3Хали Бери го прославува 60-тиот роденден со жешки фотографии: „Не ми е гајле што мислат другите луѓе“
КошаркаЕврокуп кошарка: Валенсија ја победи Рига На отворањето на втората фаза во кошаркарскиот Еврокуп, екипата на Валенсија на домашен терен ја совлада Рига со 86:82 во натпревар од 1.коло во Ј групата. По четвртини 20:17; 19:28; 28:13 и 19:24. Најзаслужен за победата на шпанскиот претставник беше Рафа Мартинез кој реализира 27 поени, додека кај Летонците се истакна Роланд со 21 поен. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиВидео: Разорен земјотрес од 7,7 степени го погоди источниот дел од Индонезија, десетици загинати09:06 Повикани 13 лица поради ширење на лажни информации за водата во Скопје, но не се знае кој прв почнал15:00После повеќе од 33 часа пожарникарите од ТППЕ Битола ги изгаснаа пожарите во повеќе села во Општина Могила, Новаци и Битола12:20Стабилна е состојбата со пожарите изјави утринава директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов08:21Крај на кризата во Гостивар? Од утре се очекува укинување на забраната за пиење вода15:00
Видео: Разорен земјотрес од 7,7 степени го погоди источниот дел од Индонезија, десетици загинати09:06
Повикани 13 лица поради ширење на лажни информации за водата во Скопје, но не се знае кој прв почнал15:00
После повеќе од 33 часа пожарникарите од ТППЕ Битола ги изгаснаа пожарите во повеќе села во Општина Могила, Новаци и Битола12:20
Стабилна е состојбата со пожарите изјави утринава директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов08:21
ФудбалЕвропскиот првак ПСЖ го доведе и светскиот шампион! Шпанскиот фудбалер Феран Торес е новото засилување на актуелниот европски и француски шампион, Пари Сен Жермен.Торес, кој неодамна го реши финалето на Светското првенство, потпиша договор со европскиот шампион до 2031 година и ќе го носи дресот со број 9. ПСЖ ѝ плати на Барселона фиксна сума од 50.000.000 евра, што претставува четврта најголема продажба во историјата на каталонскиот клуб. „Многу сум среќен што започнувам нова авантура во клуб со толку големи амбиции како Пари Сен Жермен. Сакам да им се заблагодарам на претседателот Насер Ал-Хелаифи, на Луис Кампос и на тренерот Луис Енрике за можноста да му се придружам на тимот, на кој се надевам дека ќе му помогнам да освои што е можно повеќе трофеи“, изјави Торес. 🧐 Ferran Torres ya entrena con el PSG ¡con túnel de collejas de bienvenida! 👀 Entró al campo con Dembelé y se le vió junto a Fabián en el rondo pic.twitter.com/u54iIvtUzU — Mundo Deportivo (@mundodeportivo) August 15, 2026 Торес е член на Барса од 2022 година, кога пристигна од Манчестер Сити за 55 милиони. Тој помина две сезони меѓу „Граѓаните“, додека кариерата ја започна во Валенсија. Пред Торес, во Париз пристигнаа Магнес Аклиуш и Лука Дињ, а се очекува и доаѓањето на Мика Готс од Ајакс.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиВидео: Разорен земјотрес од 7,7 степени го погоди источниот дел од Индонезија, десетици загинати09:06 Повикани 13 лица поради ширење на лажни информации за водата во Скопје, но не се знае кој прв почнал15:00После повеќе од 33 часа пожарникарите од ТППЕ Битола ги изгаснаа пожарите во повеќе села во Општина Могила, Новаци и Битола12:20Стабилна е состојбата со пожарите изјави утринава директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов08:21Крај на кризата во Гостивар? Од утре се очекува укинување на забраната за пиење вода15:00
Видео: Разорен земјотрес од 7,7 степени го погоди источниот дел од Индонезија, десетици загинати09:06
Повикани 13 лица поради ширење на лажни информации за водата во Скопје, но не се знае кој прв почнал15:00
После повеќе од 33 часа пожарникарите од ТППЕ Битола ги изгаснаа пожарите во повеќе села во Општина Могила, Новаци и Битола12:20
Стабилна е состојбата со пожарите изјави утринава директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов08:21
МакедонијаМицкоски: Повеќе од 1.200 проекти во моментов се реализираат низ целата државаПовеќе од 1.200 проекти во моментов се реализираат низ целата држава - ќе продолжиме да инвестираме во проекти од областа на образованието.-Јас би сакал исто така да се придружам на честитките на претходните говорнички — на градоначалничката и на министерката. Добро е кога се гради, добро е кога се исполнуваат потребите на најмалите, на децата, бидејќи ваквите објекти им се потребни за да го градат својот дух. Како што велевме: „Во здраво тело, здрав дух“, па така, кога спортувате, кога другарувате и кога се натпреварувате истовремено, тогаш го градите и својот дух во правилна насока, а тука е, нормално, и сето она коешто доаѓа со спортот. Ние ќе продолжиме како Влада да поддржуваме вакви проекти и во периодот којшто следи. Нашата задача е да работиме и тоа коешто сме го ветиле да го испорачаме. Од ден на ден, дел од проектите коишто ги започнавме се завршуваат, помал дел се во фаза на реализација, а помал дел се отпочнуваат сега, така што јас би сакал уште еднаш да напоменам дека повеќе од 1.200 проекти веќе се реализираат на целата територија на државата. Мислам дека Македонија во моментот е претворена во едно големо градилиште, а тоа беше и целта на оваа Влада кога беше избрана, па во таа насока ќе продолжиме и понатаму. За следната година, преку ЗЕЛС, ги охрабруваме градоначалниците да подготвуваат проекти во зависност од можностите. Исто така, како Влада, планираме дел од средствата да ги децентрализираме од централниот буџет кон општините за да може уште повеќе проекти да се реализираат. Така што, еве, тоа коешто беше приоритет продолжуваме и понатаму да го реализираме. Уште еднаш честитки до градоначалничката за посветената работа, за сите оние во Советот коишто ја поддржуваат нејзината работа, а се разбира и до администрацијата, без којашто сите овие проекти е невозможно да се реализираат. Би сакал да ѝ се заблагодарам и на министерката за образование, како и на колегите од Владата коишто исто така го носат овој проект за финансирање проекти од Владата кон општините. Нека е со среќа и голем број спортисти, успешни репрезентативци и репрезентативки да излезат од оваа сала, коишто со гордост, достоинство и успешни резултати ќе ги бранат боите на Македонија.“- истакна премиерот Христијан Мицкоски.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ФудбалФото: Салах ќе живее како „султан“ во Турција: Доби вила со осум соби и шест бањи!Салах ќе живее како султан во Турција: Доби вила со осум соби и шест бањи! Но, тоа е само почетокот!Салах е воодушевен од вилата која ја доби од Трабзонспор, која се наоѓа на парцела од околу 975 квадратни метри. Клубот од средината на табелата во Турција успеа да го убеди досегашниот фудбалер на Ливерпул да дојде на брегот на Црното Море. Покрај големата сума пари, очигледно имале и дополнителни аргументи. Според турските медиуми, египетскиот ас добил луксузна вила во која ќе живее со своето семејство. Мохамед Салах избрал луксузна вила за себе и за своето семејство во Јалинџак, откако првите денови во Трабзон ги поминал во кралскиот апартман на еден од градските хотели. Турскиот портал „Хаберлер“ наведува дека фудбалерот бил воодушевен од вилата, која се наоѓа на парцела со површина од околу 975 квадратни метри. Станува збор за објект што располага со дури осум соби и шест бањи, но тоа е само дел од она што го нуди оваа луксузна куќа. Вилата располага со затворен базен, сауна, теретана и просторија наменета за биоскоп, а целиот објект е опремен со напреден систем за „паметен дом“. Приземјето на вилата зафаќа површина од 120 квадратни метри и вклучува кујна, дневна соба, гостинска соба и бања, како и балкон од 45 квадратни метри. На катот, кој исто така има површина од 120 квадратни метри, се наоѓаат три спални соби и три бањи, вклучувајќи ја и главната спална соба со сопствена бања и гардеробер. На истиот кат има и просторија за перење алишта, додека луксузните содржини продолжуваат и на долното ниво од куќата. Нивото кон градината зафаќа површина од 230 квадратни метри и таму се сместени некои од најинтересните содржини, како што се затворениот базен, сауната, теретаната и зимската градина. Тука се наоѓаат и работна соба, дневна соба и кујна, како и простории за складирање и помошни простории. Салах ќе има и простор наменет за забава, бидејќи на нивото на покривот, кое зафаќа 35 квадратни метри, е сместена посебна кино-сала. Ниту надворешниот простор не заостанува зад ентериерот на вилата. Предната градина зафаќа површина од 270 квадратни метри, додека долната градина се простира на 485 квадратни метри.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter