Засилена полициска акција на територијата на целата држава: Извршени 47 претреси, лишени од слобода 16 лица
Земјоделците бараат гарантирана цена од 15 денари за килограм пченица пред стартот на есенската сеидба
1Засилена полициска акција на територијата на целата држава: Извршени 47 претреси, лишени од слобода 16 лица
2Земјоделците бараат гарантирана цена од 15 денари за килограм пченица пред стартот на есенската сеидба
На Клиниката за психијатрија расте бројот на пациенти кои бараат помош поради семејно и партнерско насилство
1На Клиниката за психијатрија расте бројот на пациенти кои бараат помош поради семејно и партнерско насилство
СветЕвропа ја продлабочува вселенската соработка со Јужна Кореја и ЈапонијаЕвропа го продлабочува заедничкото делување со Јужна Кореја и Јапонија, со цел проширување на меѓународната соработка на Земјата и во Вселената.Европската вселенска агенција (ЕСА) и Корејската агенција за истражување на Вселената (КАСА) потпишаа Меморандум за разбирање и зајакната соработка на 76. Меѓународен астронаутички конгрес (MАK) во Сиднеј, Австралија. Договорот ќе им овозможи на агенциите да ги користат меѓусебните копнени станици за телеметрија, следење и командни функции. Меморандумот, исто така, ги опфаќа идните области на соработка, вклучувајќи ја тука и вселенската наука, истражувањата, вселенските летови со луѓе, вселенската инфраструктура и друго. - Ова е важен миг за Европа и Јужна Кореја, којшто отвара големи можности за нашите вселенски интереси и зајакнување на постојните системи преку соработка. Во ЕСА, возбудени сме што учиме од нашите колеги од КАСА и ги споделуваме нашите искуства за да ги постигнеме нашите заеднички цели, изјави генералниот директор на ЕСА, Јозеф Ашбахер. Поддршката од европската и глобална мрежа копнени станици „Естрак“ би можела да ѝ помогне на Јужна Кореја во нејзините стремежи околу Месечината. ЕСА одигра слична улога и за време на развојот на кинеската месечева програма „Чанг’е“. - Целите на КАСА вклучуваат унапредување на глобалната вселенска соработка. Ние денес направивме важен чекор и со нетрпение го очекуваме нашето заедничко патување во соработката во вселенските активности за мировни цели, рече Јангбин Јун - администратор на КАСА. Месечевата програма на Јужна Кореја веќе го пушти вселенското летало Данури во вселенскиот сообраќај. Тоа е веќе во Месечевата Орбита и има слики од нашиот природен сателит. Но, земјата сега се свртува и кон роботизиран приземјувач, којшто ќе биде лансиран на ракета од домашно производство. Корејците, исто така, имаат намери за воспоставување своја месечева база до 2045 година, како дел од долгорочниот истражувачки план што КАСА го објави во август. Ден претходно, Ашбахер ги прослави неодамнешните пресвртници во соработката со Јапонската агенција за вселенски истражувања (ЈАКСА) - со раководителот на агенцијата, Хироши Јамакава. Договорот е за заедничка мисија, при што вселенското летало „Рамзес“ на ЕСА и јапонската мисија „Дестинис+“ ќе бидат лансирани заедно со јапонска ракета „Ха-3“ за да го проучат астероидот Апофис пред неговото доближување до Земјата во 2029 година. - Рамзес не е само научно возбудлива мисија и симбол на партнерството меѓу Јапонија и ЕСА, туку е и добар пример за брзиот развој и спроведувањето на еден проект, рече Ашбахер. Основната мисија на „Дестинис+“ е да го проучи астероидот „3200 Фејтон“ - матичното вселенско тело на метеорскиот дожд Геминиди. Сепак, одложувањата на лансирањето му дадоа можност на вселенското летало прво да го посети Апофис. ЕСА сѐ уште треба да добие конечна позитивна одлука за финансирање на мисијата на клучниот министерски состанок на земјите-членки на ЕУ во ноември, но вселенското летало „Рамзес“ е веќе на добар пат кон својот развој. Ашбахер, исто така, ја истакна како добар пример неодамнешната соработка со ЈАXА на мисијата „Грижа за Земјата, којашто почна минатата година. Европската вселенска агенција не е дел од Европската Унија, но двете институции имаат тесна соработка. Тагови: вселенска соработка Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиБрвеница избира градоначалник – шестмина кандидати во трка за функцијата15:36Брвеница избира нов градоначалник: Право на глас имаат 16.256 граѓани10:10Светски рекорд на Матка: Врело стана најдлабоко истражената подводна пештера со 338 метри15:00Канал 5 дознава: Голема полициска акција на МВР, најдено дрога оружје, претреси на 40 локации11:11Мицкоски најави информирање на НАТО за бегството на Михаилова во Бугарија15:00
МакедонијаЗасилена полициска акција на територијата на целата држава: Извршени 47 претреси, лишени од слобода 16 лицаЗапленети дрога, оружје и муниција.На 16/17.10.2026 година, Одделот за криминалистичка полиција, во координација со сите сектори за внатрешни работи и Единицата за службени кучиња, спроведе засилени мерки и активности на територијата на целата држава, насочени кон откривање и сузбивање на криминалот, особено недозволената трговија со дрога и нелегалното поседување оружје. Во рамки на акцијата беа извршени 47 претреси во домови и други помошни простории на повеќе локации низ државата. При претресите беа пронајдени и одземени поголема количина марихуана, повеќе пакувања со кокаин, како и помали пакувања со кокаин подготвени за понатамошна продажба. Исто така, беа пронајдени и одземени огнено оружје – пиштоли и пушки, разновидна муниција, парични средства и други предмети за кои постои сомнение дека потекнуваат од кривични дела. Во текот на акцијата од слобода се лишени 16 лица, а поднесени се 11 кривични пријави за кривичните дела „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“ по член 215 и „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“ по член 396 од Кривичниот законик. Министерството за внатрешни работи продолжува со интензивни активности за откривање и санкционирање на сите форми на криминал, со цел обезбедување побезбедна средина и поголема сигурност за сите граѓани.Тагови: полициска акција Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаЗемјоделците бараат гарантирана цена од 15 денари за килограм пченица пред стартот на есенската сеидбаСо орањето почнуват давачаките на земјдоелците за новата есенска сеидба. Но пред да почнат да инвфестираат тие бараат државата да постави јасна поддршка за да се врати интересто кај полјоделците да го засејат лебното жито на поголеми површини со што би се намалила увозната зависност од србија на пченица и брашно за производство на леб. Земјдоелците бараат државата да излезе со пресметката за производната цена што секако е нејзина закоснка обврска но клучното барање е да излезе државата со гарантирана цена од 15 денари за килограм за да се сее пченица на што поголеми површини и да не остануваат нивите празни. Оваа гарантирана цена од 15 според земјдоелциет како и поделбата на картичките за зелена нафта кои годинава се во вистински момент пред стартот на есенската сеидба би можела да го ибалансираат трошокот кој е зголемен при производството како и ниските откупни цени од 10 денари за килограм кои се провлекуваат секоја година со цел земјоделциет да се ориентираат само на производство без да се грижат за пласманот и откупните цени. Тие исто така бараат да се доплатат по 5 денари од интервентниот фонд за годинава заради ниските откупни цени со се соочија земјдоелците. Според претставниците на земјоделците потребен е итен дијалог со надлежните бидејќи лани 9 илјади земјоделци беа исклучени од можноста и годинава нема да земат субвенции зошто неколку месеци по сеидбата се донесе правило колку за зголемена норма на семенски материјал како услов за поддршка за што не беа навреме информирани. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Македонија178 зони со ризик од поплави, усогласеност со ЕУ-директивата само 16%178 зони со потенцијален ризик од поплави се идентификувани низ Македонија.178 зони со потенцијален ризик од поплави се идентификувани низ Македонија, а усогласеноста на државата со европската Директива за поплави изнесува само 16%, покажуваат податоците од проектот за унапредување на имплементацијата на европската Директива за поплави. Проектот предвидува изработка на мапи на опасности и ризици од десет речни подсливови, кои треба да помогнат во утврдувањето на најзагрозените подрачја и планирањето на мерките за заштита. Паралелно се подготвуваат и измени на Законот и подзаконските акти за води, со цел националното законодавство да се усогласи со европските правила. Проектот предвидува и изработка на план за воведување систем за рано предупредување од поплави, со кој треба да се подобрат координацијата меѓу институциите и навременото информирање на населението. - Ние веќе ги сработивме амандманите во Законот за води, процедурата е во Министерство за животна. Исто работат на други амандмани за други области и очекувам дека во најскоро време ќе биде законот ставен во процедура, процедура на усвојување.-Татјана Тодоровска проектен директор на Ептиса -Овие зони со потенцијален ризик се дефинирани, значи, на основа на топографски, географски, хидрогеолошки, геолошки подлоги, информации за претходни поплави и меѓу останатото, значи, сè она што претходно се има случено е евидентирано како зона со потенцијален ризик од поплави во државава. Значи се работи за 178 прелиминарно идентификувани зони. За секоја од овие зони, значи, потребно е, согласно Европската директива, да се изработи проценка на ризикот од поплави.-Драган Ивановски –раководител на технички дел на Ептиса Црвениот крст има Интервентна единица од 40 членови, составена од медицински персонал, парамедици, лица задолжени за логистика и психосоцијална поддршка. Тимот е обучен да одговори на потребите на населението во првите 72 часа по катастрофа. Интервентната единица е формирана по трагедијата во Кочани, а била ангажирана и при последните поплави во Кичево. -Интервентниот тим функционира во првите 72 часа откако е случена одредена катастрофа или криза и овој тим поминува различен тип на обуки во текот на годината со цел да биде трениран и подготвен да одговори на потребите на заедницата во услови на катастрофа.-Ивона Ѓорѓиева – член на Интерветна единица Црвен крст Проектот за усогласување со европската Директива за поплави се спроведува од февруари минатата година, а неговото завршување е планирано до крајот на август наредната година. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook