Изборните анкети во Србија без конкретен фаворит- предвидуваат победа и за Вучиќ и за студентската листа
Лишени од слобода 12 возачи за „безобѕирно управување со моторно возило“, 10 возеле без положен возачки испит
1Изборните анкети во Србија без конкретен фаворит- предвидуваат победа и за Вучиќ и за студентската листа
2Лишени од слобода 12 возачи за „безобѕирно управување со моторно возило“, 10 возеле без положен возачки испит
3Голем пресврт: Азија го поддржа Инфантино, се очекува негова победа на изборите за претседател на ФИФА
МакедонијаЕврокомесарот Вархеји на средби во Бугарија за ветото кон МакедонијаБугарија очекува политичка волја за надминување на разликите со Македонија – ова било соопштено од бугарскиот државен врв на средбите со еврокомесарот Оливер Вархеји кој пристигна во ненадејна посета на Софија...Бугарија ја поддржува интеграцијата на Западен Балкан во ЕУ, но од Македонија очекува политичка волја за надминување на разликите. Ова стои во соопштенијата на бугарскиот претседател и министер за надворешни работи кои денеска се сретнаа со еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји. По средбата со шефот на бугарската дипломатија Светлан Стоев, од неговиот кабинет соопштуваат дека политиката на официјална Софија кон земјава останува на позициите од декларацијата усвоена од бугарското собрание во 2019та. „Бугарија останува доследна во поддршката за европскиот пат на земјите од Западен Балкан, вклучително и Македонија. Водени од оваа позиција, вложивме сериозни напори да одржуваме отворен и целосен дијалог со нашите соседи и да ја вратиме довербата во односите меѓу нас“...порачал Стоев. Од кабинетот на Румен Радев пак наведуваат дека Бугарија очекува ефективна акција од институциите на ЕУ за почитување на човековите права во Македонија додавајќи дека 120 илјади бугарски државјани во земјава, се и државјани на ЕУ. За евроинтеграциите пак Радев порачал: „Бугарија е најзаинтересирана да ги види своите соседи во Европската унија, но за тоа е потребно целосно исполнување на Копенхашките критериуми за членство на Македонија, особено почитување на човековите права и принципите на добрососедство, кои се во срцето на Европска соработка.“ Во изминативе неколку месеци официјалната комуникација Скопје – Софија беше намалена со оглед на тоа што и по два изборни циклуси во Бугарија не беше составена политичка влада. Додека траат обидите за надминување на спорот, бугарскиот заменик -регионален министер Захари Христов објави дека 30 милиони евра од Европската унија ќе бидат инвестирани во развојот на пограничните региони на двете земји. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
БалканИзборните анкети во Србија без конкретен фаворит- предвидуваат победа и за Вучиќ и за студентската листа Мртва трка со само неколку проценти предност за партијата на Вучиќ, односно за Студентската листа, предвидуваат изборните анкети на ден пред изборите во Србија. Според „Нова српска политичка мисла“ , Студентската листа е во предност за 2 процента пред Вучиќ или 44,5 наспрема 42,7 проценти. ИПСОС , пак предвидува победа на Вучиќ со предност од 7,4 проценти пред Студентската листа или 47,4 наспрема 40 проценти. Вонредните парламентарни избори во Србија, кои ќе се одржат на 25 октомври, ќе бидат 15-ти парламентарни избори во таа земја од 1990 година, а воедно и јубилејни, десетти вонредни избори. Право на глас имаат околу шест и пол милиони гласачи, кои ќе изберат 250 претставници во српскиот Парламент. Според политичките проценки, ова се најважните парламентарни избори во Србија од падот на Слободан Милошевиќ во октомври 2000 година. Главната битка се води помеѓу две листи - онаа на Александар Вучиќ и студентската листа, која во моментов е негов најголем противник. Вучиќ се обидува со овие избори да ја врати премиерската функција и на тој начин да остане на власт, која ја држи од 2012 година. Ова се и првите избори на кои Вучиќ не е фаворит и на кои студентската листа има големи шанси за победа. Секако, конечната пресуда ќе ја дадат гласачите, а многу ќе биде познато веќе во недела навечер, по 20 часот, кога ќе бидат објавени првите резултати. Доколку по овие избори во Србија се формира нова влада, тоа ќе биде 21-ва влада по ред од 1990 година.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСамо уставните измени или и акцискиот план за малцинствата – кои се условите за Македонија да ги почне преговорите со ЕУ?15:38Мицкоски: Честит Ден на македонската револуционерна борба!21:16Мицкоски: Македонија го минува најдолгиот и најтешкиот пат кон ЕУ15:05Мицкоски: Мојата задача како премиер не е да се занимавам со коски кои припаѓаат на минатото13:59Мицкоски: Нека ни е честит 23 Октомври - Денот на македонската револуционерна борба13:39
Само уставните измени или и акцискиот план за малцинствата – кои се условите за Македонија да ги почне преговорите со ЕУ?15:38
Црна хроникаЛишени од слобода 12 возачи за „безобѕирно управување со моторно возило“, 10 возеле без положен возачки испит Во текот на изминатото деноноќие, на различни локации во државата, полициски службеници лишија од слобода 12 возачи поради сторено кривично дело „безобѕирно управување со моторно возило“ .Во текот на изминатото деноноќие, на различни локации во државата, полициски службеници лишија од слобода 12 возачи поради сторено кривично дело „безобѕирно управување со моторно возило“ по член 297-а од Кривичниот законик. Од нив, 10 управувале возило без положен возачки испит и тоа: Д.Г.(20) и К.Д.(23), И.Ш.(28), С.Т.(20) сите од Скопје, Р.Ш.(22) од с.Морани, скопско, А.В.(20) од с.Радишани, скопско, Љ.М.(59) од с.Ресава, кавадаречко, Н.Ј.(35) од с.Слупчане, Општина Липково, и А.А.(18) од Прилеп и Д.К.(18) од с.Тополчани, прилепско. Со активна мерка - забрана возило управувале Д.Ќ.(47) од Велес и М.Б.(30) од Крушево. По целосно документирање на случаите, ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да не управуваат возило без положен возачки испит или доколку имаат изречена мерка за забрана за управување или доколку се под дејство на алкохол и сите заеднички да придонесеме за побезбеден сообраќај, соопшти МВР. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСамо уставните измени или и акцискиот план за малцинствата – кои се условите за Македонија да ги почне преговорите со ЕУ?15:38Мицкоски: Честит Ден на македонската револуционерна борба!21:16Мицкоски: Македонија го минува најдолгиот и најтешкиот пат кон ЕУ15:05Мицкоски: Мојата задача како премиер не е да се занимавам со коски кои припаѓаат на минатото13:59Мицкоски: Нека ни е честит 23 Октомври - Денот на македонската револуционерна борба13:39
Само уставните измени или и акцискиот план за малцинствата – кои се условите за Македонија да ги почне преговорите со ЕУ?15:38
ЕвропаГолема рација во Италија- полицијата врши претреси во повеќе градови поради насилните протести Италијанската полиција изврши повеќе од 150 претреси во Милано, Монца и уште 20 градови, главно во Ломбардија, како дел од истрагата започната по немирите од минатиот викенд со кои се бори Италија, објави Анса.Италија се соочува со голем тест - за денес се планирани десетици протести. Италијанската влада во среда усвои декрет за итни мерки за зачувување на јавната безбедност и борба против малолетничкиот криминал, по неодамнешните демонстрации и насилни судири во Милано. Мерките предвидуваат превентивно притворање на малолетници, построги казни за организирано насилство и распоредување на дополнителни 500 војници на улиците на градот. Според новите правила, се воведува претпоставка за здрав разум за малолетници кои наполниле 14 години, што значи дека ќе се сметаат за способни да го разберат значењето на своите постапки и да ги управуваат, освен ако не се докаже спротивното.Тагови: италија протести Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter