Европа има доволно празни куќи за да ги вдоми сите бездомници - Канал 5

Европа има доволно празни куќи за да ги вдоми сите бездомници

Низ земјите од ЕУ има доволно празни куќи за да се сместат сите бездомници на континентот, јавуваат британските медиуми. Критичарите велат дека куќите сѐ почесто се користат за инвестиции, наместо за домување.

Европа има доволно празни куќи за да ги вдоми сите бездомници
Доколку постои начин да им се отворат портите на сите куќи кои во моментов зјаат празни во земјите од ЕУ на сите бездомници, повеќе нема да има луѓе без дом. А притоа, најголемиот дел од празните домови и натаму ќе останат празни.

До тие шокантни податоци дојде британскиот весник Гардијан кој утврди дека низ ЕУ има повеќе од 11 милиони празни куќи. Според проценките на ЕУ, во земјите-членки има вкупно 4,1 милиони, што во теорија би значело дека на секој од нив би можело да му се обезбеди кров над глава.


Четири милиони празни домови во Шпанија

Според анализите на Гардијан, 1,8 милиони куќи се празни во Германија. Најлоша е состојбата во Шпанија каде околу 3,4 милиони куќи или 14 проценти од сите недвижности во земјата, се празни. Бројот на празни домови во Шпанија во последната деценија порасна за 10 проценти. Два милиони куќи се празни во Италија, и околу 700 илјади во Британија.

Според весникот, голем дел од овие куќи биле изградени за време на градежниот бум во пресрет на економската криза, често како инвестиции на луѓе кои никогаш и не планирале да живеат во нив. Постојат голем број објекти за одмор во јужна Европа кои никогаш не биле вселени, бидејќи не можеле да бидат продадени по почетокот на кризата. Притоа, стотици илјади недовршени згради биле урнати затоа што ја уривале цената на постоечките.
Карима Дели, пратеничка во Европскиот парламент од редот на француските Зелени, вели дека бројките се шокантни и непристојни.

„Но тие воопшто не ме изненадуваат. За жал, проблемот со празните куќи во сопственост на банките е широко распространет, а земјите кои беа тешко погодени од кризата, како Шпанија, се најтешко погодени“, вели Дели.

Пред да стане политичар, Дели била активист во група која се вселувала во празни куќи со цел да го привлече вниманието на медиумите кон проблемот. Само во Париз има околу 200 илјади празни куќи, и околу 2 милиони во цела Франција.


Казни за шпекулантите

Михаел Цил од германската интернет страница Leerstandsmelder.de, на која корисниците можат да пријавуваат празни објекти, смета дека треба да се воведат казни за сопствениците чиј имот подолго време зјае празен.

„Треба да се размисли за казни за сопствениците каде животниот простор е ограничен, или евентуално да се воведе дополнителен данок. Во моментов е обратно: сопствениците на недвижностите добиваат попусти во форма на даночни олеснувања и сл.“ Проектот на Цил започна во 2010. година, и оттогаш се рашири во повеќе од 20 градови низ Германија, Австрија и Швајцарија. „Проблемот со празните куќи е во тоа што не постои база на податоци, затоа што тие не се регистрираат никаде“.

Во Хамбург има околу три илјади празни станови, и уште поголем број на празни канцелариски згради. Најмалку 1,2 милиони квадратни километри канцелариски простор во моментот е празен. „Доколку пресметате, тоа е простор за околу 40 илјади луѓе. Хамбург е град кој расте, и тоа го прави атрактивен за инвеститорите во недвижнини кои сакаат да шпекулираат. Тоа објаснува зошто имаме толку многу празни згради“, вели Цил.

Пратеничката на Зелените, Дели верува дека е крајно време да се застане на патот на богатите шпекуланти кои станови ги користат како „инвестициски средства“ наместо како домови. „Куќите се разликуваат од другите комерцијални добра. Домувањето е основно право: да се живее достоинствено“, вели Дели. Таа смета дека е потребна изградба на повеќе социјални домови. На тој начин, смета Дели, со еден удар „се убиваат две муви“. „Се отвораат работни места во градежниот сектор, а социјалните домови ќе помогнат да се излезе од кризата“. /Преземено: DW/

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Сидни Свини никогаш по провокативна

Жежок спектакл со  една од најубавите жани во Холивуд, актерката Сидни Свини.

Фото:  Сидни Свини никогаш по провокативна

Русокосата убавица се појави во десега најпровокативното издание.

Сидни Свини ја пречекува празничната сезона во мошне провокативно издание, кое повторно е дел од нејзината најнова колекција.

Актерката Сидни Свини позира облечена само во бела чипкана долна облека за новата кампања на нејзиниот бренд „Syrn“. Фотографиите, инспирирани од зимската магија, беа објавени како дел од серија фотографии на Инстаграм-профилот на нејзиниот бренд.

Сидни позираше пред снежна позадина, седејќи на црвен сатенски огртач со крзнени детали. Таа носи градник со прерамки околу вратот и соодветни гаќички со низок струк и исечоциа. Ова не е прва празнична колекција, но Сидни не сака да губи време.

„Првите снегулки во сезоната-заводничка“, стои во описот на објавата.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Фатална српска пејачка во теретана: Утринско растегнување!!

Најфаталната Србинка го запали интернетот! Се појави „жежок“ материјал од атрактивната пејачка Теодора Џеферовиќ  – неверојатно е што прави оваа жена во теретана.

Фото: Фатална српска пејачка во теретана: Утринско растегнување!!

Сексапилната пејачка Теодора Џехверовиќ покажа како го започнува својот ден, а сцената од теретаната го привлече вниманието на нејзините следбеници.

Теодора очигледно не ги пропушта тренинзите, дури и кога станува збор за раните утрински часови.

На својот профил на Инстаграм таа објави видео од теретаната, на кое се гледа како напорно работи на својата форма и се посветува на вежбањето.

Таа носеше кафеав спортски комплет, составен од краток топ и тесен шорц, а вежбите ги изведуваше боса, во бели чорапи, со помош на спортски подлоги.

Покрај објавата, таа накратко напиша „Утринско растегнување“, придружено со емотикон на жена која медитира.

Пејачката уште еднаш покажа дека физичката активност е важен дел од нејзиното секојдневие, а судејќи според видеото, таа го започнува денот со вежбање и грижа за својот изглед и физичка подготвеност.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Вселенско летало по осум години стигна до Меркур

Вселенското летало „БепиКоломбо“ (BepiColombo) – заедничка европско-јапонска вселенска мисија – пристигна кај Меркур по патување кое траеше повеќе од осум години и сега е подготвено да влезе во неговата орбита, пренесува „Гардијан“. 

Вселенско летало по осум години стигна до Меркур

Мисијата „БепиКоломбо“ ќе стане втората во историјата што ќе орбитира околу оваа планета – најмалата во Сончевиот Систем – при што се планира мапирање на нејзината површина и проучување на нејзината внатрешност.

Целта на оваа мисија, вредна 1,6 милијарди евра, е да се утврди како Меркур се формирал толку блиску до Сонцето, зошто поседува магнетно поле, како и каков е составот на мразот скриен во кратерите на планетата кои се постојано во сенка.

Професорката Ема Банс од Универзитетот во Лестер, која работи на проектот веќе 20 години и е главен истражувач за инструментот „Спектрометар за рендгенско снимање на Меркур“ (MIXS) – дизајниран за анализа на геохемискиот состав на површината на планетата – ја опиша мисијата како „многу сложена и предизвикувачка“, на чија реализација се чекало долго време.

По влегувањето во орбитата на Меркур, MIXS ќе го анализира геохемискиот состав на површината на планетата; сепак, се очекува да поминат неколку месеци пред научниците да можат да започнат со набљудување на Меркур. На почетокот на декември, вселенското летало ќе се раздели на две орбитални единици – една европска и една јапонска – кои ќе маневрираат во посебни поларни орбити околу планетата.

Научните операции се планирани да започнат во април следната година. Европската сонда, „Орбитер за планетата Меркур“ (MPO), ќе ја мапира површината и составот на планетата во висока резолуција, истовремено проучувајќи ја внатрешноста на Меркур за да фрли светлина врз неговото необично големо јадро. Нејзиниот јапонски пандан ќе го мери магнетното поле на планетата и нејзината натриумова егзосфера – исклучително тенок слој од гас и атоми што ја опкружува планетата.

Иако Меркур е само 50 проценти поголем од Месечината, тој има четири пати поголема маса; едно од прашањата што мисијата ќе ги истражува е потеклото на оваа извонредно висока густина. Се очекува вселенските летала да кружат околу Меркур приближно три години, по што ќе останат без гориво, ќе изгубат височина и на крајот ќе удрат во површината.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер