Европа погодена од вториот бран-најмногу новозаразени во Полска, Унгарија и Украина

Полска, Унгарија и Украина денеска потврдија рекорден број нови инфекции со коронавирус.

Полска денеска потврди 21.897 нови случаи со коронавирус и го сруши својот дневен рекорд петти ден по ред. Во земјата се одржуваат протести против одлуката на Уставниот суд за речиси целосна забрана за абортус во мнозинската католичка нација.

Владејачката Партија на закон и правда (ПиС) предупреди дека протестите ќе доведат до нагло зголемување на случаите со коронавирус. Но, некои имунолози истакнаа дека повеќето од демонстрантите носеле маски и се држеле на растојание и биле на отворено, намалувајќи го ризикот од инфекција.

Владата е критикувана дека не тестира доволно луѓе и не се подготвува за вториот бран на пандемијата. Здравствениот систем е преоптоварен и недостасуваат респиратори, пишуваат локалните медиуми.

Пациентите со Ковид-19 заземале 16.144 болнички кревети, а 1.305 биле на апарати за дишење. Земјата со 38 милиони жители потврди вкупно 362.731 случаи на коронавирус и 5.631 смртни случаи. До вчера, полската влада тврдеше дека нема да ги затвора гробиштата за Денот на сите светци, но тоа го стори денеска.

Унгарија потврди рекордни нови 3.908 инфекции, а бројот на хоспитализирани за прв пат надмина 4.000, објави денеска владата. Уште 51 лице почина, вкупно 1750.

Владата на премиерот Виктор Орбан во моментов се спротивставува на воведувањето нови ограничувања на големите настани. Училиштата се отворени, а продавниците работат како и обично. Орбан вчера за една локална радиостаница изјави дека треба да се почитуваат постојните правила за носење маски, но не објави нови ограничувања.

Украина пријави 87,52 нови случаи на ковид-19 во последните 24 часа.Вкупно, повеќе од 387.000 луѓе биле заразени, објави Советот за национална безбедност, пренесува Ројтерс.

Уште 155 лица починале во Украина како резултат на инфекција со корона вирусот.Вкупно починале 7.198 пациенти.Постојат повеќе од 220.000 активни случаи.

Коронавирусот продолжува да се шири и во Чешка каде се потврдени нови 13.605 инфекции и 216 смртни случаи, покажаа денеска податоците од Министерството за здравство. Во земјата со 10,7 милиони жители има вкупно 323.673 заразени и 3.078 жртви.

Во Германија има 19.059 нови случаи со коронавирус, вкупно 518.753, објави денеска Институтот Роберт Кох. Уште 103 лица починале, со што бројот на жртвите достигнал 10.452.

Фото: Деколтетот на Емили

Една од најубавите жени на светот, 32 годишната манекенка Емили Ратајковски неодамна присуствуваше на настанот „The King's Trust Global Gala“ во Њујорк, а за таа прилика избрала смел стајлинг.

Како што може да се види од фотографиите, атрактивната манекенка на гламурозниот настан блеснала во свилен фустан во беж боја со едноставен крој и длабоко деколте, кое ги истакна нејзините бујни гради.

Благодарение на оваа облека, Емили беше ѕвезда на црвениот тепих.

Фото: Нова провокација од екс девојката на фудбалерот Дос Сантос

Старлетата Аманда Тривизас се најде на насловните страници на сите медиуми во светот благодарение на „случајната“ интимна објава на мексиканскиот фудбалер Џонатан дон Сантос.

По „случајуната“ експлицитна објава атрактивната Аманда стана многу популарна на Инстаграм.

По серијата провокативни фотки со кои редовно ги радува своите следбеници, Аманда сега се надмина себе си.

На нејзиниот Инстаграм профил се појавија нови, никогаш пожешки слики!

Челси повторно тргнува по Виктор Осимен

 Фудбалскиот клуб Челси е заинтересиран за напаѓачот на Наполи и нигериски репрезентативец Виктор Осимен, објавија денеска италијанските и британските медиуми.

Осимен (25) е член на Наполи од 2020 година, а со клубот од Неапол има договор до 30 јуни 2026 година, а минатото лето интерес за него покажаа Пари Сен Жермен и Барселона.

Италијанските медиуми пренесуваат дека претставници на Челси започнале преговори со раководните лица на нигерискиот напаѓач, како и со раководството на Наполи.

-Воспоставени се контакти помеѓу Челси и Наполи. Оттаму планираат да му платат на Осимен меѓу 80 и 90 милиони евра и да го испратат Ромелу Лукаку и уште еден помлад играч во Наполи, тврди извор близок до челниците на „сините“ за „Скај Спортс“.

Осимен со Наполи ја освои титулата во Серија „А“, а оваа сезона одигра 29 натпревари и постигна 16 голови.

Италијанските медиуми потсетуваат дека претседателот на Наполи, Аурелио де Лаурентис неодамна изјавил дека планира да го продаде Осимен, бидејќи нигерискиот напаѓач ја одбил понудата за продолжување на договорот до јуни 2028 година.

притисни ентер