СветЕврокомисијата предлага создавање „Воен Шенген“ и трансформација на одбранбената индустрија на ЕУ - Заедно, градиме Европа која цврсто стои против секој предизвик, порача Хена Виркунен по повод презентацијата на двата документи. Европската комисија денеска промовираше нова Предлог- регулатива за воена мобилност и заедничка комуникација, која има за цел да овозможи побрзо и непречено движење на трупите, опремата и воените средства низ Европа, како и Патоказ за трансформација на одбранбената индустрија на ЕУ, насочен кон поттикнување на револуционерни иновации во воениот сектор и зајакнување на европската одбранбена индустрија. - Заедно, градиме Европа која цврсто стои против секој предизвик, порача извршната потпретседателка на Европската комисија за технолошки суверенитет, безбедност и демократија Хена Виркунен по повод презентацијата на двата документи. Според неа, со пакетот за воена мобилност на ЕУ, се поставуваат темелите за побезбедна и поповрзана Европа, преку обезбедување на брзо и непречено движење на војници и опрема низ целиот континент. - Со лекциите научени од Украина, Патоказот за трансформација на европската одбранбена индустрија ќе ги забрза иновациите и соработката, држејќи ја Европа на чело на технолошкиот напредок и стратешката подготвеност, рече извршната потпретседателка на ЕК. Виркунен истакна дека земјите кандидати за членство кои се членки на НАТО, ќе имаат ист третман во примената правилата за воена мобилност како и државите на Унијата, доколку се спроведува операција на Алијансата на територијата на ЕУ. Висока претставничка на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика Каја Калас истакна дека брзото движење на европските војски е од суштинско значење за одбраната на Европа. - Подготвеноста за одбрана, фундаментално зависи од тоа дали можете да ги однесете вашите тенкови и војници таму каде што ви се потребни и кога ви се потребни, рече Калас. [Сакам да бидам многу јасна. Целта не е да се казни Израел. Целта е да се подобри хуманитарната состојба во Газа, рече Калас на денешната прес конференција по седницата на Европската комисија.] Затоа, според неа, Еврокомисијата денеска предлага „систем за итни случаи“ за прекуграничен воен транспорт и иницијатива за здружување на транспортот на земјите членки за да се олесни движењето на војниците низ целиот континент. - Европа се соочува со невидени безбедносни закани. Аргументите за подобра воена мобилност не може да бидат појасни, истакна Калас. Според еврокомесарот за одбрана и Вселената, Андриус Кубилиус на силна Европа и е потребна и адаптивна и иновативна одбранбена индустрија и способност да ги движи брзо своите сили и опрема. - Регулативата за воена мобилност во пакетот предлага начини за значително намалување на бирократскиот товар и временските рамки за движење на воените трупи и нуди нови решенија за пристапност до средства за мобилност со двојна употреба кога ќе биде потребно, рече Кубулиус. Тој нагласи дека целта на овој предлог е воспоставување на „Воен Шенген“, односно област за воена мобилност низ целата ЕУ до 2027 година, што би овозможило ефикасно движење на воениот транспорт, споделување на опрема меѓу земјите членки и нивно меѓусебно помагање во итни ситуации. Кубулиус додаде дека дополнително Патоказот за трансформација на одбранбената индустрија ја забрзува транзицијата на Европа кон помодерен, динамичен и иновативен одбранбен екосистем. - Така ја претвораме индустриската сила во оперативна подготвеност и осигуруваме дека Европа може да се движи како една, со брзина и координација на нашите безбедносни барања, рече Кубулиус. Еврокомесар за одржлив транспорт и туризам Апостолос Ѕиѕикостас истакна дека воената мобилност претставува решавачки чекор во зајакнувањето на способноста на Европа да одговори на секоја безбедносна криза или закана. - Се потпираме на најголемата транспортна сила во Европа, Трансевропската транспортна мрежа, која е основа на воената мобилност за брз и непречен транспорт на војници и воена опрема. Ова е инвестиција во безбедноста и во економијата на Европа, рече Ѕиѕикостас. Според него, со овој пакет ЕУ не сака војна, туку мир, но за да обезбеди мир, таа мора да биде подготвена за војна. Со Предлог-регулативата се предвидува воведување на хармонизирани правила на ниво на ЕУ за воена мобилност и поставување јасни правила и процедури за прекугранични воени движења, создавање на нов Европски систем за подобрен одговор за воената мобилност (ЕМЕРС), надградување на клучните транспортни коридори и заштита на стратешката инфраструктура, како и формирање на Група за транспорт за воена мобилност и зајакнување на Комитетот на Трансевропската транспортна мрежа ТЕН-Т. Патокззот за трансформација на одбранбената индустрија, пак, предвидува обезбедување иновации за одбранбената подготвеност и забрзување на модернизацијата на европската одбранбена индустрија, со цел поттикнување на употреба на напредни технологии во воените капацитети и зголемување на европските производствени капацитети. - Руската воена агресија на Украина покажа колку брзо се развиваат одбранбените технологии. Иновациите, како што се вештачката интелигенција, квантните системи, дроновите и вселенските технологии го преобликуваат бојното поле. Новите одбранбени актери, од стартапи до иновативни мали и средни претпријатија, го менуваат начинот на кој Европа развива и произведува воени капацитети. Европа мора да учи од искуството на Украина, да ја зајакне својата отпорност и да изгради нов одбранбен екосистем што ги обединува лидерите во индустријата, новите иноватори и технолошката заедница за побрзо и поефикасно испорачување капацитети, се наведува во образложението на Европската комисија на двата предлози. Во следната фаза, Европската комисија ќе ја презентира новата Регулатива за воена мобилност пред на Советот на ЕУ и Европскиот парламент и ќе им предложи нејзино усвојување согласно вообичаената законодавна процедура. Кога станува збор пак за Патоказот за одбранбената индустрија, Еврокомисијата веднаш ќе започне со негова реализација предлагајќи активности за трансформација на европскиот одбранбен индустриски екосистем и за негово проширување. Тагови: ЕУ Шенген Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЕвропаДемонстрации и во Швајцарија-барикади, судири со полиција..Синоќа, во Цирих и Базел, Швајцарија избија немири за време на неодобрени демонстрации, при што демонстрантите палеле барикади и се судириле со полицијата. Во Цирих, неколку стотици луѓе се собрале во близина на улицата Лангштрасе и плоштадот Хелветија. Според градската полиција, демонстрантите почнале да се собираат околу 22:30 часот, а некои од нив носеле маски за Ноќта на вештерките. Учесниците на неодобрениот протест направиле барикади од контејнери за ѓубре, електрични тротинети и други предмети, а потоа ги запалиле. Zurich: Clashes in the city. Under the slogan «We are fed up» and citing the unrest in Europe, mostly hooded individuals are rioting. Police deploy water cannons, tear gas, and rubber bullets to bring situation under control. #SchoolProtests #StudentProtests https://t.co/MvWXWUWfT6 — LIVE1 (@LIVE1TV) November 1, 2026 Според полициското соопштение, група насилни демонстранти ги нападнале полициските службеници со пиротехнички средства, камења и шишиња. Полицијата одговорила со употреба на водени топови, солзавец и гумени куршуми. Во споредните улици дошло до нови судири со полицијата. Оштетени биле прозорци и инвентар, вклучително и прозорците на станицата за јавен превоз „Штауфахер“ (Stauffacher), како и излозите во близина на плоштадот „Хелветија“ (Helvetia). На улицата „Цвинглиштрасе“ (Zwinglistrasse) бил запален автомобил. Нешто по полноќ, група демонстранти нападнала и полициска патрола, која била повикана да интервенира поради повредено лице. Полициското возило било оштетено, а полицајците морале да застанат на страна пред да успеат да му помогнат на повредениот тинејџер. Од полицијата изјавија дека интервенциите биле дополнително отежнати од бројни набљудувачи, од кои некои фотографирале пред луѓе што активирале пиротехнички средства или пред запалени барикади. Ситуацијата главно се смири околу 01:30 часот по полноќ. Висината на причинетата материјална штета сè уште не е утврдена.Тагови: демонстранти Швајцарија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиДИК: Излезноста на локалните избори во Брвеница до 13 часот е 27.81 %.13:24Претежно облачно со повремени врнежи од дожд, локално пообилни09:06НБРМ: Банкарскиот систем е стабилен и отпорен, а сите банки во земјава се под непосреден супервизорски надзор15:00ЈО: Се бара нов краткотраен притвор од 48 часа за осомничените за разбојништвата со смртни последици во Ѓорче11:48Признание пред судот: Дашковски ја призна вината за палењето на дипломатските возила - дејствувал сам без туѓо влијание15:00
НБРМ: Банкарскиот систем е стабилен и отпорен, а сите банки во земјава се под непосреден супервизорски надзор15:00
ЈО: Се бара нов краткотраен притвор од 48 часа за осомничените за разбојништвата со смртни последици во Ѓорче11:48
Признание пред судот: Дашковски ја призна вината за палењето на дипломатските возила - дејствувал сам без туѓо влијание15:00
БалканБугарија избира претседател: Илијана Јотова и Андреј Ѓуров во вториот круг Во Бугарија се одржуваат избори на кои граѓаните на земјата ќе го изберат својот седми претседател. Кандидати се Илијана Јотова, вршител на должноста претседател на Бугарија, и Андреј Ѓуров, поранешен привремен премиер и поранешен гувернер на Централната банка на Бугарија. Во првиот круг од изборите, одржан пред една недела, ниту еден од 27-те претседателски кандидати не ја обезбеди поддршката потребна за победа во првиот круг, пренесува БТА. Според Централната изборна комисија на Бугарија, право на глас имаат речиси 6,6 милиони граѓани, а 9.373 избирачки места ќе бидат отворени од 07:00 до 20:00 часот по локално време. Гласачите исто така ќе гласаат и за кандидати за потпретседател. Кандидат за потпретседател во тимот на Илијана Јотова е Кирил Влчев; тие ја уживаат поддршката на владејачката партија „Прогресивна Бугарија“ и на Социјалистичката партија. Кандидат за потпретседател во тимот на Андреј Ѓуров е Георги Кандев; тие се поддржани од прозападните опозициски сили. ЦИК ќе ги објави конечните резултати од претседателските и потпретседателските избори во рок од три дена по гласањето.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ТехнологијаРусија гради огромен радар во Калининград, ќе може да ја следи речиси цела ЕвропаРусија е сè поблиску до активирање на своето „ново око“ над Европа. Според медиумските извештаи, изградбата на огромен радарски комплекс во Калининград – руска област со силно воено присуство – е речиси завршен, пишува „Дојче веле“. Гледано од воздух, трите крака на овој простран комплекс, од кои секој е долг повеќе од 500 метри, изгледаат како трага оставена од некоја вонземска форма на живот среде инаку недопрена шума. Објектот, исто така, би можел да се спореди со платформа за слетување или лансирање, наменета за широката разузнавачка мрежа на Москва. Безбедносниот аналитичар Вајдотас Малинионис вели дека радарот е толку голем што може да „гледа“ зад закривеноста на Земјата. Еден поранешен литвански командант изјави за „Дојче веле“ дека радарскиот систем за надзор преку хоризонтот (OTH), кој се гради во близина на Гвардејск, ќе има домет од околу 3.000 километри. Ова би ѝ овозможило на Москва да ја контролира речиси цела Европа, како и целата територија на Украина. Според извештаите, системот би ѝ овозможил на Русија да пресретнува сателитски комуникации и да го детектира движењето на летала и балистички ракети. „Целта и намената на овој радар е набљудување на цели на големи растојанија и можност за рано предупредување. Сè уште не знаеме дали тој е оперативно способен да ги извршува тие задачи, но секако е во фаза на изградба“, додаде тој. Според „Тајмс“, ICEYE смета дека проширувањето на рускиот систем за надзорни радари со дострел зад хоризонтот покажува оти Калининград се развива во центар за напредни воени сензори и системи за електронско војување. „Новиот радар укажува на засилување на конкуренцијата меѓу Русија и НАТО за воена надмоќ и контрола врз Калининградската област“, истакна летонскиот геополитички аналитичар Евија Џатковица.Тагови: русија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook