3Трамп симулираше положување заклетва со приврзаниците: „Ако не излезете на гласање, ќе одите во пеколот“
Стадион од 12 милијарди долари со капацитет од 115.000 луѓе- дали на него ќе се одржи Светското првенство 2030.?
1Стадион од 12 милијарди долари со капацитет од 115.000 луѓе- дали на него ќе се одржи Светското првенство 2030.?
КошаркаЕвролига: Шортс го однесе Париз во четвртфинале Француски Париз стана седмиот учесник во четвртфиналето од овосезонскиот плеј-оф во кошаркарската Евролига, откако синоќа извојува гостинска победа над Реал Мадрид со 81-73 во првиот натпревар од „плеј-ин“.Најефикасен во редовите на Париз беше македонскиот репрезентативец Ти Џеј Шортс со 23 поени. Пари во четвртфиналето ќе игра против Фенербахче кој го освои второто место во лигашкиот дел од натпреварувањето, додека Реал има уште една шанса да влезе во плеј-офот бидејќи в петок ќе игра против Баерн за осмото место и дуел со Олимпијакос. Во вториот плеј-ин натпревар одигран синоќа во Минхен, Баерн по продолжението ја совлада Црвена ѕвезда со 97-93. Веќе е познато дека првите два четвртфинални двојки се Панатинаикос – Анадолу Ефес и Монако – Барселона. Четвртфиналната серија стартува идната недела, а екипите кои први ќе дојдат до три победи ќе играат на завршниот турнир во Абу Даби на 23 и 25 мај. Тагови: Евролигата Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаСДСМ: Мицкоски призна дека тој гони и апси„Вие бркате, затворате, тие ги пуштаат на слобода.“Ова го рече премиерот Христијан Мицкоски, коментирајќи ги одлуките на Врховниот суд за Ласкарци и Јакимовски. Како еден премиер да брка и да затвора? Како еден премиер да гони? Ова е уште еден јасен доказ дека обвинителството работи по налог на Мицкоски. Тој повеќе ниту се крие. Тоа го кажува јавно – на телевизија, во Собранието, каде сака. Премиерот не е обвинител. Премиерот не е судија. Премиерот не е полициски инспектор. Но Мицкоски јавно признава дека „тие“ бркаат и затвораат, а „другите“ (повторно тие) пуштаат. Тоа значи само едно: Обвинителството, судовите, АНБ и полицијата се под негова контрола. Правдата е селективна. Институциите се инструмент на политичка волја. Кога сакаат – гонат. Кога сакаат – се оградуваат. Кога сакаат – пуштаат, затвораат. Ова е владеење на една организирана криминална група што ги зароби институциите и јавно се фали со тоа. СДСМ бара итно враќање на независноста на обвинителството и судството. Премиерот не смее да гони и да апси. Законот мора да важи еднакво за сите – не според наредба од владината фотелја. СДСМТагови: СДСМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиНема образложение од Врховен за укинувањето на пресудите за случајот „Ласкарци“ и за Стевчо Јакимовски15:00Неколку дуќани изгореа откако изби голем пожар во Шуто Оризари (ВИДЕО)10:14Газдата на „Пулс“ Дејан Јованов- Деко наскоро ќе се брани од слобода15:08Активни пожари има во општина Струга, Македонски Брод и Чучер-Сандево09:11По повеќе од една година во бегство Перпарим Бајрами уапсен на ГП „Блаце“ – сам и се предал на полицијата 15:05
Нема образложение од Врховен за укинувањето на пресудите за случајот „Ласкарци“ и за Стевчо Јакимовски15:00
По повеќе од една година во бегство Перпарим Бајрами уапсен на ГП „Блаце“ – сам и се предал на полицијата 15:05
МакедонијаПсихолошка креативна работилница во ООУ „Војдан Чернодрински“Во ООУ „Војдан Чернодрински“, се реализираше психолошка креативна работилница на тема „Мојот внатрешен чувар“, наменета за учениците од II-б одделение. Целта на работилницата беше учениците да го препознаат стравот како природен заштитен сигнал на телото, да ги забележуваат телесните реакции при вознемиреност, како и да усвојат едноставни техники за смирување и начини за барање поддршка. Преку приказната за ежето Боцко, активноста „Семафор за сигурност“ и практични вежби, учениците учеа дека храброста не значи отсуство на страв, туку способност да се препознае стравот, да се реагира соодветно и да се донесе правилна и безбедна одлука. Во рамки на работилницата, учениците изработија цртежи под наслов „Мојата картичка за храброст“, преку кои ги претставија знаците на вознемиреност, начините кои им помагаат да се смират, како и личностите од кои би побарале помош кога им е потребна. Работилницата ја реализираше училишниот психолог Наталија Наумовска Велковска, со цел преку креативни и интерактивни активности учениците да стекнат корисни знаења и вештини за препознавање и справување со сопствените емоции. Преку реализација на вакви активности, ООУ „Војдан Чернодрински“ придонесува кон развивање на емоционалната писменост, самодовербата, чувството на сигурност и социјално-емоционалните вештини кај учениците. ОПШТИНА КАРПОШКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиНема образложение од Врховен за укинувањето на пресудите за случајот „Ласкарци“ и за Стевчо Јакимовски15:00Неколку дуќани изгореа откако изби голем пожар во Шуто Оризари (ВИДЕО)10:14Газдата на „Пулс“ Дејан Јованов- Деко наскоро ќе се брани од слобода15:08Активни пожари има во општина Струга, Македонски Брод и Чучер-Сандево09:11По повеќе од една година во бегство Перпарим Бајрами уапсен на ГП „Блаце“ – сам и се предал на полицијата 15:05
Нема образложение од Врховен за укинувањето на пресудите за случајот „Ласкарци“ и за Стевчо Јакимовски15:00
По повеќе од една година во бегство Перпарим Бајрами уапсен на ГП „Блаце“ – сам и се предал на полицијата 15:05
СветТрамп симулираше положување заклетва со приврзаниците: „Ако не излезете на гласање, ќе одите во пеколот“Со апел до Републиканците да излезат масовно на изборите за Конгресот на трети ноември и соочен со можноста да го загуби мнозинството во двата дома, американскиот претседател Трамп ја заокружи дводневната конвенција во Далас.Тој приреди необична сцена во салата, симулирајќи положување заклетва со присутните.Тагови: Доналд Трамп Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиНема образложение од Врховен за укинувањето на пресудите за случајот „Ласкарци“ и за Стевчо Јакимовски15:00Неколку дуќани изгореа откако изби голем пожар во Шуто Оризари (ВИДЕО)10:14Газдата на „Пулс“ Дејан Јованов- Деко наскоро ќе се брани од слобода15:08Активни пожари има во општина Струга, Македонски Брод и Чучер-Сандево09:11По повеќе од една година во бегство Перпарим Бајрами уапсен на ГП „Блаце“ – сам и се предал на полицијата 15:05
Нема образложение од Врховен за укинувањето на пресудите за случајот „Ласкарци“ и за Стевчо Јакимовски15:00
По повеќе од една година во бегство Перпарим Бајрами уапсен на ГП „Блаце“ – сам и се предал на полицијата 15:05