење за безбедноста на платниот промет и стабилноста на финансискиот систем.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Манасиевски: Брвеница заслужува проекти, а не поделби: Волјата на граѓаните ја почитуваме, поддршката од Владата продолжува

Манасиевски: Брвеница заслужува проекти, а не поделби: Волјата на граѓаните ја почитуваме, поддршката од Владата продолжува

Голема благодарност до секој еден жител на општина Брвеница кој го даде својот глас за нашиот кандидат Стојанчо Радичевски, кој во својата програма вети подобра иднина, повеќе инфраструктурни проекти и нови улици, наспроти поделбите по етничка линија од страна на ДУИ, директно и индиректно поддржана во вториот круг од СДС, политичката партија Левица и ВРЕДИ.

Додека ние ја потенциравме силата на единството, за една Брвеница за сите, нашите опоненти максимално го искористија национализмот и повикаа гласањето да биде врз основа на етничка припадност, а не врз основа на програма, визија и проекти.

По овие избори, граѓаните, Македонци и Албанци, ќе очекуваат проекти, а не национализам. Ќе очекуваат резултати, а не демагогија за тоа од која политичка партија доаѓа градоначалникот.

За нас резултатот е повеќе од одличен, затоа што, споредено со последните парламентарни избори, имаме 1.300 гласови повеќе. Иако тоа не беше доволно за победа, ВМРО-ДПМНЕ бележи раст во бројот на освоени гласови.

Почитувани граѓани,

Во првиот круг од овие предвремени локални избори, апсолутно ги декласиравме нашите директни опоненти, СДС и политичката партија Левица, кои беа на четвртото и петтото место на изборите.

Жалиме што ВРЕДИ во Брвеница ја пропушти можноста да биде поразличен од ДУИ, исто како што се покажа и дека кандидатите на СДС и Левица беа тројански коњ во корист на ДУИ, за да ги трошат гласовите на гласачкото тело.

Сами против сите.

Го почитуваме резултатот, а волјата на граѓаните е неприкосновена.

Сепак, Брвеница нема да биде заборавена. Владата, предводена од премиерот Мицкоски, ќе продолжи да го помага и да вложува во развојот на Брвеница.

Валентин Манасиевски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ

YouTube video

Со почит,

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер