Европа е во состојба на готовност по сомнителните подметнати пожари и саботажи - Канал 5

Европа е во состојба на готовност по сомнителните подметнати пожари и саботажи

Европа е во состојба на готовност по сомнителните подметнати пожари и саботажи поврзани со Москва.

Европа е во состојба на готовност по сомнителните подметнати пожари и саботажи

Guardian

Безбедносните служби ширум Европа се во состојба на готовност за потенцијално ново оружје на руската војна - подметнување пожар и саботажа - по серијата мистериозни пожари и напади врз инфраструктурата на Балтикот, Германија и Велика Британија.

Кога избувна пожар во Икеа во Вилнус во Литванија овој месец, малкумина укажаа на какви било забелешки се додека полскиот премиер Доналд Туск не посочи дека тоа би можело да е дело на странски саботери.

Инспекторите веќе ја наведоа потенцијалната руска вмешаност во подметнат пожар во источен Лондон, пожар што го уништи најголемиот трговски центар во Полска, обид за саботажа во Баварија во Германија и антисемитски графити во Париз.

Иако нема докази дека некој од овие инциденти низ континентот е координиран, безбедносните служби веруваат дека тие би можеле да бидат дел од системскиот обид на Москва да го дестабилизира западот, кој ја поддржа Украина.

Тие посочуваат дека по студената војна, странските разузнавачки операции се состоеле од шпиони, но во ерата на социјалните медиуми, може да се ангажираат вандали, оставајќи малку врски со другите напаѓачи, бидејќи за саботери плаќаат само неколку сто евра или во криптовалута.

Појавата на загриженост дека овие хибридни напади би можеле да бидат дело на Русија е таква што ова прашање беше покренато на самитот на министрите за надворешни работи и за одбрана во Брисел оваа недела со холандски, естонски и литвански безбедносни службеници кои предупредуваа на националните ранливости.

Министер, кој побара да остане анонимен, рече дека тие биле длабоко загрижени за можности за „саботажа, физичка саботажа, организирана, финансирана и направена од руски полномошници“.

Минатата недела, Туск откри дека полските власти уапсиле девет лица во врска со акти на саботажа, наводно извршени по наредба на руските служби. Тој рече дека злосторствата, наводно, вклучуваат „тепање, палење и обид за подметнување пожар“ при што истражителите испитуваат дали Русија била вмешана во пожарот во трговски центар во Варшава, тврдење што руската амбасада го опиша како теорија на заговор.

Портпаролот на Икеа рече дека продолжуваат истрагите за пожарот во Литванија, но тоа е меѓу примерите, заедно со обидот за подметнување пожар во фабрика за бои во Полска, кои Туск ги наведе во своето предупредување за потенцијално странско мешање.

Во април, Британец беше обвинет дека организирал подметнување пожар на две места поврзани со украински бизнисмен во индустриски имот во Лејтон, источен Лондон, откако наводно бил регрутиран од руското разузнавање. Обвиителстрвото тврдеше дека тој бил „ангажиран во однесување насочено кон бизниси кои биле поврзани со Украина со цел да имаат корист на руската држава“.

Во вторникот, естонскиот министер за одбрана, Хано Певкур, во Брисел на самитот за одбрана на ЕУ, рече дека земјата веќе била жртва на руска саботажа.

„Тие спроведоа слични операции во Естонија. Тие најмиле 10 лица за да го нападнат автомобилот на министерот за внатрешни работи и автомобил на новинар. Ова е нормално однесување на Русија. Жал ни е што кажуваме, но треба да разбереме дека Русија е се поагресивна кон европските земји и кон земјите на НАТО“, рече тој. Тој мислеше на инцидентите во февруари кога беа искршени стаклата на автомобилите на министерот за внатрешни работи, Лаури Ланеметс, и на еден новинар. Шест лица беа уапсени набргу потоа, вклучувајќи руски државјани и руско-естонски државјани, рече обвинителот.

Во Германија, исто така, постојат сомнежи за напади водени од странско разузнавање, покрај бранот кибер-напади во 2023 година од страна на хакерска група поврзана со руското разузнавање.

Минатиот месец, двајца германско-руски државјани беа уапсени под сомнение дека планирале диверзантски напади, вклучително и во воена база во Баварија. Главниот осомничен е обвинет за планирање експлозија, подметнување пожар и одржување контакт со руското разузнавање.

Инспекторите во Франција истражуваат дали графитите нацртани на споменикот на Холокаустот во Париз минатата недела биле нарачани од руските безбедносни служби.

Нападите, стравуваат европските функционери, придонесуваат за кампањата за дезинформации што веќе се зголемува. Во средата, неколку училишта низ Атина беа евакуирани по лажна закана за бомба. Полицијата пронајде руски сервер кој имал за цел „да го наруши јавниот ред“.

Земјите од ЕУ ги следат овие настани. Литванскиот национален центар за управување со кризи (НКВЦ) ги предупреди бизнисите, вклучително и трговските центри и организациите кои ја поддржуваат Украина, да ја зголемат својата будност. Вилмантас Виткаускас, шефот на НКВЦ, им рече на новинарите пред две недели: „Нивото на закана е доста високо. Ја повикуваме јавноста да остане внимателна“.

Во понеделникот, холандскиот национален координатор за безбедност и антитероризам предупреди на ризикот од субверзивни операции во Холандија, вклучително и „шпионажа и претходно позиционирање за саботажа на витална инфраструктура“.

Во вторникот во Брисел, холандската министерка за одбрана, Кајса Олонгрен, рече дека Русија „се обидува да ги заплаши“ земјите на НАТО, што ги прави земјите-членки на ЕУ ранливи.

„Да, ние сме ранливи. Мислам дека сите сме. Имаме витална инфраструктура. Имаме инфраструктура на морското дно, имаме снабдување со електрична енергија, снабдување со вода, ранливи сме на кибер-напади. Сега во неколку европски земји гледаме дека Русија се обидува да не дестабилизира и исто така да не заплаши.

„Мислам дека ова беше начин на кој Русија и Советскиот Сојуз работеа низ поновата историја, навистина; во 75-те години на НАТО мислам дека често сме го гледале тоа“, рече таа.

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, исто така, го впери прстот кон Москва. „Видовме неколку апсења низ Алијансата и различни земји сојузници на НАТО на луѓе кои се обвинети за подметнување пожар или саботажа. Тоа се секако тековни правни процеси“, рече тој. „Но, она што можам да го кажам е дека видовме зголемена руска разузнавачка активност низ Алијансата. Затоа ја зголемивме нашата будност“.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Фатална српска пејачка во теретана: Утринско растегнување!!

Најфаталната Србинка го запали интернетот! Се појави „жежок“ материјал од атрактивната пејачка Теодора Џеферовиќ  – неверојатно е што прави оваа жена во теретана.

Фото: Фатална српска пејачка во теретана: Утринско растегнување!!

Сексапилната пејачка Теодора Џехверовиќ покажа како го започнува својот ден, а сцената од теретаната го привлече вниманието на нејзините следбеници.

Теодора очигледно не ги пропушта тренинзите, дури и кога станува збор за раните утрински часови.

На својот профил на Инстаграм таа објави видео од теретаната, на кое се гледа како напорно работи на својата форма и се посветува на вежбањето.

Таа носеше кафеав спортски комплет, составен од краток топ и тесен шорц, а вежбите ги изведуваше боса, во бели чорапи, со помош на спортски подлоги.

Покрај објавата, таа накратко напиша „Утринско растегнување“, придружено со емотикон на жена која медитира.

Пејачката уште еднаш покажа дека физичката активност е важен дел од нејзиното секојдневие, а судејќи според видеото, таа го започнува денот со вежбање и грижа за својот изглед и физичка подготвеност.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Вселенско летало по осум години стигна до Меркур

Вселенското летало „БепиКоломбо“ (BepiColombo) – заедничка европско-јапонска вселенска мисија – пристигна кај Меркур по патување кое траеше повеќе од осум години и сега е подготвено да влезе во неговата орбита, пренесува „Гардијан“. 

Вселенско летало по осум години стигна до Меркур

Мисијата „БепиКоломбо“ ќе стане втората во историјата што ќе орбитира околу оваа планета – најмалата во Сончевиот Систем – при што се планира мапирање на нејзината површина и проучување на нејзината внатрешност.

Целта на оваа мисија, вредна 1,6 милијарди евра, е да се утврди како Меркур се формирал толку блиску до Сонцето, зошто поседува магнетно поле, како и каков е составот на мразот скриен во кратерите на планетата кои се постојано во сенка.

Професорката Ема Банс од Универзитетот во Лестер, која работи на проектот веќе 20 години и е главен истражувач за инструментот „Спектрометар за рендгенско снимање на Меркур“ (MIXS) – дизајниран за анализа на геохемискиот состав на површината на планетата – ја опиша мисијата како „многу сложена и предизвикувачка“, на чија реализација се чекало долго време.

По влегувањето во орбитата на Меркур, MIXS ќе го анализира геохемискиот состав на површината на планетата; сепак, се очекува да поминат неколку месеци пред научниците да можат да започнат со набљудување на Меркур. На почетокот на декември, вселенското летало ќе се раздели на две орбитални единици – една европска и една јапонска – кои ќе маневрираат во посебни поларни орбити околу планетата.

Научните операции се планирани да започнат во април следната година. Европската сонда, „Орбитер за планетата Меркур“ (MPO), ќе ја мапира површината и составот на планетата во висока резолуција, истовремено проучувајќи ја внатрешноста на Меркур за да фрли светлина врз неговото необично големо јадро. Нејзиниот јапонски пандан ќе го мери магнетното поле на планетата и нејзината натриумова егзосфера – исклучително тенок слој од гас и атоми што ја опкружува планетата.

Иако Меркур е само 50 проценти поголем од Месечината, тој има четири пати поголема маса; едно од прашањата што мисијата ќе ги истражува е потеклото на оваа извонредно висока густина. Се очекува вселенските летала да кружат околу Меркур приближно три години, по што ќе останат без гориво, ќе изгубат височина и на крајот ќе удрат во површината.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Џебен часовник од „Титаник“ би можел да достигне цена од 80.000 долари: Еве чија сопственост бил

Џебен часовник што ѝ припаѓал на патничката во трета класа Мери Манган на легендарниот брод Титаник, која настрадала при потонувањето на „големиот брод во 1912 година, ќе биде понуден на аукција во Обединетото Кралство на 21 ноември.

Џебен часовник од „Титаник“ би можел да достигне цена од 80.000 долари: Еве чија сопственост бил

Џебен часовник што ѝ припаѓал на патничката во трета класа Мери Манган на легендарниот брод Титаник, која настрадала при потонувањето на „големиот брод во 1912 година, ќе биде понуден на аукција во Обединетото Кралство на 21 ноември, се очекува да достигне цена од речиси 80.000 долари.

Тогаш 32 годишната Мери Манган сопственичката на часовникот, била патничка во трета класа на бродот, кој потонал во април 1912 година – катастрофа во која животот го загубиле 1.500 луѓе, пренесува DPA. Манган, која била родена во Ирска, патувала со поголема група патници од округот Мајо во западна Ирска – група што денес е позната како „Адергул 14“ (Addergool 14).

Во нејзината група биле и Кетрин Мекгован, братот и сестрата Џон и Мери Бурк, како и поранешната сопруга на Бурк, Кетрин. Манган се преселила во Соединетите Држави, но се вратила во Ирска на почетокот на 1912 година за да го посети своето семејство; таа се качила на „Титаник“ во Квинстаун (денес Коб) во јужниот дел на земјата.

Џебниот часовник од жолт метал, на кој се врежани иницијалите „ММ“, е силно кородиран поради времето поминато во водите на Северниот Атлантик.

Телото на Мери Манган било извлечено од бродот за поставување кабли „CS Mackay-Bennett“, а потоа, на 22 април 1912 година, било погребано во морето. Часовникот бил пронајден на нејзиното тело и, заедно со други лични предмети, им бил вратен на нејзиното семејство.

Во текот на неколку недели, часовникот бил изложен – како дел од збирка посветена на Манган – во „Titanic Belfast“, туристичка атракција во Белфаст, Северна Ирска.

На барање на семејството, аукциската куќа „Henry Aldridge & Son“ ќе го понуди часовникот на продажба на аукција во Девајзис, Вилтшир, во сабота, на 21 ноември.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер