СветЕврокомисијата предложи пакет санкции кон Израел и ХамасСпоред Калас, копнената офанзива на израелските сили во градот Газа резултира со нова ескалација на конфликтот и дополнително ја продлабочи хуманитарната криза во Појасот. Европската комисија усвои предлог за делумна суспензија на трговските придобивки за Израел и за робустен пакет-санкции кон терористите од Хамас, екстремистичките министри во израелската Влада и кон насилните еврејски доселеници и субјекти кои ја поддржуваат неказнивоста на Западниот Брег, соопшти денеска високата претставничка на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика Каја Калас. - Сакам да бидам многу јасна. Целта не е да се казни Израел. Целта е да се подобри хуманитарната состојба во Газа, рече Калас на денешната прес конференција по седницата на Европската комисија. Според Калас, копнената офанзива на израелските сили во градот Газа резултира со нова ескалација на конфликтот и дополнително ја продлабочи хуманитарната криза во Појасот. - Сите земји членки се согласуваат дека состојбата во Газа е неодржлива, дека војната мора да заврши, дека страдањето мора да запре и сите заложници мора да бидат ослободени. Мора да ги искористиме сите средства што ни се на располагање за остварување на овие цели, додаде Калас. Таа нагласи дека вниманието не смее да биде одвлечено од опасниот развој на настаните на Западниот Брег, што ги намалува шансите за постигнување мировно решение по моделот за постоење на две држави – Израел и Палестина. Со одлуката, како што информира еврокомесарот за трговија и економска безбедност Марош Шефчович на прес-конференцијата, Комисијата му предлага на Советот на ЕУ суспендирање на одредени одредби од Договорот за асоцијација меѓу ЕУ и Израел поврзани со трговијата. Предлогот се базира на оценката дека преземените активности од страна на израелската Влада претставуваат прекршување на суштинските елементи поврзани со почитувањето на човековите права и демократските принципи од Членот 2 од Договорот. Според Комисијата, ова прекршување се однесува на влошената хуманитарна состојба во Газа по израелската воена интервенција, блокадата на хуманитарната помош, интензивирањето на воените операции и одлуката на израелските власти за населување на нови доселеници на Западниот Брег. Делумната суспензија на Договорот во пракса значи дека увозот од Израел ќе го изгуби својот преференцијален пристап до пазарот на ЕУ и на израелските стоки ќе им се наплаќаат царини на ниво што се применува за која било друга трета земја со која Унијата нема договор за слободна трговија. Овој предлог на Комисијата треба да биде одобрен Советот на ЕУ со квалификувано мнозинство. Иницијативата на ЕК содржи и предлози за воведување казнени мерки врз основа на Глобалниот режим на санкции за кршење на човековите права на ЕУ кон деветмина израелски министри и еврејски доселениците, како и кон 10 членови на Политичкото биро на Хамас. Овој предлог Советот на ЕУ треба да го одобри едногласно. Комисијата, исто така, донесе одлука и за замрзнување на својата билатерална поддршка за Израел, со исклучок на помошта за граѓанското општество и Меморијалниот центар на Холокаустот „Јад Вашем“. Оваа одлука се однесува на сите планирани финансирања од 2025 до 2027 година, како и на тековните проекти за институционална соработка и на програмите во рамките на Регионалниот механизам за соработка меѓу ЕУ и Израел. Според еврокомесарката за Медитеранот, Дубравка Шуица, со оваа одлука се замрзнува целата билатерална финансиска поддршка од ЕУ за израелската Влада. Таа нагласи дека ЕУ продолжува да се залага за решението за две држави и за таа цел за следните две години ќе издвои 1,6 милијарди евра за реформи на палестинските територии. - Сепак, самото финансирање не е доволно, рече Шуица на прес-конференцијата, најавувајќи одржување донаторски собир за Палестина, како платформа за насочување на напорите на регионалните и меѓународните партнери за поддршка на Палестинците.Тагови: Израел Хамас Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЛице со целосно слепило дискриминирано од страна на стручна комисија, му била намалена помошта15:0122. издание на Виз Ер Скопски маратон урна рекорди кои досега беа недостижни13:59Скопје пулсира во маратонски ритам - Ристовски: Скопскиот маратон е спортски настан кој ја става Македонија на светската мапа09:54Се одржува „Виз Ер Скопски маратон 2026“, посебен сообраќаен режим во Скопје09:11Дијалог со Софија па патоказ за ЕУ- дали Скопје и Софија ќе најдат решение за деблокада на европскиот пат?15:05
Скопје пулсира во маратонски ритам - Ристовски: Скопскиот маратон е спортски настан кој ја става Македонија на светската мапа09:54
Дијалог со Софија па патоказ за ЕУ- дали Скопје и Софија ќе најдат решение за деблокада на европскиот пат?15:05
СветНикарагва одлучи да го раскине договорот од 1987 годинаМинистерството за надворешни работи на Никарагва објави дека земјата се повлекува од Централноамериканскиот парламент.Како што соопшти Министерството вчера, „остварувајќи го своето суверено право“, Никарагва одлучи да го раскине договорот од 1987 година со кој беше формиран парламентот за шест централноамерикански држави, одлуката стапува на сила веднаш, пренесува Ројтерс. Владата на Никарагва не одговори на барањето за коментар. Овој потег уследи еден ден откако Организацијата на американските држави (ОАД) усвои резолуција со која се повикуваат властите во Никарагва да ги ослободат политичките затвореници и да ги вратат граѓанските слободи. Никарагва ја напушти ОАД во 2023 година, тврдејќи дека оваа дипломатска организација станала инструмент на интервенционизмот на САД. Земјата, исто така, во 2025 година објави дека ќе се повлече од Советот за човекови права на ОН, по извештајот на Обединетите нации во кој меѓународната заедница се повикува да реагира на кршењето на човековите права во земјата. Политичка криза во Никарагва Никарагва се наоѓа во состојба на политичка криза од април 2018 година, кога полициските сили ги задушија масовните протести, притоа загинаа повеќе од 350 луѓе, околу 2.000 беа повредени, а илјадници беа уапсени или избегаа од земјата. Владата на Никарагва, предводена од претседателот Даниел Ортега и неговата сопруга Росарио Муриљо, минатиот јули објави дека земјата повеќе нема да одржува избори. Ортега е на власт во континуитет од 2007 година, откако претходно ја извршуваше функцијата претседател во 80-тите години на минатиот век. Извор: Б92Тагови: Никарагва Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветТрамп именуваше пратеник за затворениците: „Тој врати 65 Американци од Белорусија“Американскиот претседател Доналд Трамп денеска објави дека адвокатот и актуелен пратеник за Белорусија, Џон Коул, ќе биде негов специјален претседателски пратеник за прашања поврзани со затвореници.Белорускиот претседател Александар Лукашенко минатиот месец помилува 15 затвореници по разговорите со Коул, кој повеќе од една година преговара со Минск. „Во текот на изминатата година, Џон веќе обезбеди враќање на повеќе од 65 Американци и државјани на сојузнички земји од Белорусија и договори ослободување на повеќе од 800 политички затвореници од неколку источноевропски земји“, објави Трамп на својата социјална мрежа „Truth Social“. Коул ќе го замени Адам Болер, за кого Трамп рече дека вратил 196 заложници. Болер, кој во август помогна да се обезбеди ослободување на поранешен американски маринец од Русија, ќе продолжи да помага околу други прашања како виш советник, додаде Трамп.Тагови: Доналд Трамп Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЛице со целосно слепило дискриминирано од страна на стручна комисија, му била намалена помошта15:0122. издание на Виз Ер Скопски маратон урна рекорди кои досега беа недостижни13:59Скопје пулсира во маратонски ритам - Ристовски: Скопскиот маратон е спортски настан кој ја става Македонија на светската мапа09:54Се одржува „Виз Ер Скопски маратон 2026“, посебен сообраќаен режим во Скопје09:11Дијалог со Софија па патоказ за ЕУ- дали Скопје и Софија ќе најдат решение за деблокада на европскиот пат?15:05
Скопје пулсира во маратонски ритам - Ристовски: Скопскиот маратон е спортски настан кој ја става Македонија на светската мапа09:54
Дијалог со Софија па патоказ за ЕУ- дали Скопје и Софија ќе најдат решение за деблокада на европскиот пат?15:05
МакедонијаСерафимовски: Како министерство сериозно сме засегнати за решавање на проблемитеМинистерството за земјоделство, шумарство и водостопанство сериозно е засегнато за решавање на проблемите во делот на пласманот, производството и цената на оризот, порачал ресорниот министер Борче Серафимовски.Тој денеска во Горни Подлог присуствувал на традиционалното зажетнување со срп на 35. издание на манифестацијата „Денови на кочанскиот ориз“.Тагови: Борче Серафимовски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter