СветЕвропа гневна по рускиот напад на Суми - Трамп вели дека било грешка: 34 загинатиГрешка, ужасна работа и злоупотреба на моќта – вака американскиот претседател Доналд Трамп го оцени рускиот ракетен напад врз украинскиот град Суми во кој животот го загубија 34 луѓе, а стотина меѓу нив и деца, се сериозно повредени. Во кусиот одговор кој го даде како реакција за најсмртоносниот напад од почетокот на годинава, наместо осуда Трамп упати серија на обвинувања кон неговиот претходник Џо Бајден кој како што кажа е виновен за почетокот и текот на војната. Повтори дека доколку тој бил претседател до војната воопшто немало да дојде. -Дали имате реакција за рускиот напад? / Мислам дека беше ужасно. Ми беше кажано дека направиле грешка. Но, мислам дека е ужасно нешто. Мислам дека целата војна е ужасна работа,- - Доналд Трамп – Претседател на САД. Украинскиот претседател Зеленски пак, го повика Трамп да ја посети неговата земја, за како што кажа, самиот да ја види ситуацијата на терен. Мислите дека знаете што се случува во Украина, во ред, дојдете и видете пред да преговарате со Путин – порача Зеленски во интервју за Си-Би –Ес. -Дојдете да ги видите луѓето, цивили, војници, болници, цркви, деца, уништени или мртви, дојдете, видете па тогаш да се придвижиме со план како да ја завршиме војната. Ќе сфатите со кого преговарате. Ќе разберете што направи Путин и нема да подготвиме ништо, тоа нема да биде театар, со актери на улиците. Ние не го правиме тоа. Не ни е потребно,- - Володимир Зеленски – Претседател на Украина. Остра осуда за рускиот напад упатија речиси сите европски лидери, а главна тема е и на Советот за општи работи во Луксембург. Идниот германски канцелар Фридрих Мерц пак, нападот го нарече воено злосторство и најави дека неговата земја е подготвена да испрати проектили со долг дострел од типот „Таурус“ во Украина, со цел како што кажа, Русија конечно да седне на преговарачка маса. -Ова е јасно воено злосторство и тоа сериозно воено злосторство. Се случи да има два брана на напади, а вториот дојде додека работниците се обидуваа да им помогнат на повредените. Тоа е врв на перфидност. - Фридрих Мерц – иден германски Канцелар. Нападот според украинските информации бил извршен со балистички ракети „Искендер“ а бидејќи метите биле во самиот центар на градот, сите докази укажуваат на тоа дека станува збор за намерен напад врз цивили. Руското министерство за одбрана до сега не даде коментар за нападот, но тамошните медиуми тврдат дека целта била собир на украински војници за церемонија на која требало да им бидат доделени медали. Тагови: Доналд Трамп зеленски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ТехнологијаКолекционерско издание на „GTA 6“: За 400 долари добивате сè освен самата играАко се суди според огромната возбуда околу „Grand Theft Auto VI“, брзо се приближуваме кон еден од најголемите настани во светот на видеоигрите во последните неколку години.Новата „GTA“ ветува враќање на сè што ги направи автомобилите клучен дел од серијалот – од брзи потери и трки до уште подетални опции за прилагодување на возилата. Сето ова доаѓа со препознатливата мешавина од криминал, хаос и судири со законот, по кои станаа познати „Rockstar Games“. Сепак, иако очекувањата се огромни, најновата одлука на „Rockstar“ може да разочара дел од фановите. Компанијата претстави колекционерско издание насловено „The Goodtime State - Vice City Collection“, со висока цена од 399,99 долари. Проблемот е што во пакетот недостасува најважниот елемент: самата игра. Што добивате? „Rockstar“ ја претставува колекцијата како луксузен пакет со предмети за колекционери, инспириран од светот на „Vice City“. Таа содржи разновидни предмети, вклучувајќи очила за сонце „Oakley“, налепници, значки и мапа на Леонида – измислениот регион во кој се одвива дејството на „GTA VI“. Купувачите добиваат и бејзбол капа, фигура на маскотата на „Vice City“, чашка за жесток пијалак, торба за носење преку тело, приврзок за клучеви, стапче за мешање коктели и магнетно огледало. Иако колекцијата е очигледно наменета за сериозни колекционери, во кутијата нема да го најдете најважниот предмет: „GTA VI“. За самата игра, ќе треба да издвоите дополнителни 79,99 долари за стандардното издание или 99 долари за „Ultimate“ верзијата. Тоа значи дека купувачот што го сака целиот пакет ќе мора да плати речиси 480 или 500 долари, во зависност од изданието на играта. „GTA VI“ без физички диск Колекционерскиот сет пристигнува во време кога „Rockstar“ веќе предизвика реакции со одлуката „GTA VI“ да биде првиот голем AAA наслов на компанијата без традиционално издание на физички диск. Играта ќе биде достапна дигитално преку продавниците на „PlayStation“ и „Xbox“, додека физичките примероци во продавниците ќе содржат само код за преземање. Оваа одлука предизвика негативни реакции во дел од гејмерската заедница. Извршниот директор на „Take-Two Interactive“, Штраус Зелник, го бранеше овој пристап, тврдејќи дека физичките дискови веќе немаат голема смисла за потрошувачите. Ситуацијата е особено интересна за колекционерите. Тие сега можат да потрошат речиси 400 долари за кутија полна со предмети поврзани со играта, а сепак да не ја добијат самата игра во таа кутија. „Rockstar“ има направено нешто слично и претходно Сепак, ова не е првпат „Rockstar“ да продава колекционерска кутија без самата игра. Компанијата направи сличен потег во 2018 година со „Red Dead Redemption 2“, изданието „Collector's Box“ објавено тогаш, исто така, не содржеше примерок од играта. Разликата, сепак, беше во цената. Таа колекционерска кутија чинеше 99 долари – помалку од една четвртина од цената на новата „Vice City Collection“. Денес, оригиналните колекционерски кутии за „Red Dead Redemption 2“ можат да се најдат на „eBay“ по цени што надминуваат 700 долари, што покажува дека вредноста на ваквите производи може да порасне кај колекционерите со текот на времето. Сепак, останува фактот дека фановите на „GTA VI“, кои ги сакаат и колекционерските предмети и самата игра, ќе мора да ги купат одделно. Со цена од речиси 400 долари само за колекционерските предмети, „Rockstar“ очигледно цели кон најпосветените фанови на серијалот и кон колекционерите кои се подготвени да платат висока цена за предмети поврзани со еден од најочекуваните наслови во историјата на видеоигрите. Извор: Б92Тагови: GTA 6 Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Живот„Многу те сакам“: Лука Модриќ им ги разнежни срцата на фановите со нова објаваЛука Модриќ преку социјалните мрежи ѝ го честиташе деветтиот роденден на својата најмлада ќерка, Софија.По тој повод, хрватскиот фудбалер сподели неколку фотографии на кои се заедно, придружени со кратка и емотивна порака. На една од фотографиите, таткото и ќерката се насмеани додека позираат заедно, додека другите прикажуваат опуштени моменти од семејниот живот. На пример, на една фотографија се гледа како Софија седи на рамениците на татко ѝ, а на друга Модриќ ѝ помага да си ја исуши косата. „Среќен роденден на мојата прекрасна и многу посебна мала принцеза! Многу те сакам!“, напиша Модриќ. Најмладото од трите деца Софија е најмладото дете на Лука и неговата сопруга, Вања Модриќ. Покрај неа, тие имаат син, Иван, и ќерка, Ема. Лука и Вања стапија во брак во 2010 година, а една година подоцна ја прославија и црковната венчавка во Загреб. Модриќ честопати преку социјалните мрежи ги одбележува важните моменти од животот на своите деца, особено нивните родендени. Неговото семејство често го придружува на фудбалски настани. Сопругата и децата честопати го бодреле од трибините за време на клучни натпревари и му се придружувале во прославите по големите победи. Извор: Индекс.хрТагови: Лука Модриќ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветНов потег на Путин: Русите вежбаат со Кинезите, пристигна нуклеарно предупредувањеРускиот претседател Владимир Путин вчера присуствуваше на воена вежба на планините Урал, во која учествуваа војници од Кина и од неколку други земји.Путин го посети воениот полигон во регионот Чељабинск за да ја следи завршната фаза од вежбата „Центар-2026“. Вежбата се одржа во склоп на вежбата „Интеракција-2026“, спроведена од членките на Организацијата на Договорот за колективна безбедност – безбедносен сојуз предводен од Москва, составен од неколку поранешни советски републики. Путин изјави дека 47.000 војници учествуваат во вежбата „Центар-2026“, вежбајќи одбивање напади на 11 полигони и во Каспиското Море. Вежбата започна во понеделникот, а завршува денес. Путин предупреди дека нема да се двоуми да употреби нуклеарно оружје за одбрана на Калининград. „Околу 6.000 војници од Русија и од други земји учествуваа во завршната фаза на полигонот Чебаркул“, рече Путин. Тој додаде дека делегации од 55 земји учествувале како набљудувачи. Според извештаите на руските медиуми, во вежбата учествуваат воени единици од Белорусија, Киргистан и Таџикистан, заедно со војници од Кина, Монголија и Пакистан. За време на посетата, Путин изврши увид во различни видови вооружување, вклучително и новите беспилотни летала „Геран“ на млазен погон, кои руската војска ги користи во нападите врз Украина. Посетата на Путин уследи еден ден откако Русија го предупреди НАТО дека нема да се двоуми да употреби нуклеарно оружје за одбрана на Калининград, доколку некоја членка на воениот сојуз се обиде да ја отсече таа руска ексклава на западот на земјата од остатокот на Русија. Извор: Б92Тагови: Владимир Путин Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиДијалог со Софија па патоказ за ЕУ- дали Скопје и Софија ќе најдат решение за деблокада на европскиот пат?15:05Мицкоски: Капиталните проекти ќе го подобрат животот на скопјани12:41Посебен режим на сообраќај во Скопје поради фудбалски натпревар на арената „Тодор Проески“09:30Лајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела18:00Лајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела15:16
Дијалог со Софија па патоказ за ЕУ- дали Скопје и Софија ќе најдат решение за деблокада на европскиот пат?15:05
Лајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела18:00
Лајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела15:16