Европа планира да гради лансирна рампа за патувања во вселената: Тоа ќе биде нашиот SpaceX - Канал 5

Европа планира да гради лансирна рампа за патувања во вселената: Тоа ќе биде нашиот SpaceX

Европската вселенска компанија ArianeGroup ќе развие мала лансирна рампа за повеќекратна употреба за да се натпреварува со SpaceX на Илон Маск, изјави денеска францускиот министер за финансии Бруно Ле Мер.

Европа планира да гради лансирна рампа за патувања во вселената: Тоа ќе биде нашиот SpaceX

Лансирачката рампа „мора да биде подготвена за работа во 2026 година“, им рече Ле Мер на новинарите на пат кон Вернон, Нормандија, каде ArianeGroup ги тестира ракетните мотори Ariane.

„За прв пат Европа ќе има лансирни рампи кои ќе можат да се користат повеќе од еднаш. Со други зборови, ќе го имаме нашиот SpaceX, нашиот Falcon 9 и ќе ја исправиме лошата стратешка одлука од пред 10 години“, нагласи францускиот министер.

Враќањето на конкурентноста во вселената е една од целите што ги објави францускиот претседател Емануел Макрон во октомври за време на откривањето на инвестицискиот план за Франција до 2030 година од 30 милијарди евра, фокусиран на поддршка на индустриските шампиони и иновациите.

SpaceX на Маск го приземји својот прототип на ракетата Starship за прв пат во мај по четири неуспешни обиди, подготвувајќи се за транспорт на астронаути и транспорт на големи товари до Месечината и Марс, потсетува Ројтерс.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Пиперката ајварка од утре ќе се откупува по повисоки цени, постигнат договор меѓу производителите и откупувачите

Постигнат е договор пиперката ајварка од утре да се откупува по повисоки откупни цени.. 

Пиперката ајварка од утре ќе се откупува по повисоки цени, постигнат договор меѓу производителите и откупувачите

Информира министерот за земјоделство Борче Серафимовски, по утринската средба со производителите, откупувачите и преработувачите во Струмица, откако производителите од струмичко во изминатите денови протестираа поради ниската откупна цена од 25 денари за прва класа..

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Жители на село Длабочица, Старо Негоричане се жалат дека повеќе од 20 дена се без струја

Жители на село Длабочица,  се жалат дека повеќе од 20 дена немаат струја.

Жители на село Длабочица, Старо Негоричане се жалат дека повеќе од 20 дена се без струја

За Канал 5 појаснуваат дека проблемот настанал по силното невреме што го зафатил регионотм. Иако добиле уверување од евн куманово дека проблемот ќе биде решен, се уште како што велат се во мрак..

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Судски совет и Здружение на судии по одлуката на Уставен: Потребни се воздржаност и заштита на судската независност

Одлуките на Уставниот суд се конечни и извршни, но истовремено, значајно е да се почитуваат уставно загарантираната самостојност на судовите и законски уредениот тек на судските постапки.

Судски совет и Здружение на судии по одлуката на Уставен: Потребни се воздржаност и заштита на судската независност

Одлуките на Уставниот суд се конечни и извршни, но истовремено, значајно е да се почитуваат уставно загарантираната самостојност на судовите и законски уредениот тек на судските постапки – реагираат од Судскиот совет и Здружението на судии за пријавата на Уставниот суд против судија од Основниот граѓански суд Скопје за непочитување на нивна конкретна одлука..Во заедничкото соопштение, се потенцира неправосилноста на решението на судијата, против кое е поднесено и жалба по која сега треба да одлучува Апелација.

-Постапката сè уште е во тек, а оценката на законитоста на првостепената одлука му припаѓа само на надлежниот второстепен суд. Во такви околности, Судскиот совет и Здружението на судиите сметаат дека секое институционално постапување поврзано со конкретната неправосилна судска одлука бара особена внимателност и воздржаност, за да не се создаде впечаток на прејудицирање на исходот од постапката или на притисок врз судиите кои одлучуваат во конкретниот предмет,- -Заедничко соопштение на Судски совет и Здружение на судии.

Како што додаваат, без оглед на уставната положба, ниту еден орган не може да определува или однапред да прејудицира каква одлука треба да биде донесена од судот.

Канал 5 го контактираше Претседателот на Уставниот суд - Дарко Костадиновски, за став по реакциите кои деновиве ја разбрануваа правната фела отворајќи ги дилемите - дали во овој случај, Уставниот суд ги пречекорил неговите надлежности, дополнително создавајќи потенцијален притисок врз судската независност и автономија.

Костадиновски не одговори конкретно на досегашните дилеми но изјави дека ќе го разгледа заедничкото соопштение на Судскиот совет и Здружението на судии и како што рече, доколку има потреба, Уставниот суд ќе излезе со свој став. Претходно, при активација на механизмот за заштита на сопствените одлуки што се случи прв пат во 63 години уставно судство во државава, Костадиновски за Канал 5 посочи дека со конкретната одлука, се оди кон поголема уставна дисциплина, бидејќи како што рече, доколку не се почитуваат и извршуваат одлуките на Уставниот суд, се губи и смислата на постоењето на уставното судство.

Предметот по кој Уставниот суд одлучуваше се однесува на повреда на слободата на јавно изразување на новинарка во настаните во Собранието од 2017та година, а судијата од Основниот граѓански суд Скопје, повикувајќи се на Законот за парнична постапка, навел дека Одлука на Уставниот суд не може да биде основ за повторување на постапката како нов факт или доказ.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер